Не ми ја покажува целосната меморија на лаптоп

  • Креатор на темата Креатор на темата arizanov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 ноември 2010
Мислења
70
Поени од реакции
10
Имам 3GB RAM меморија на мојот лаптоп кој е 6 години стар. Никогаш сум немал никаков хардверски проблем, а секогаш самиот сум си поправал ако било софтверски проблем.
Пред 2 месеца за првпат го однесов на сервис бидејќи портот за полнење стана лабав а тоа е нешто што јас неможев да го поправам/заменам а и не сакав да го отаварам лаптопот пошто и така не знам да поправам хардверски проблеми.
Во последниот месец лаптопот ми стана неверојатно slow и онака случајно проверив и ми кажува во Installed memory (RAM) дека имам 2GB меморија.
Дали е можно да ми имаат извадено 1GB меморија кога лаптопот ми беше на сервис или имам некој проблем па не ми ја покажува целата меморија? Инаку имам Windows 7. HDD ми е 500GD.
Ваши искуства?
Благодарам однапред
 
Последно уредено:
Најубаво е првин да видиш во BIOS, или некое програмче како Everest. Мада многу малку веројатно, не верувам дека постојат такви будали да крадат RAM :(
 
Секако дека постојат. Мада мислам дека порано беше актуелно ова. Има логика, не постои плочка од 3 гб , логично е да 2+1 и да ја искарале таа 1-та.
 
Најубаво е првин да видиш во BIOS, или некое програмче како Everest. Мада многу малку веројатно, не верувам дека постојат такви будали да крадат RAM :(

И во BIOS ми кажува 2GB. Не сакам да верувам дека ми ја извадиле, пошто сервисер во Америка е. Ке одам пак за месец дена и ке им опнам тужба тогаш ако проверам дека ми е извадена.
 
Најдобро да си отвориш лаптопот, РАМ-от ти е веднаш по првото пластиче. Само штрафцигер (секако доколку не ти е на гаранција), и одма гледаш колку плочки се. Ако е една (како што кажа погоре членот- не постои од 3gb рам една плочка) тогаш те поебале. Ако се две, можно е пак да те поебале - и да ти ставиле од 1GB. Значи провери си во Everest, отвори лаптоп и тоа е тоа.
 
Во Everest исто ми кажува дека е 2GB :( Неубо
 
Последно уредено:
Во Everest исто ми кажува дека е 2GB :( Неубо
Не, тоа нормално дека ќе ти покажува така - чим во BIOS е така. Него, провери во Everest колку плочки имаш. Дали е една или две (ако регистрира една и има две знаеш што е проблемот). Види тоа, и отвори го со штрафцигер и види си, и крај на мистеријата :D
 
Оперативниот систем ти е windows 7 x64(64 бит-ен) или x86 (32 бит-ен)?
Некогаш овој 32 битниот не го „адресира“ целиот рам.
Ова посебно кај 7 мицата. win 7 32 bit кај мене покажуваше 2.3 гб а имам 3 гб.
И кај 8 мицата 32 бит е така само што овој барем си покажува дека има вкупно 3гб, но може да се користи само 2.3гб.
Кај win 7 и win 8 64 бит, адресиран е целиот рам. Таск менаџерот си кажува 3 гб од кој 3гб е адресиран.

Најдобро провери колку „битен“ ти е windows оперативниот систем. Стави линукс bootable цд/usb и покрени го само од cd/usb види таму колку кажува.
Крајно како што кажаа, извади ја преклопката и види дали се две плочки рам. Макар да, не се сејкавам дали на плочкките имаше напишано колку рам содржат.
 
Последно уредено:
Мислам дека имам видено да пишува. Ако не си со гаранција, отвори го капакот и види си сам (ако капакот се отвара со шрафови, google за guide. )
 
не чепкај ништо, оди у америка, тужи ги за 10 милиони и после купи си лаптоп со 64ГБ рам
 
Оперативниот систем ти е windows 7 x64(64 бит-ен) или x86 (32 бит-ен)?
Некогаш овој 32 битниот не го адресира целиот рам. (Дали не го користи или го користи ама не го покажува незнам)
Ова посебно кај 7 мицата. win 7 32 bit кај мене покажуваше 2.3 гб а имам 3 гб.
И кај 8 мицата 32 бит е така само што овој барем си покажува дека има вкупно 3гб, но може да се користи само 2.3гб.
Кај win 7 и win 8 64 бит, адресиран е целиот рам. Таск менаџерот си кажува 3 гб од кој 3гб е адресиран.

Најдобро провери колку „битен“ ти е windows оперативниот систем. Стави линукс bootable цд/usb и покрени го само од cd/usb види таму колку кажува.
Крајно како што кажаа, извади ја преклопката и види дали се две плочки рам. Макар да, не се сејкавам дали на плочкките имаше напишано колку рам содржат.

win 7, 32бит-ен ми е. Ок, во случај да не го адресира целиот рам дали сепак си работи и јас можам да си ги користам сите 3гига или штом не ги адресира исто како да имам 2гига?
 
32 битен windows може да адресира и до 3.5ГБ рам, не е проблемот до оперативниот. во еверест во motherboard> SPD види колку модули имаш и кој капацитет се.
дали е еден од 2гб или два од по 1гб.
 
Проблемот ти е софтверски најверојатно. Еверест податоците ги црпи од кернелот на windows оперативниот систем. Таа да ако такс менаџерот вели дека се 2гб тогаш и во еверест тоа ќе го кажува.
малце нејасно се изразив прееска за адресирањето мееморија.
Секој windows го адресира рамот целосно. Но дел од адресираната меморија од рамот (без разлика колку рам имаш) е резервирана за користење од page files, или пак хардверски уреди инсталирани на матичната. Пример интегрирана графичка (иако има сопствена меморија), звучна картичка, мрежна картичка итн и оваа резервирана меморија не може оперативниот систем да ја користи.
Оваа меморија ти е пресметана во тие 1 гб што ги губиш.
Исто така и win 7 ти ограничува колку RAM можеш да корисиш и видиш. Тоа зависи од верзијата на win7 што ја користиш (win 7 32bit Starter може макс 2 GB да адресира вкупно за користење како главна меморија, останатите можат до 4 GB)
 
Баш во матичната кај SPD не ми дава ништо моментално, празно е[DOUBLEPOST=1433081120][/DOUBLEPOST]
Проблемот ти е софтверски најверојатно. Еверест податоците ги црпи од кернелот на windows оперативниот систем. Таа да ако такс менаџерот вели дека се 2гб тогаш и во еверест тоа ќе го кажува.
малце нејасно се изразив прееска за адресирањето мееморија.
Секој windows го адресира рамот целосно. Но дел од адресираната меморија од рамот (без разлика колку рам имаш) е резервирана за користење од page files, или пак хардверски уреди инсталирани на матичната. Пример интегрирана графичка (иако има сопствена меморија), звучна картичка, мрежна картичка итн и оваа резервирана меморија не може оперативниот систем да ја користи.
Оваа меморија ти е пресметана во тие 1 гб што ги губиш.
Исто така и win 7 ти ограничува колку RAM можеш да корисиш и видиш. Тоа зависи од верзијата на win7 што ја користиш (win 7 32bit Starter може макс 2 GB да адресира вкупно за користење како главна меморија, останатите можат до 4 GB)
ОК, чаре има?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom