Каде сте македончиња...

  • Креатор на темата Креатор на темата lazar31
  • Време на започнување Време на започнување
Не треси глупости,низ цел свет има такви закони,иди кај нашиот мил Грчки сосед,кој е нели во ЕУ и има традиција цивилизација и 300 курови,да видиш како ги третираат.

У кратки црти,ги фаќаат кај нив,ги тепаат дур не проплукаат крв,и ни ги пуштаат нас преку граница.Пошто се егејци,ова де,демократи,па нејќат да им се на товар,и онака се во долгови преку гуша.

Жално е за тие луѓе,но ЕВРОПА налага такви закони,а не НИЕ.А ние,МОРА да слушаме.Зошто ? затоа што меѓу тие наивни фаци,од 1000 души,се кријат 5 души исисовци,кои се претња за европа па и за балкан.Поради тие работи,европа и САД налагаат ригорозни закони.Не смееш да ги превезуваш,да им зимаш пари со ветување дека ќе стигнат до посакуваната дестинација и слично,ама да им дадеш вода или облека или храна,нема причина да те казни.
Со мнозина од бегалците имам разговарано и никој се нема пожалено дека бил претепан во Грција ниту на нив има некакви видливи траги на насилство. Грците не се замараат со нив, едноставно ги пуштаат да поминат. Прават чат пат по некоја акција и ги апсат колку да замачкаат одчи на германците а потоа пак ги пуштаат на нашата граница. Ние ги апсиме и ги враќаме во грција. И се така во круг додека не поминат или не умрат. Тие од ИСИС најверојатно не одат пеш и тешко дека ние ке уапсиме некој таков. Бебињата, децата и нивните мајки сигурно не се од ИСИС.... Не се сложувам со тоа МОРА да слушаме а ако неког гомнар пандур не се гребе за чинови Германија сигурно нема да дознае дека некои мигранти се извозиле во возот или јас сум ги префрлил со колата до Куманово.... за се има начин ако се сака
 
До италија бре кое табановце.Или германија така нешто беше,до западна земја стигнал со точакот,тие пешки стигаат а не па точак да му дадеш.
.
Да бе, сега го гледав пак, до Германија стигнал :confused: Колку и да е сериозна тема, како ми дојде едно :pos:
 
Со мнозина од бегалците имам разговарано и никој се нема пожалено дека бил претепан во Грција ниту на нив има некакви видливи траги на насилство. Грците не се замараат со нив, едноставно ги пуштаат да поминат. Прават чат пат по некоја акција и ги апсат колку да замачкаат одчи на германците а потоа пак ги пуштаат на нашата граница. Ние ги апсиме и ги враќаме во грција. И се така во круг додека не поминат или не умрат. Тие од ИСИС најверојатно не одат пеш и тешко дека ние ке уапсиме некој таков. Бебињата, децата и нивните мајки сигурно не се од ИСИС.... Не се сложувам со тоа МОРА да слушаме а ако неког гомнар пандур не се гребе за чинови Германија сигурно нема да дознае дека некои мигранти се извозиле во возот или јас сум ги префрлил со колата до Куманово.... за се има начин ако се сака
Само ти мисли дека нема да дознаат западњаците.Нема да дознае за 10 души,ама државава месечно ја поминуваат илјадници,пушти ги сите да поминат,и мислиш нема да речат горе,абе чекај малку што кур прават овие ?

За ИСИС и те како ќе идат пешки,тие не се водат по логиката или паметот,туку по идеологијата,а за нив тоа е света работа,и нема никаква пречка за таа цел.Демек мачно ќе им е да одат пеш,ама да умрат не им е мачно,а ? :D нема врска тоа што го кажуваш,на граница тешко дека ќе го пуштат некој таков,мада и тешко е да се открие ама еве да речеме дека може да се открие,мислиш ќе фати лет и ќе слета на аеродром ? не,туку ќе се протне низ тие луѓе,ќе помине не запазено пошто околу него има жена со дете(види едуцирај се како одат нашиве од балканов и Македонија во сирија,ирак,зимаат со нив цели фамилии) и ете ти го во Македонија.Таквите обично ако му е целта нашава држава,тука има подржувачи и потпомагачи,па откако ќе влезе тука они го превземаат и го кријат по нивни села,мислам,ништо ново.Ако не,продужуе нагоре,а и европа е преплавена со такви муџахединовци и терористи,само кога ќе добијат зелено светло,сите што бегаат од тука горе,пошто сме вукојебина и не сигурна држава,ќе се чудат што ги снашло,мада тогаш цела европа ќе биде срање а ние како и секогаш ќе го јадеме најдебелиот крај.
 
Кај да се бе пријател, сите се скриени под сукњите на жените, ете таму се.
Стравот кој ни го втераа во коски овие гомнава кои се мењаат на 10 години не направи да се испокараме меѓу себе и за личен интерес да се тастаме и шпиунираме. Зошто знаеш овде е бетер од џунгла реално. Мислам дека и низ Африка животните си имаат подобар ред поставено. Да паднеш на улица да ти се слоши ќе те остават од што тој страв им ја истера човечноста која сите ја имаа. Добар ден, здраво не постои повеќе.
Немаштијата додатно заеба работа. Вака не било ни за време на општествените силувања и асимилации, башка тогаш немале ништо а пак биле појаки се држеле. Денес гледаат чопор да се бутнат таму зошто немаат глас да викнат сами, ќе го јадат одма од околината која ни сама не знае кај тера.
Имигрантиве сум ги сретнал кај мене на патека поред пруги (К.В.), мирни луѓе иако на прв поглед личат ко чета на Исис која мислиш ќе те кастрира па жив ќе те запали. Ама јбг, стравот влеан ти вели бегај, батали ги, ќе наебеш. А и тие ко нас, не знаат кај тераат, ама барем одат во подобар живот. Ние седиме овде, дур не пенетрираат анално без усул. Ете такви не направија сите до еден.
Безрбетници. Амеби. Тоа време кога сите беа луѓе, умре. А со него и македончињата кои станаа обични човечиња.
 
https://www.youtube.com/results?search_query=каде сте македончиња
Имам некои лозови насади кои граничат со пругата на делот помеѓу Демир Капија и Неготино па често се дивжам таму. За емигрантиве од Сирија, Авганистан, Ирак.... ми е зборот. По грозни слики не сум видел во животот... Жени, деца, бебиња, млади, стари, бегаат да спасат жива глава. Жедни, гладни, повредени... грозотија. Молат за вода. Секојдневно минуваат по неколку стотини. Пешачат по дождови, студови, жештини. Кога одам натака ја товарам колата со вода, нешто јдење, нешто млеко за малите, аналгини.... Невидена благодарност им зрачи од очите кога ке им помогнеш... Би ги возел бесплатно ама многу луѓе за тоа завршија во ќорка... глупост од закон и држава, ниту им помагаат ниту ти дават да им помогнеш,напротив ги гонат и покажуваат сила и спретнос на нив немоќните и наместо да ги заштитат ги ловат како животни.... и не би зборувал повеке за сите грозотии кои се гледаат и случуваат на нивните патишта....
Овдека би сакал да зборувам не за нив туку за нас. Кое е нашето вистинско лице како народ и како држава гледано од аспект на тоа како се однесуваме кон овие несреќни луѓе.
Ние како народ имаме доживеано слична несреќа да ни се случи нашите сонародници од Егејска Македонија бидат прогонети од своите огништа па жени, деца, стари и млади да бегаат по беспаќата слично како што сега бегаат овие луѓе со таа разлика што патот на нашите прогонети бил многу пократок па истите се веднаш прифатени од тогашната наша држава...да не должиме, егзодусот е голема траума за целиот наш народ...
Сега се прашувам:
- Каде сте Македончиња, каде сте Вие кои бевте прогонети и на своја кожа ја почуствувавте сета мака да си бегалец, да незнаеш каде одиш.... Вие чија мака ја опеавме во песни, вие над чии судбини рониме солзи... Каде сте вие сега да се јавите од вашите здруженија и побарате од владата да им се помогне на овие луѓе кои сега преживуваат трауми, каде сте вие сега да излезете по пругите и патиштата да им дадете на овие луѓе барем едно шише вода..... Ве нема никате, сигурно сте зафатени со спемање барања да ви се вратат имотите во Грција... Вашата мака помина па сега што ви е гајле за некоја мајка што тргнала со мали деца пеш од Сирија... Што ви е гајле што некои преморени и дезориентирани деца секојдневно гинат по пругите и патиштата... Вам сега ви е убаво па нека му ја мислат тие што сега имаат мака... ВИЕ браќа ЕГЕЈЦИ први треба да им помогнете на овие несреќници и први треба да го дигнете гласот за помош на овие денешни несреќници. Каде сте да навашите собири го кажете овој проблем и побарате негово решение....
Каде сме сите ние кои плачиме и кршиме чаши на песната Каде сте македончиња...? Каде се здруженијата на жени да организираат некоја помош за тие мајки и деца...? Каде се женските унии и кклубови по партиите? Каде се младинските организации по партиите...? Кур ги боли сите за голготата на овие очајни луѓе. Сите се активираме само на партиски наредби и не од хумани побуди туку само да не не избришат од списокот за столчето позади шалтерот.... Каде се и сите божји верници? Каде се сите славопојци и чуда од писатели и колумнисти?
Ајде барем еднаш да бидеме луѓе и да заебиме и вмро и сдсм, да направиме секој што може да им помогнеме на овие луѓе...
Може би не е далеку денот кога и ние ке тргнеме по патиштата по кои сега одат овие гревови, ке гинеме по истите патишта и пруги...
Сите се зафатени пред влада да го симнат овој режим. Исто како во Сирија што сакаа да го симнат режимот и затоа бегаат. Каде ние ќе бегаме, во Бугарија?
Македончиња :))))) баш тоа сме :)
 
Ако мислиш дека имаш можност да им помогнеш, иако они се накрцани со пари, помогни им.
Не му е на никој обврска да им помогне нив. Тоа иде од добра волја.
Македонија нема пари за сопствените луѓе па за имигрантите ќе двои пари. Ајде бе.
 
Секоја земја има обврска да ги прими и згрижи бегалците кои доѓаат на нејзина територија. Германија, Италија, Шпанија и Франција се буквално преблокирани од избеглици. Пример во Италија секој ден стасуваат бродови од Африка со бегалци. Италија упати и јавен апел до останатите ЕУ земји ако не и помогнат со милионите кои пристигаат кај неа ќе ги товари во воз и ќе ги испрати во Германија.
Има посебен еу фонд кој треба ова се да исфинансира, зошто не е ни најмалку мал трошок. Кога збориме за вакви бегалски кризи со кризата на Југославија најмногу босанци примија скандинавските земји. Тие и до ден денес ги примаат бегалците од цел свет само нема кој да стаса до горе.

Зошто не одат во Русија? Зошто никој не бега натаму? Исто и Руските земји ќе ги примат како и ние, само нема кој да бега натаму. Јас би за решение од кога ќе се исполнат нашите капацитет да се организираат и со посебни летови да се пуштат во Канада и Америка. Они ја почнаа војната во Сирија они нека ги примат. Капацитет имаат па слободно. Исто и посебни линии за Русија. Тоа е ти е земја традиционална со големи вредности, па сигурно добро би им било на иста линија да функционираат. Што има да одат кај овие без вредности, либерали, Кончити. Ете Русија е поголема од Европа место има за сите.
 
Па еве прва ти отиди и кажи како е. Сподели да знаеме.
 
Ако мислиш дека имаш можност да им помогнеш, иако они се накрцани со пари, помогни им.
Не му е на никој обврска да им помогне нив. Тоа иде од добра волја.
Македонија нема пари за сопствените луѓе па за имигрантите ќе двои пари. Ајде бе.
Нив ги има разни, некои навистина носат пари со себе а некои немаат ни скршена пара... исто како кај нас да фати војна и да бегаме, некои што имаат пари ке бегаат со пари а некои што немаат ке бегаат без пари. И не зборувам за ОБВРСКА туку за ХУМАНОСТ И ЧОВЕЧНОСТ. Немаме обврска да им помагаме и на болните но од хуманост и човечност донираме.... Никој не бара од МКД да ги прими бегалците ниту пак ги примаме, јас само зборувам за тоа да им се олесни транзитот низ МК, да не се ловат, да им се дозволи да патуваат со возовите, автобусите, да можеш слободно да ги качиш во кола и да им помогнеш, да се заштитат од ограбувачи и разни други криминалци кои ги напаѓаат... тоа ништо нема да ја чини МК.
 
Мене ми е најинтересно што тие само поминуваат низ Македонија,безразлика колку и да е лоша состојбата од таму кај што тргнале.Веројатно не знаат дека државава е со најголем економски раст во галаксијата и пошироко
 
И најголеми странски вложувања по глава на жител.
 
Ако мислиш дека имаш можност да им помогнеш, иако они се накрцани со пари, помогни им.
Не му е на никој обврска да им помогне нив. Тоа иде од добра волја.
Македонија нема пари за сопствените луѓе па за имигрантите ќе двои пари. Ајде бе.
Ние не само што не им помагаме,туку им одмагаме. На вести нонстоп даваат како некој ги ограбиле,претепале. И неспоредливо е во каква криза сме ние за пари,а каква они.
 
Отидени сме во таа надолна граница да ако немаш корист од некој, не му ни помагаш.

А чисто нешто што ме интересира........., зошто сите овие бегалциве како дестинација ја бираат Германија и Швајцарија? И дали ако еден ден јас се најдам во иста ситуација, тој истиот би ми помогнал?

:)
 
Едни вакви тажни, преморени, прегладнети и жедни ни дојдоа од Косово во 99та. Од тогаш ни се случија: Ванчо Јосифовски, Бриони, Вејце, Карпалак, Бродец, Смилковци, Дива Населба. А, да -- и еден куп претепани/осакатени деца по автобуси и сокаци.

Најпаметно ќе биде да се договори нашево јадно МВР со Грција и Бугарија за интензивна контрола на границите и територијата, и секој што ќе го фатат назад во пустините.

Disclaimer: Ако некој има конструктивна реплика би можеле да дискутираме. Во спротивно, морални судови од рандом малограѓани на интернет -- не ме интересираат.
 
Незнам што конструктирвно би ти реплицирал некој на волкава глупост,едино да те вратиме тебе назад у пустините.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom