https://www.youtube.com/results?search_query=каде сте македончиња
Имам некои лозови насади кои граничат со пругата на делот помеѓу Демир Капија и Неготино па често се дивжам таму. За емигрантиве од Сирија, Авганистан, Ирак.... ми е зборот. По грозни слики не сум видел во животот... Жени, деца, бебиња, млади, стари, бегаат да спасат жива глава. Жедни, гладни, повредени... грозотија. Молат за вода. Секојдневно минуваат по неколку стотини. Пешачат по дождови, студови, жештини. Кога одам натака ја товарам колата со вода, нешто јдење, нешто млеко за малите, аналгини.... Невидена благодарност им зрачи од очите кога ке им помогнеш... Би ги возел бесплатно ама многу луѓе за тоа завршија во ќорка... глупост од закон и држава, ниту им помагаат ниту ти дават да им помогнеш,напротив ги гонат и покажуваат сила и спретнос на нив немоќните и наместо да ги заштитат ги ловат како животни.... и не би зборувал повеке за сите грозотии кои се гледаат и случуваат на нивните патишта....
Овдека би сакал да зборувам не за нив туку за нас. Кое е нашето вистинско лице како народ и како држава гледано од аспект на тоа како се однесуваме кон овие несреќни луѓе.
Ние како народ имаме доживеано слична несреќа да ни се случи нашите сонародници од Егејска Македонија бидат прогонети од своите огништа па жени, деца, стари и млади да бегаат по беспаќата слично како што сега бегаат овие луѓе со таа разлика што патот на нашите прогонети бил многу пократок па истите се веднаш прифатени од тогашната наша држава...да не должиме, егзодусот е голема траума за целиот наш народ...
Сега се прашувам:
- Каде сте Македончиња, каде сте Вие кои бевте прогонети и на своја кожа ја почуствувавте сета мака да си бегалец, да незнаеш каде одиш.... Вие чија мака ја опеавме во песни, вие над чии судбини рониме солзи... Каде сте вие сега да се јавите од вашите здруженија и побарате од владата да им се помогне на овие луѓе кои сега преживуваат трауми, каде сте вие сега да излезете по пругите и патиштата да им дадете на овие луѓе барем едно шише вода..... Ве нема никате, сигурно сте зафатени со спемање барања да ви се вратат имотите во Грција... Вашата мака помина па сега што ви е гајле за некоја мајка што тргнала со мали деца пеш од Сирија... Што ви е гајле што некои преморени и дезориентирани деца секојдневно гинат по пругите и патиштата... Вам сега ви е убаво па нека му ја мислат тие што сега имаат мака... ВИЕ браќа ЕГЕЈЦИ први треба да им помогнете на овие несреќници и први треба да го дигнете гласот за помош на овие денешни несреќници. Каде сте да навашите собири го кажете овој проблем и побарате негово решение....
Каде сме сите ние кои плачиме и кршиме чаши на песната Каде сте македончиња...? Каде се здруженијата на жени да организираат некоја помош за тие мајки и деца...? Каде се женските унии и кклубови по партиите? Каде се младинските организации по партиите...? Кур ги боли сите за голготата на овие очајни луѓе. Сите се активираме само на партиски наредби и не од хумани побуди туку само да не не избришат од списокот за столчето позади шалтерот.... Каде се и сите божји верници? Каде се сите славопојци и чуда од писатели и колумнисти?
Ајде барем еднаш да бидеме луѓе и да заебиме и вмро и сдсм, да направиме секој што може да им помогнеме на овие луѓе...
Може би не е далеку денот кога и ние ке тргнеме по патиштата по кои сега одат овие гревови, ке гинеме по истите патишта и пруги...