Ќар од ТЕ-ТО ќе имаат сите

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве објаснување зошто Топлификација го тужела ТЕ-ТО
http://arhiva.emagazin.mk/?tag=те-то
„Топлификација“ води судски спор со ТЕ-ТО АД Скопје во износ од 61.626.367 денари за топлинска енергија, како и судски спор со Регулаторната комисија за енергетика за нанесена штета во износ од 968.861.000 денари.

Во компанијата информираат дека спорот со ТЕ-ТО е започнат во 2012 година и истиот се однесува на топлинска енергија од производителот ТЕ-ТО АД Скопје.

„Во првата половина на 2012 година се склучи договор со ТЕ-ТО АД за набавка на топлинска
енергија. Во Јули 2012 година Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која не ја
призна вкупната топлинска енергија од ТЕ-ТО АД. Со тоа Групација Топлификација не беше во
можност да ја плати таа енергија на ТЕ-ТО АД Скопје. Согласно договорот за купопродажба на
топлинска енергија, Групација Топлификација може да ја плати топлинската енергија на ТЕ-ТО 19 од 30
АД само доколку истата е усогласена помеѓу двете страни. За Топлификација усогласена
количина на топлинска енергија превземена од ТЕ-ТО АД е таа која е признаена во цената на
топлинска енергија од страна на Регулаторната комисија за енергетика. За овој судски спор се
очекува разрешница во 2014 година“, пишува во извештајот за работењето на копанијата во 2013 година.

Судскиот спор со Регулаторната комисија за енергетика, пак, е за нанесена штета на Топлификација АД
Скопје во износ од 968.861.000 денари, преку одлуки за цена на топлинска енергија донесени
од Регулаторната комисија за енергетика. Штетата која ја побарува Топлификација АД Скопје е
разликата помеѓу остварените трошоци на компанијата и признаените од страна на
РКЕ.

„Оваа штета се однесува за период од 2006 до 2009 година. Спорот е во тек“, пишува во извештајот на компанијата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
http://balkan-energy.com/history/
На оваа страница можете да прочитате:
„ компанијата има за цел да создаде синергија меѓу барањето на можности за развој на бизнисот во земјата и во регионот на Балкано “
„ Ние сме посветени на развој и реализација на нови иницијативи, реформирање и рестартирање на постоечки, зајакнување на постоечките и создавање на нови вредности во понудените услуги и производи. “

Какво мислење имате за луѓе кои вака зборуваат?
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Тоа не се луѓе туку веб страна.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На 16.октомври 2006 во Утрински весник е известено дека ТЕ-ТО ќе ги намали цените на парното
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1863&stID=42019&pR=2
Може да се прочита:
Главната поента е што прв пат во регионот се гради еден приватен и пазарно ориентиран енергетски објект, а државата нема да има никакви релации и обврски спрема него, во смисла да го откупува производството или да му дава специјален третман. На проектот се работеше две години и тој ќе биде од голема важност за државава. Објектот ќе биде лоциран на простор од 360 квадратни метри, а на него ќе има сконцентрирана технологија, вредна 100 милиони еврааи, вели директорот на ?Топлификацијааи, Димитар Хаџи Мишев.
Тој додава дека со функционирањето на погонот топлинската енергија ќе се продава на ?Топлификацијааи под дефинирани услови и тоа ќе биде предност за друштвото, бидејќи ќе има можност да ја купува енергијата по пониски цени. Тоа сигурно ќе има одраз и врз цената на услугите на крајните потрошувачи.
?Фактички, целиот систем на ?Топлификацијааи станува поконкурентен, бидејќи кога се произведува на едно место топлинска и електрична енергија има шанси и двете да бидат поевтини. Поради тоа може да се смета дека, при исти услови, би дошло до намалување на цената до крајните корисници, иако таа, сепак, зависи од цената на горивата на светските берзи. Но, сигурно производството на енергијата ќе биде многу поповолно од она што го имаме сега, во обични котли. Новата технологијата има и големи еколошки предностиии, вели Хаџи Мишев.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Кризата не му може ништо на ТЕ-ТО е напис во Утрински од 2009 година
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=19DA09289B94D94084BAC32D2642F0BB
Во написот може да се прочита:
- Изградбата се одвива според планот, а централата ќе почне со работа, според најавата, во април наредната година ( 2010 )
- Ова е пазарен проект, што значи ќе работи врз основа на пазарни принципи и се надеваме дека ќе немаме никакви други проблеми“, изјави вчера Димитар Хаџимишев, првиот човек на „Топлификација“, по средбата со вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
- Новиот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, вчера најави дека ќе ја посети локацијата на која се гради „Те-То“, со цел да се запознае со текот на оваа инвестиција, но непосредно пред посетата се премисли. Но, инвеститорите, сепак, не се откажаа од средба со него, па сами му отидоа на гости во неговиот кабинет во Владата.

Очигледно, реализацијата на еден од ретките проекти што во време на криза се градат во земјава, не беше доволен предизвик за Пешевски да излезе на терен и да се запознае со активностите на тоа поле. Згора на се', неговиот кабинет не најде за потребно да излезе со издржан изговор за откажување на посетата на местото каде што се гради новата инвестиција, па наместо тоа, на луѓето кои требаше да ги посети, им била сервирана информација оти откажувањето на посетата го предизвикало топлото време, за потоа инвеститорите да се соберат и да одат на гости кај Пешевски во Владата. По средбата, пак, Пешевски не даде изјава за медиумите, па тие се сомневаат дека нивното заобиколување веројатно било и главна причина за откажување на првично најавената посета и личното запознавање со градбените активности на централата. Од неговиот кабинет вчера не беа достапни за каков било коментар.
...................................
Мој коментар на ова е: Очигледно е дека Пешевски уште тогаш знаел дека се работи за промашена мегаломанска инвестиција
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Чадот од гасната централа ги исплаши Скопјани е наслов од написот од Дневник од декември 2010
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=0FE5B6D3986ED244B3218809205429D4
Можете да прочитате на што се жалеле граѓаните и како реагирале инспекторите и „ визионерите “
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве една навистина убава фотографија од најголемата, приватна, мегаломанска, промашена инвестиција ТЕ-ТО

Во ниту еден медиум нема ниту збор за ТЕ-ТО. Но ТЕ-ТО постои и тој не работи. ниту има било каква шанса да проработи.
Но некој ги отплатува долговите кои се направени за да се изгради оваа најголема, мегаломанска, промашена инвестиција.
КОј е тој што ги плаќа? Дали се тоа скопјани кои ја користат Топлификација или можеби струмичаните „ визионери “ продаваат чушки и френки и со тие пари ги отплатуваат долговите?
Не е тешко да погодите кој плаќа.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eден напис од Вечер од 2007 година
http://vecer.mk/ekonomija/te-to-sitno-broi
Можете да прочитате;
„Интересот на светските брендови е толку голем што тие нудат да откупат дел од акциите “

Каде ли се денес овие „ светски брендови ’?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Најдов нешто интересно за кое првпат слушам
Како последна реченица во овој напис може да прочитате

http://www.bloomberg.com/research/stocks/private/snapshot.asp?privcapId=33409217

As of May 27, 2014, TE-TO AD Skopje operates as a subsidiary of Public Joint-Stock Company Territorial Generating Company #2.

Како ова го толкувате?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Објавена е важна вест:
Топлификација открива: ТЕ-ТО е во сериозна загуба и должи 222 милиони евра
http://emagazin.mk/vesti/vest/9412?title=topliфikacija-otkriva-te-to-vo-seriozna-zaguba-i-dolzhi-nad-222-milioni-evra
Во написот се вели:
За иднината на акционерското друштво Топлификација АД од пресудно значење е иднината на ТЕ ТО АД и иднината на топлификациониот систем на град Скопје

.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.384
Поени од реакции
18.529
Чива инвестиција е ТЕ-ТО?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
TE-TO, во загуба
http://faktor.mk/2015/06/22/biznis-so-gas-te-to-so-zaguba-od-7-5-milioni-evra-vkupno-dupkata-e-42-8-milioni-evra/
Добро утро за новинарите, кои сега се „разбудија“
......................
Во написот има и кои се акционерите на ТЕ-ТО
Кои се акционерите на ТЕ-ТО

Најголем акционер во компанијата е „Проџект менаџмент консалтинг“ компанија со седиште во Велика Британија која поседува 60 отсто од акциите. Втор по големина акционер е „Битар холдинг Лимитед“ исто од Велика Британија со посед врз 29,2 отсто од акциите.

Овде е важно да се спомене дека овој акционер во 2013 година имал 20 отсто од акциите, а овие 9,2 отсто ги купил од Кардикор Инвесмент ЛТД со седиште на Кипар. Кардикор ги продал своите акции или побарување во ТЕ-ТО на Битар и излегол од акционерската структура.

Трет акционер е домашната компанија „Топлификација“ со учество од 10 отсто во акционерската структура. Акциите на „Топлификација“ се дадени како залог за кредит во корист на кредитодавателот „Комерцијална банка“.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На интернет страницата на Народната банка на Македонија објавен е текст со наслов Анализа на односот на БДП и енергетската потрошувачка на авторот Д-р Димитар Хаџи-Мишев
http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/9_Hadzimisev.pdf
На страна 16 може да се прочита дека ТЕ-ТО за една година ќе произведе
Електрична енергија1 850 GWh
и Топлина ™ 350 GWh
И за тоа ќе потроши годишно 390 * 10^6 nm³ гас
Еден nm³ гас содржи помалку од 10 KWh
Значи вкупно ќе се вложи енергија:
390 * 10^6 nm³ * 10 KWh =3900 * 10^6 KWh = 3900 GWh
 

Kajgana Shop

На врв Bottom