Кајгана психолог

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Член од
21 јуни 2011
Мислења
93
Поени од реакции
170
Кључот е доближување до Бога. Човекот е создаден за љубов, а живее без љубовта од тој што го создал.
Во ред е да се верува во Бог, но Бог не е крив што некој ја изгубил работата или што не може да се снајде на новото работно место. Човек мора да направи нешто во врска со тоа, иначе неговиот опстанок е загрозен. Не велам дека не треба да се има верба во Бога, човек мора да верува во нешто како би имал порив на живеењето, но исто така само вербата во Бога и молењето пред него нема да направи човек да се чуствува подобро, тој самиот мора да преземе нешто, а во мислите секогаш да му бидат десетте заповеди и тоа што го прави да е сигурен дека е одобрено од оној во кој што верува и му се моли.
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Баш тоа ми беше поентата, мислам дека всушност и никоj нема психички проблеми. Можеби во одреден период сме неспособни да ги контролираме мислите, но далеку од тоа дека сие болни, а контролата врз умот може да се воспостави со многу пракса. Мислам дека сите иентални болести се наметнати со цел да се манипулираат психички послабите и истовремено од нив да се профитира.
Така е , намерно пишав за оние кој што не би сфатиле конкретно за што се работи.
Иако постојат ментални болести, и сите ги поседуваме како што кажав - и лековите ги поседуваме.
Таков е системот кој што ни го продале со векови назад, такво е човешството, но оние кој што ја носат вистината со себе си го знаат вистинскиот концепт и секогаш ќе пружаат рака во сите можни варијанти. Какви што се мислите таков и е животот, тоа е многу вистинито.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.306
Поени од реакции
5.912
Втората ја имам гледано и човеков е закон, само не ми се допаѓа што изјавува дека и самиот конзумира лекарства при летање, но можеби нема информации како да се соочи и да ги надмине ситуациите. Според мене, како што напоменав и погоре, менталните болести воопшто не ни постојат и затоа никој не би требало да користи апчиња за надминување на истите, затоа што човек само се уништува себеси со конзумирањето на лекарствата. Има многу начини како човек може најпрвин сам да си помогне, а потоа и да им помогне на другите, но тоа одзема многу време и посветеност, а кај нас владее себичност и желба да се уништи другиот, а не да му се пружи рака.
Гоолем (y) за ова. Се согласувам дека се е во нас и се е од нас. Целата контрола на себе си е во нас само егото е сенката во очите која ни кажува дека ние неможеме треба некој друг да ја заврши работата за нас... Егото е главен проблем за решавање на проблемите е сега тоа на човек со психички проблеми е невозможно да му се укаже верувај сум пробал. Исто така сум строго против земање лекови но некогаш е невозможно не земањето не зборувам за психо седативни лекови него за најпростите... Апче за глава, за реума, антибиотик итн. Ако принаучам Ајурведа барем за лична помош основни работи нема во аптека да влезам никогаш, но до тогаш... Да ја изгледаш и втората емисија со инидиецот кога ке можеш.[DOUBLEPOST=1432753566][/DOUBLEPOST]
Кључот е доближување до Бога. Човекот е создаден за љубов, а живее без љубовта од тој што го создал.
И со тебе се согласувам донекаде. Верување во Бога да, но во права смисла надвор од религијските рамки и религиите се контролирани модифицирани од тие луѓе што контролираат се на светов. Сергеи Николаевич Лазарев вика од депресија може да заболе само човек што не задржал љубов во себе. Што и има огромна смисла кога ке размислам.

Еден склоп е сетоа ова на причино последични работи за целото човештво да бидеме несвесни да не манипулираат преку влијание подолго од тоа да губиме љубов во себе па да заболуваме од депресија итн. Но игра улога и факторот дека 50/50 се случувањата на што те наведува судбината кармата, но и сопствената одлука во ситуацијата. Се си има цена и се се плаќа. Тотално совршенство и неверојатна мрежа.
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2011
Мислења
93
Поени од реакции
170
Гоолем (y) за ова. Се согласувам дека се е во нас и се е од нас. Целата контрола на себе си е во нас само егото е сенката во очите која ни кажува дека ние неможеме треба некој друг да ја заврши работата за нас... Егото е главен проблем за решавање на проблемите е сега тоа на човек со психички проблеми е невозможно да му се укаже верувај сум пробал. Исто така сум строго против земање лекови но некогаш е невозможно не земањето не зборувам за психо седативни лекови него за најпростите... Апче за глава, за реума, антибиотик итн. Ако принаучам Ајурведа барем за лична помош основни работи нема во аптека да влезам никогаш, но до тогаш... Да ја изгледаш и втората емисија со инидиецот кога ке можеш.
Јас ги гледам работите на следниот начин. Секој од нас имал лоши ситуации во животот, сите сме биле понекогаш под стрес предизвикан од трети лица, сите имаме негативни искуства во животот и тоа останало врежано во нашите умчиња. Кога се наоѓаме во слични ситуации како кога сме биле изложени на негативни минати искуства, ние во сегашно време реагираме како што би реагирале тогаш, тоа не е соодветно на ситуацијата и во лицата на другите изгледаме малце луди. Исто така кога мнозинството не се сложува со твојот став, однесување, мислење, начин на облекување, начин на живеење, наместо да го одобрат твоето битие, тие те прогласуваат за ненормален. Кога на едно лице повеќе пати му се кажува дека отскокнува од нормалното, а не му се кажува како треба и како е правилно, му се наметнува дека тој е ненормален и притоа неговото битие е потистнато и тој всушност не е тој што сака да биде, затоа се јавува фурстрација. Така лицето е се повеќе и повеќе ненормално и тие околу него упорно му кажуваат дека треба да се лечи, така го сместуваат во болница или пак му препишуваат лекарства. При посета на психијатриска болница пациентите таму ќе ти кажат дека не сакаат да се таму, не сакаат да ги примаат лекарствата, не лажат, не измислуваат, стварно опишуваат некој настан, но ние ги сметаме за луди и затоа не им веруваме. Тоа дава до знаење дека колку и да е несвесно едно лице и колку да е под дејство на апчиња тој се стреми да живее и да го истурка напред неговото битие.

За апчињата, точно дека понекогаш е неопходно земање на лекарства, или примање анестезија при операција, тука мора да примиш лек за опстанок. Но, сите типови на болка (доколку болката не произлегува од некое внатрешно воспаление, за кое е потребно хируршки зафат) се лекуваат на друг начин и не е потребно да се земаат така наречени убивачи на болки во кои спаѓа и аналгинот и кафетинот (најчесто користени апчиња за глава). Ако те боли глава најпрво биди сигурен дека си најаден, имаш внесено доволно количество на вода, сол и калиум и дека си наспан. Ако сето ова е во ред тогаш добро е да се направи една прошетка во која ќе се фокусираш на тоа да забележуваш што повеќе објекти и вниманието на го насочиш надвор од мислата дека те боли глава. ;)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Во ред е да се верува во Бог, но Бог не е крив што некој ја изгубил работата или што не може да се снајде на новото работно место. Човек мора да направи нешто во врска со тоа, иначе неговиот опстанок е загрозен. Не велам дека не треба да се има верба во Бога, човек мора да верува во нешто како би имал порив на живеењето, но исто така само вербата во Бога и молењето пред него нема да направи човек да се чуствува подобро, тој самиот мора да преземе нешто, а во мислите секогаш да му бидат десетте заповеди и тоа што го прави да е сигурен дека е одобрено од оној во кој што верува и му се моли.
Точно дека секој самиот е крив за се она што му се случува. Но логиката и филозофијата викаат дека ако ти го привикуваш добриот дух таа енергија позитивна нема да те доведе во погрешна душевна состојба. Има разлика помеѓу духовна и душевна состојба. Кога ти се издигнуваш духовно го победуваш и душевното. Затоа го потцртав тоа што го напиша дека не се сложувам со тоа мислење. Апсолутно е вистина дека молењето на човекот кон Бог ќе му помогне да има позитивна духовна состојба која ќе го следи во било кој дел од животот, на работа, дома итн.

Ако ми веруваш, јас ја открив молитвата пред една година и откако ја применувам осеќам голема позитивна промена. Откако ја кажувам пред спиење од цела година еднаш сум имал кошмар, додека претходно имав многу почесто.

Мислам дека религијата и запознавање на Бога кај луѓето е површно и затоа не ги користат благодетите кои ги носи применувањето на божјите тајни.

Кога би ја проучувале детално православната религија ќе дојдете до сознание дека во депресија се паѓа токму поради гордост. Душевната состојба како нервозата и гневот е зголемен токму кај луѓето кои се надвор од таа божја енергија. Значи духовнота состјба дава благодет на смирение. Овие благодети ако ги имаш секаде ти носат победа, на работа, дома, кога возиш автомобил итн.

http://www.svetosavlje.org/biblioteka/DuhovnoUzdizanje/UmeceUmiranja/UmeceUmiranja23.htm
 
Можеби молењето ќе ти помогне да се издигнеш духовно, но доколку имаш долг од 10 000 евра молењето нема да ти помогне да го платиш долгот на тоа мислев. Луѓето грешат, не сакаат да преземат одговорност во врска со грешките и очекуваат Бог да им ги прости гревовите и да ја поправи штетата и на крај Бог е крив и тој така сакал.
Повторно ќе нагласам дека се согласувам со тоа дека е потребно човек да верува во нешто, да се бори за тоа и да го негува, без разлика што е тоа. Човек колку повеќе верува толку е пожив.
Јас искрено не мислам дека депресијата постои како болест, тоа се насочени мисли кон одредени случки во животот кои што прават да се чуствуваме растревожени и растргнати, по наша одлука сме отишле во тие мисли и по исто таква одлука треба да се вратиме. Мислам дека луѓето што се во депресија таму и сакаат да бидат.
 
Кога ќе ја сфатиш философијата која е се состои од два грчки збора фило и софија = љубов и мудрост тогаш ќе можеш да сфатиш дека Господ е мудрост и не за џабе ги дал тие заповеди.

11074486_899333896780195_7511607397152874209_n.jpg
 
Член од
21 јуни 2011
Мислења
93
Поени од реакции
170
Кога ќе ја сфатиш философијата која е се состои од два грчки збора фило и софија = љубов и мудрост тогаш ќе можеш да сфатиш дека Господ е мудрост и не за џабе ги дал тие заповеди.

Прегледај го приврзокот 121843
Не знам од кој дел заклучи дека јас нешто не сфатив. :)
Не може сите да размислуваат како тебе, едни не се доволно информирани, а други и покрај начитаноста можеби имаат други податоци кои им се поверодостојни. ;)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Не знам од кој дел заклучи дека јас нешто не сфатив. :)
Не може сите да размислуваат како тебе, едни не се доволно информирани, а други и покрај начитаноста можеби имаат други податоци кои им се поверодостојни. ;)
За материјалната филозофија се фаќаш. Ако живееш според Божјите заповеди нема да дојдеш во ситуација да имаш 10.000 евра долг. Други мисли ќе имаш и друг начин на живот ќе имаш. Затоа викам јас дека многу површно луѓето ја гледаат религијата а не ја истражуваат длабински и не го применуваат нејзиното учење во секојдневниот живот.

А еве ти некое научно докажано објаснување.

Sa desne strane sa nalazi mozak osobe koja miruje i on je znatno crvenije boje u odnosu na mozak osobe koja se moli – objasnio je doktor Njuberg, pokazujući snimke na svom mobilnom telefonu.
Ove promene, tvrdi Njuberg, su sigurni znaci da molitva ima neke isceliteljske moći.

-Sa naučne strane mi pratimo ove promene u vidu različitih moždanih aktovnosti, kao i promene hemijskih jedinjena koje se nalaze u mozgu – objašnjava Njuberg.

On je naglasio da je mozak najbitniji organ u ljudskom telu jer kontroliše, disanje, rad srca, krvni pritisak, pa se na ovaj način efekti molitve mogu preneti na celo telo, a kao krajni rezulta mogu da imaju lekoviti efekat.

http://www.vestinet.rs/zdravlje-2/molitva-ima-isceliteljsko-dejstvo-na-ljudski-organizam-pokazuju-snimci-mozga-video
 
Се согласувам со доктор Njuberg :)
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Прв пат сум на форумов, и тоа маката ме натера да се зачленам, па ве молам за било каков совет, макар и критика. Сите имаат проблеми, кој финансиски, кој здраствени, кој семејни, нема човек без проблеми. Мене најголем проблем ми е тоа што имам психички проблем. Не можам да се социјализирам, немам ниту еден пријател (ни за на кафе), другите имаат најверојатно лошо мислење, и многумина ми кажале дека сум недружељубива. Во основно и средно бев исмејувана и понижувана од останатите врсници, а поимот другарка е за мене непознат. Дома сум постојано помеѓу 4 ѕида и тоа ме прави очајна. Немам самодоверба, не верувам во себе, а најголем непројател ми е стравот. И западнав во депресија. Сепак, сметам дека големо влијание има тоа што од дома, од најмали нозе бев малтретирана и психички и физички. Од најмали нозе не само што јадев ќотек и кога бев крива и кога не бев , туку секојдневно ми велеа дека ништо не вредам, дека не сум нормална и слично и тоа ми се всади во глава па и јас почнав така да мислам за себе. Никогаш од дома не сум добила ни љубов ниту ми помогнале да израснам во психички стабилна личност. Пораснав во личност без самодоверба, личност која не знае да се социјализира и да комуницира со другите, личност во длабока депресија, личност без однесување и карактер. И не не е период. Период не е нешто што трае со години и години. Извесно време одев на психијатар и пиев антидепресиви ама не ми помогна ништо, и преќинав, сега сакам пак да одам бидејки знам дека ми е потребна стручна помош. Ве молам за било каков совет. Што мислите според вас дали оваа ситуација може да се надмине, дали има решение?
 
Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562

Значи ти си производ на твоето минато и не гледаш начин за излез. Прво што би те советувал е психијатар/психолог. Друго што би те советувал е да почнеш самата да работиш на себе. Како? Ќе почнеш со читање, слушање позитивни ставови, ќе започнеш да гледаш разни видеа за мотивација односно ќе почнеш пополека да се убедуваш дека постои ИЗЛЕЗ, тебе нема да ти помогне ако јас ти кажам ќе биде подобро мораш ти самата да веруваш дека тоа е можно. Ќе видиш како луѓето кои исто така биле на дното некако го нашле патот и пополека ќе се бориш со својата психа.
Трето што би те советувал е да пробаш да најдеш нешто што го сакаш и да го работиш тоа. На пример сакаш танц се запишуваш на танц. Можда баш таму ќе најдеш некоја личност која може да ти биде пријател.
За да успееш мораш да ВЕРУВАШ дека можеш, а за да веруваш мораш да осетиш мали промени во твојот живот, а за да се чувствуваш подобро мораш да си ги смениш навиките и да пробаш да направиш нешто поразлично и тоа може да биде нешто мало.
Започни уште сега иди на прошетка, размисли што сакаш и направи СЕ за да успееш во тоа.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Фала ти за одвоеното време и за советот. :) Ќе одам на психијатар тоа сигурно, за две недели, да се врати од одмор. Знам дека нема маѓично стапче, но се надевам ќе ми биде полесно после разговор.
Знам дека е време за промени и морам да почнам од некаде. Но многу лошо се чувствувам ама си влам и така немам ништо, ако пробам ништо нема да изгубам.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.596
Поени од реакции
1.927
Прв пат сум на форумов, и тоа маката ме натера да се зачленам, па ве молам за било каков совет, макар и критика. Сите имаат проблеми, кој финансиски, кој здраствени, кој семејни, нема човек без проблеми. Мене најголем проблем ми е тоа што имам психички проблем. Не можам да се социјализирам, немам ниту еден пријател (ни за на кафе), другите имаат најверојатно лошо мислење, и многумина ми кажале дека сум недружељубива. Во основно и средно бев исмејувана и понижувана од останатите врсници, а поимот другарка е за мене непознат. Дома сум постојано помеѓу 4 ѕида и тоа ме прави очајна. Немам самодоверба, не верувам во себе, а најголем непројател ми е стравот. И западнав во депресија. Сепак, сметам дека големо влијание има тоа што од дома, од најмали нозе бев малтретирана и психички и физички. Од најмали нозе не само што јадев ќотек и кога бев крива и кога не бев , туку секојдневно ми велеа дека ништо не вредам, дека не сум нормална и слично и тоа ми се всади во глава па и јас почнав така да мислам за себе. Никогаш од дома не сум добила ни љубов ниту ми помогнале да израснам во психички стабилна личност. Пораснав во личност без самодоверба, личност која не знае да се социјализира и да комуницира со другите, личност во длабока депресија, личност без однесување и карактер. И не не е период. Период не е нешто што трае со години и години. Извесно време одев на психијатар и пиев антидепресиви ама не ми помогна ништо, и преќинав, сега сакам пак да одам бидејки знам дека ми е потребна стручна помош. Ве молам за било каков совет. Што мислите според вас дали оваа ситуација може да се надмине, дали има решение?

Одлично е што си свесна за сето ова и што веќе преземаш иницијатива, вака веќе правиш огромен чекор кон подобрување на твојата состојба. Не спомна дали се обидуваш да започнеш разговор со луѓе околу тебе, кои ги среќаваш во продавница, во автобус... Доколку ова не е случај, обиди се, за каква и да е небитна работа, дури и да прашаш колку е часот... Од вакви мали работи може да се почнат убави муабети.

Почни од најмалите работи, они кои бараат најмалку напор. Малку по малку ќе излегуваш од твојата зона на комфорт и ќе има напредок. Јас лично ти се восхитувам на фактот што веќе се обидуваш да промениш нешто. Тоа е -најтешкиот дел, ти веќе си на вистинскиот пат :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom