- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 5.519
- Поени од реакции
- 18.366
Ние не знаеме и не би можеле со сигурност да тврдиме дека знаеме и располагаме со информации за каков поточно судир станува збор и кои се страните и крајниот исход, но истотака не можеш да посочиш дека некој лично со своите размисли на форумов и учество во дискусија и размена на мислења придонесува кон ситуација каде имаме неизвесност и коцкање со судбината на народот и државата. Ние можеме само да бидеме сведоци, во целата таа игра, доколку признаеме дека некој позади ги влече конците и на некој начин да бидеме колатерална штета.Очигледно ти уште не си свесен за каков судир станува збор и кои се страните и кои се вмешаните и крајниот исход итн итн... Си играте со државата и судбината на народот...
Мое мислење е дека доколку постои сценарио за евентуален воен судир во рамките на државата, најмалку што можеме да предвидиме е дека не постојат никакви изгледи тој да биде ограничен и контролиран, каков што и беше во 2001. година. Напротив, војна во Македонија би значело палење на балканското буре барут и вовлекување на Балканот во една хаотична состојба која не верувам дека некој би можел да ја исконтролира и предвиди како точно ќе тече и како ќе заврши. Во сето ова, не гледам никаков интерес за Европа, а САД не ги коментирам зашто се може да се очекува од нив. Затоа мислам дека иако се креира некоја тензија за можен воен судир, тоа повеќе го сфаќам како блеф и заплашување на народот. Полека и картите се отвораат, ете видовме Заев што изјави и мислам дека притисокот би бил во таа насока, кон официјализирање на албанскиот и федерализација на државата. Иако работите ми изгледаат премногу сложени за да можеме со точност да тврдиме за што се работи и која е позадината.