Добро бе гледаш ли шо пишам јас уствари? Зборев за параноја-сценариото кое го лансираа пред 17ти низ куририте, ти го пренасочуваш муабетот у тоа на кој митинг имало повеќе народ... мислам дај ако се нема соодветен одговор, не мора по секоја цена да се реплицира.
А што сакаш да прават? Да и се приклучат на кампањата против самите себеси? Нормално е дека прават. Заев да не игра нежно? Бог да чува и да брани, секакви глупости ќе слушнеш.
И кои се овие Милчин и Најчевска? Вие со вашите кампањи за оцрнување на ликови нив ги прославивте, пред тоа не беа никаков фактор. После станаа ваш изговор за сите проблеми, тие и нивните невладини.
Тие се у секоја манџа попара последните 25 години. Кога го убија полицаецот кај Гази Баба, првиот коментар на Најчевска беше, па што барал таму. И ти сакаш јас да застанам на иста страна со неа? Ја плукаат црквата, ја плукаат историјата ни ја плукаат културата и моралните вредности. А можеби си во право што сме самите криви што сме дозволиле, досега требаше да висат на некое дрво, може подобро сите ќе живеевме.
Јас знам за неколку кобници на народов тука, и тие држат и се уредници на телевизии и лејтнајт емисии каде трујат и шират говор на омраза, селектираат групи и луѓе, отворено промовираат агенда на одредена партија, сатанизираат друга, и каде кај нив гостуваат функционери на нашата "влада", редовно.
Точно така, тоа е онаа политичка борба и пропаганда. Ги има и на едната и на другата страна. Сега не ги знам новинарите, но гарант и СДСМ си го имаат својот Латас и својот Јанко. Јас против здрава политичка борба немам ништо против. Ако си ме читал пред 7-8 години јас тврдев дека идиотското однесување на опозицијата ќе не доведе до оваа ситуација кај што сме сега, поучен од идиотското однесување на ДПМНЕ во периодот 1994 1998 кога ја оставија Македонија без опозиција.
Колку и да не го сакаш Груевски
, тебе ти се криви некои си ликови кои јавноста ги знае од фејсбук и колумни у нискотиражни весници, а криминалците ти се супер, уствари не ти се супер ти сакаш они да си отидат, ама чек, поарно да не си отидат пошо Милчин и Најчевска УА предавници, и Заев исто предавник и он мора да е, не уствари он најверојатно е продаден на западот
Другар, провидна е определбата, не мора да глумиме безвезе..
Види, определбата е кого подржуваш во моментов. Пошто сум против тие од таа страна, може да се каже дека го подржувам Груевски, ама само дека сум против Милчин и Најчевска. А за Заев сметам дека е изманипулиран до даска и ќе заврши доста неславно. Тоа што другата страна собра во најмала рака исто толку луѓе колку што собра Заев, зарем не ти говори дека луѓето размислуваат слично како мене. Значи Заев и сам кажа дека има разговори од 20000 луѓе кои како што вика ги прислушкувала ДБК има материјали кои Њујорк Тајмс ги нарече мега скандали и успеа да ги испосере со тоа што се здружи со овие невладиниве. Незнам од која причина, може му понудиле тоа што го немал во моментот (пари). Но дефинитивно ја прокоцка најголемата шанса да направи нешто повеќе. Е сега ти ќе речеш дека тој народ што отишол на митингот на 18ти се глупи, ама тоа само ќе ја продолжи само арогантната политика која ја наметна Бранко и со која изгуби којзнае колку избори по ред.
И затоа пак тврдам, дека доколку утре има избори, кои ќе бидат најфер и најдемократски со сите салтанати и шлаг на врвот. ДПМНЕ ќе освои мнозинство на гласови со ист сооднос од претходните избори, а можеби и повеќе. Можеби нешто во меѓувреме ќе се смени, не викам не. Но таква е ситуацијата во овој момент. Тоа добро се покажа и на гласањето за трговскиот центар во општина каде што опзицијата е на власт.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
И на крајот на краиштата јас незнам зошто инсистираш да збориме за политичките поделби што ги имаме. Темата е за ветото на Албанија за Македонија во НАТО. Тука се плеткаат геополитички теми, врзани за владеењето на двете спротивставени структури. И овие игри се дефинитивно поголеми од игрите на Заев и Груевски иако секако се поврзани. Но да речеш дека говорот на Лавров е глупост и да ги игнорираш светските аналитичари за безбедносната состојба во Македонија е во најмала рака несериозно.