- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.970
- Поени од реакции
- 86.311
Сакаш да ми кажеш дека не постои структура околу која ќе се сплотиме?Секој обид да се артикулира натпартиска структура во Македонија која би ги дефинирала националните интереси е завршена неуспешно баш од тие структури потплатени од надвор кои ги исмејуваат патриотските здруженија, а потпомогнати од политичките партии на власт или во опозиција, кои плашејќи се за својот примат секогаш покушавале да ги акумулираат и ваквите обиди и да ги канализираат во сопствените идеологии. Но тоа не е причина повторно некој да не се обиде да создаде таква структура. Поготово во тешки времиња, што следат, народот се групира. Имаме среќа што тоа што се проектира како непријател, во оваа оркестирана дестабилизација, е јасно дистанциран, етнички и верски. Дури и тие што ги вееја знамињата и се правеа слепи на делата на овој наш проектиран непријател, ќе бидат принудени да прејдат на страната на своите, сакале или неќеле.
А оние странски платеници кои го делеа народот и промовираа лоши морални вредности, казната ќе ги стигне, мора да ги стигне, без разлика дали Македонија ќе опстои или не.
Ова со сплотувањето да ти било само муабет, без јасна насока во пракса. Смешно и наивно. Ако стварно верувате дека сега е таков момент, а не верувате дека практично постои стожер, во реалноста, тогаш тешко вас и нас.
Јако нема што.
После викаш 50.000 кои ќе се борат. како бре да се борат? Озбилно ти како у глаата си го замишљаш тоа борење? Онака секој сам за себе? Искачаме на улици се тепаме, кој кај сака, кој кај мисли, кој против кого смета дека треба.
Следувале тешки времиња и народот се групирал. Кој се групира? Кажи ми конкретно. кај се тие групи? Околу кого се групираат, како дејствуваат? Ти овде цело време ми збориш за некакво имагинарно групирање, а јас те прашувам за конкретни насоки во пракса, на терен. Како стои реално состојбата.
Дај уозбиљи се и кажи ми тоа што те прашав конкретно у претходните постови, не лупај рандом досетки. Не сме на седница на це-ка.