Албанија го користи правото на вето на барањето на Македонија да стане членка на НАТО

  • Креатор на темата Креатор на темата vonKarajan
  • Време на започнување Време на започнување
Па има, знам дека има, сега за скоро ќе почне да кружи како лешинар околу нас.
Ака сакаше,ке го правеше уште во 90-те кога Мицотакис и Миложевич канеха Желев, можеше да го прави и во 2001. Докажано не направи вакво нешто.
Сега извадивте от старото плашило от времето на Jгославиja.
За тебе специално острата реакциja на бугарското надворешно от днес

Бугариja ке продолжи да биде гарант за независноста и териториалнот интегритет на Република Македониja и во тоа не може да има никаков сомнеж.
http://www.mfa.bg/bg/events/6/1/3824/index.html
 
Не треба никогаш да се заборави ни внатрешно-политичката функција, во дадените земји, која ја имаат ваквите потези, изведени во овие моменти. Зборувам за изјавата на Рама или пак потегот на Бугарија со придвижување на војска кон границите.
секако наивно би било на овие потези да им се придава исклучиво внатрешно-политичко значење
, во дадените држави, но не треба да се исклучи тој аспект на овие потези (покрај другите аспекти).
Наполон за Бугариja, тоа евнатрешно решение поради различни причини.[DOUBLEPOST=1432154187][/DOUBLEPOST]
Вака, ти прво нафрли дека 300.000 македонци зеле бугарски пасош иако и Бугарите би се чуделе на таја бројка, реално се помалку и реално 90% од нив зеле од економски причини, или да купат коа на врмето или да можат да патуваат низ ЕУ. Но во душа останале Македонци. Е сега за Бугарите се јави нов момент. Прилично непријатен. Во тек е имплементирање на онлајн гласање за земји членки на ЕУ, така да тие твои 3000.000 Македонци со Бугарски пасош ќе можат комотно и слободно да гласаат за пратеници, градоначалници, премиер претседател на Бугарија. Додај тука уште 5000.000 М;акедонци кои веќе живеат во Бугарија и наскоро во бугарскиот парламент ќе има пратеници Македонци а во владата министри можеби и заменик премиер Македонец ккои же лобираат за македонија. Овој пропуст Бугарите го открија пред година две и почнаа масовно да одбиваа т барања за бугарски пасоши али веќе им е малце доцна, секој македонец со бугарски пасош ќе може да хгласа или во амбасада во Скопје или наскоро онлајн од дома.
Е сега прикаската за Косово е поинаква, ги убедивте своите сојузници дека најголем виновник за неподнолсивата ситуација е Милошевиќ и српската власт. Нив ги нема на Косово веќе 15 години а ситуацијата ви е уште полоша и не само то, ем ви е полоша ситуацијата таму ем се жалите на ситуација кои пак запад ви ја донесе во Македонија. И запад веќе се уморува од постојани барања, сега имаат барање за Илирида, па за нови вработувања па за нови права па за нови територии. Станувате напорни и за ЕУ. Ви даода земја ви дадоа слобода и пак не ви чини. И Германецо би сакал да седи дома и прима државна плата али не може.
Нема како да гласат,ако не са живеели определен периоз во Бугариja за изминатите 4 години.
 
За жал обратни случаи сме... јас тогаш се препирав со тебе затоа што беше за НАТО, а сега се препирам со тебе затоа што си против НАТО.
Фактички ни јас тогаш не сум бил во право , нити ти сега си во право...
Во право е на крај само оној кој е на страна на победникот.
Тоа си во право, ама победникот не те сака, за да не се замери со 3 свои сојузници, така да ни останува само едно, да се молиме да бидат тие другите победници. И тоа не само да се молиме, туку активно да учествуваме во тоа. Еднаш пред 74 години ја одбравме вистинската страна. Сега ова ни е единствената страна што можеме да ја одбереме. Немаме избор за жал.

Вие таканаречената десница спроведовте во Македонија комунистички систем, државата ја претворивте во најголем инвеститор и најголем работодавач во Македонија, ја преполнивте државната администрација и го условивте секое запослување со партиска книшка, спротивно на сите западноевропски и либерално демократски норми, воведовте репресивен систем
Немој те молам да ме споредуваш со власта. Од економијата освен субвенциите во земјоделството за ништо друго не се согласувам.

И да, националист сум. Ако сакаше да ме навредиш, само тој дел „таканаречена“ ме навреди. бидејќи јас не сум „таканаречен“ националист.

и почнавте да ја вртите вашата партија кон "мајка" Русија. За таква политика немавте подршка од УСА и НАТО и со таква програма не стартувавте кога победивте и кога УСА ве подржуваше... Потоа направивте либерален визен режим за руски државјани , пуштивте да влезе руски црн капитал , руски објекти почнаа да се градат и додатно покрај ембаргото кое почна да го спроведува УСА и членките на НАТО кон Русија заради Крим и Украина, вие гледавте не само наши производи туку дури и немакедонски производи кон кои пак Русија имаше поставено ембарго да извезувате во Русија... станавте најголеми поборници во Европа за таканаречениот турски тек , а кога видно УСА застана спротивно на таа политика преку медиумите и гласнговорници дури од бината пуштивте антиамерикански и антинатовски говор , а врз тоа го испративте претседателот на парада во Москва, кога цела западна хемисфера ја бојкотира...
Ова се веќе глупости и немаат врска со нешто што сум го пишал, те молам кога ме цитираш да ги коментираш моите ставови, а не ставови на некоја политичка опција и да коментираш нешто што некој друг направил, да го ставаш во мое име.
 
Прекрасни медиуми имаме. Имаш изјава на министер за надворешни на една од двете најголеми сили во светот, директно поврзана со Македонија и мораш да ја најдеш на бугарски...

„В'ншни фактори са причина за с'битијата в Македонија”, зајави Лавров в реч пред горната камара на парламента в Москва. Тој доп'лни, че Македонија е тласкана по п'тја на с'битијата в Украјна и јемен, т'ј като е отказала да подкрепи антируските санкции и е дала зелена светлина за прокарване на тр'бата на газопровода „Турски поток”.

„Много опасно е, че в момента нјакој се опитва да задејства албанскија фактор. Преди много години имаше сериозни противоречија и тогава беше подписано Охридското споразумение. А сега започна да се говори, че Македонија трјабва да се федерализира или даже по-далеч, изказват се идеи - зашто ли да не б'де разчленена: една част да б'де дадена на Албанија, а друга на Б'лгарија”, каза Лавров.
 
@jamajka со оваа мислење ја привршувам дискусијата, џабе е очигледно
1.Прво кажа дека не се анти-запад, после кажа дека од 2008ма се, после рече дека запад се дистанцира од нас. Мислам, дај истолкувај ми некаква логика на ова што го пишеш, никаква кохезија нема.
2. Сценаријата се, незнам, нема таков збор а да пишам нешто искрено ќе ме банираат дечките од администрација, На унијата и нато гледаш на прв непријател, за сценаријата за поделби незнам дали си сериозен, а легислативните фактори и фактичките состојби за неутрална држава не ги знаеш очигледно - за ова сум сигурен, консенсуален договор меѓу етникумите не е предуслов за неутралност... Третата опција како сценарио ја знаеш најдобро, нејзе ја застапуваш индиректно.
3. Другиве "предавници" немора да ги образложуваме, тие станаа предавници у моментот кога дечките у влада решиле да се иде со агендата "Што ќе ни е ЕУ?", владо, најчевска, коља и слични се колатерална штета, па сега се разнебитувачи,грци, делат народ, местат избори, судии итн итн
 
Утре ке го пренесат и ке биде топ вест.
 
Уметноста во политиката е националниот интерес да биде подржан од страна на победникот , а ако не е подржан никако не смее да се бара подршка за националниот интерес од лузерот.

Народот е најголем национален интерес на една држава која има победнички дух... Сите оние држави кои го губат физички народот поради иселување или бела смрт се осудени на подолг временски период кон пропаст.
 
@jamajka со оваа мислење ја привршувам дискусијата, џабе е очигледно
1.Прво кажа дека не се анти-запад, после кажа дека од 2008ма се, после рече дека запад се дистанцира од нас. Мислам, дај истолкувај ми некаква логика на ова што го пишеш, никаква кохезија нема.
Значи ставрно не ме читаш. Јас зборам за народот. После 2008 почнува да расте антиНАТО расположението во Македонија. Не зборам за владата. Владата можеби игра анти-НАТО улога последнава година, кога најверојатно ја имаат и они информацијата дека се спрема Сиријско сценарио за Македонија.

2. Сценаријата се, незнам, нема таков збор а да пишам нешто искрено ќе ме банираат дечките од администрација, На унијата и нато гледаш на прв непријател, за сценаријата за поделби незнам дали си сериозен, а легислативните фактори и фактичките состојби за неутрална држава не ги знаеш очигледно - за ова сум сигурен, консенсуален договор меѓу етникумите не е предуслов за неутралност... Третата опција како сценарио ја знаеш најдобро, нејзе ја застапуваш индиректно.
Пиши слободно што сакаш, јас нема да те пријавам за навреда, па и нема да те банираат ако не приметат. За неутралност на државата треба да има воља, друго ништо. Ако има концензус и кај Албанската и кај Македонската страна, све тоа можеше да се договори до сега. Сега мислам дека е касно за такво едно сценарио. И третата опција е нешто, не што јас застапувам. Туку нешто што ни е останато единствено можно решение кое има какви такви шанси да заврши со држава која ќе се вика Македонија. Може не во оваа целина што ја имаме. Но за жал тоа ни е тоа што ни преостанува.

3. Другиве "предавници" немора да ги образложуваме, тие станаа предавници у моментот кога дечките у влада решиле да се иде со агендата "Што ќе ни е ЕУ?", владо, најчевска, коља и слични се колатерална штета, па сега се разнебитувачи,грци, делат народ, местат избори, судии итн итн
Тоа не е нивни избор. За нив најдобро ќе беше да не примеа во ЕУ и НАТО. Ќе беа суперхерои меѓу народот, пошто НАТО и ЕУ е Mission imposible. Инаку предавниците јас не ги гледам кај СДСМ. Никогаш тоа не сум го рекол ниту во оние моменти кога највеќе ја критикував опозицијата во 2008 кога ги обвинив за имбецилно дејство како опозиција, која ќе и го отвори патот на владеачката партија кон самоволието кое сега за жал го гледаме. Јас предавниците ги гледам во Милчин и Најчевска и нејзе сличните, кои по се изгледа ја влечеа за нос челниците на опозицијата последните 9 години. Тие се гнидите, а не СДСМ, заради нив јас неможам да застанам на таа страна и да ја искритикувам владата. Пошто јас не делам страна со такви гниди.
 
Народот е најголем национален интерес на една држава која има победнички дух... Сите оние држави кои го губат физички народот поради иселување или бела смрт се осудени на подолг временски период кон пропаст.
Кој го промовира ова а? Кој ги исмејуваше мерките на владата за многудетно семејство, против абортусот, кој ги уништува моралните нормативи? Истите тие Милчин, Најчевска Кочо и компанија кои примаат странски пари за да опстанат, и ти застана на нивната страна, рамо до рамо со нив.[DOUBLEPOST=1432156887][/DOUBLEPOST]
„Много опасно е, че в момента нјакој се опитва да задејства албанскија фактор. Преди много години имаше сериозни противоречија и тогава беше подписано Охридското споразумение. А сега започна да се говори, че Македонија трјабва да се федерализира или даже по-далеч, изказват се идеи - зашто ли да не б'де разчленена: една част да б'де дадена на Албанија, а друга на Б'лгарија”, каза Лавров.
Сигурно јас не го слушнав ова за да го пропагирам, ниту пак Лавров го чита форумов за да го прочита од мене.
 
Последно уредено:
Сигурно јас не го слушнав ова за да го пропагирам, ниту пак Лавров го чита форумов за да го прочита од мене.
Може од Мартин Протоѓер го слушнал, па решил да помогне малце. :D
 
официјална тирана кажа дека славомакедонците го тероризираат невиното цивилно население, ги велича командантите на учк загинати во куманово,дека тие биле таму да бранат...........

во мкд опозцијата кажува дека власта организирал акција во куманово со цел спречување на пад на власта,дека полицијата играла камај...........власта вели дека опозицијата е предавничка.........колку се тие соединети,а ние разединети,Господ нека им е напомош на Македонците во западните и северозападните краишта на “државава“
 
Кој го промовира ова а? Кој ги исмејуваше мерките на владата за многудетно семејство, против абортусот, кој ги уништува моралните нормативи? Истите тие Милчин, Најчевска Кочо и компанија кои примаат странски пари за да опстанат, и ти застана на нивната страна, рамо до рамо со нив.

Заборави да кажеш и за одселувањета на народот од Македонија во западниот свет - се разбира....
 
Заборави да кажеш и за одселувањета на народот од Македонија во западниот свет - се разбира....
И тоа да. Но сега пак еден интересен факт ти го пропушташ (ненамерно). Кај Албанците овој тренд е поголем него кај Македонците(не само во процент, туку и по бројка), па ете, не влијае врз квалитетот на нивниот национализам, ниту пак врз компактноста на националниот интерес. Тоа е така бидејќи кај нив не постои бела смрт, која е уствари клучна за тоа што не снаоѓа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom