Албанија го користи правото на вето на барањето на Македонија да стане членка на НАТО

  • Креатор на темата Креатор на темата vonKarajan
  • Време на започнување Време на започнување
Не пренесуваш како што треба, никаде не рече дека тие се бореле за демократија.



Охридскиот договор не е почитуван, целта на Охридскиот договор не беше само вработување на албанци (а за жал ни тоа не е почитувано, денес имаш 18,5% застапеност на албанците).
Договорот требаше да се имплементира до 2004та година, потсетете ме која година сме денес?

Дека имаше намера да се прати порака дека Македонија се бори против тероризмот, се гледа по тоа што повторно рекоа дека овие од групата се бореле и во Блискиот исток и имале за цел да убијат 8000 цивили, што е лага голема исто како со тие од Монструм кога рекоа дека се бореле во Авганистан против западот.
Исто како што се лажеше дека убиените пакистанци кај Раштански лозја биле терористи кои имале за цел напад врз странските амбасади.
Исто како што се лажеше дека албанците од Сопот поставиле мина за да убијат НАТО војници. (замисли)

Во Косовските медиуми информираат или дезинформираат дека Македонските служби поставиле контакт со некој од групата.
Се појавила информација дека најмалку двајца се луѓе на македонските служби.
Се појави информација наводно некој од приведени рекол дека во моментот кога се предале имало 2 убиени од групата, некои биле повредени, од кај сега 10 убиени. (или 14 како што велеа, кај им се 4)
8 месеци ги следеле (или 20), и повторно успешно влегоа среде град.
Па нели да се бориш за права е синоним на да се бориш за демократија? Каква лајнена демократија и права сакате вие ко цела западна Македонија е полна со албански знамиња, ваши градоначалници владеат на сите градови што ги сметате за албански, струја не плаќате? Кажи ми ти што ви фали вас толку за да земете пушки и да убивате демек правата си ги барате? Оди види Тетово какво беше пред 15 години и види сега какво е по тој охридски договор да ти е срам да одиш по улиците. Али кажав за мнозинството од вас соживот значи само вие да владеете и пак нема да бидете задоволни на крај.
 
Нема шанси да се ослободат тие луѓе, во оваа држава и невини луѓе не се ослободуваат како што е Сопот. (Бучковски јавно, Јанкуловска преку телефон рекле дека тие се невини).

И барањата што ги читам на косовските медиуми, не се за ослободување, туку бараат телата на убиените да се вратат на Косово, протестираат на односот на косовските институции спрема нивните граѓани кои се измачуваат во Македонија.

Велат дека Али Ахмети ги издал.

http://botasot.info/lajme/406732/mirsad-ndrecaj-donte-ta-shpalle-republiken-e-ilirides-foto/
Брат извини не можам да разберам што пишува затоа што не знам албански (претпоставувам дека е албански јазик)
 
Ако ни е...сега кај и да е ке почнат да бараат да се ослободат, тие биле на подрум, ништо не знаат. Ова е дело на македонски компљутер кој работи против големо албанска кауза.
Чудно ми е како дечките од специјалните единици се воздржале да не им свирнат куршум у глава за да се спречат понатамошни проблеми.
Ај да се надеваме дека Русија во иднина ке престане да не игнорира и конечно да покажеме кој е газда во наша куќа.
Гневот е голем кај народот, ако ситуацијата у иднина ескалира агресорот нема баш многу добро да помине.
 
Еди Рама отворено збореше за ГОЛЕМА АЛБАНИЈА.
Од друга страна, големите сојузници Русија и Кина навлегуваат на Балканот, а посебно Македонија, Грција, Србија и Унгарија им се од најголем интерес поради тоа што треба да бидеме транзит на 70% од рускиот гас за Европа и транзит на кинеска стока преку најавените кинески железници, автопати и канал Солун-Вардар-Морава-Дунав. Кина веќе го зеде најголемото грчко пристаниште Пиреја, а се градат во Македонија автопати со кинески кредити.

Иредентистите кои се` уште сонуваат за Голема Албанија се во голема паника од стравот од доаѓањето на Русија и Кина на Балканот, па затоа може да се сомневаме дека се прават очајнички обиди да се дестабилизира Македонија и да се направи некое сценарио кое ќе води кон создавање Голема Албанија.

Ако дојде Русија и Кина во Македонија, тоа ќе значи крај на сонот за голема Албанија. Затоа и е оваа ујдурма против Грујо. Во 2001 г. не лажеа дека ЉуБчо и Тачи ќе ја делеле Македонија, а испадна дека војната била исценирана заради наметнатиот Рамковен договор и територијалната поделба на РМ која води кон федерализација и албанизација.

Но, Грујо некако ми делува многу сигурен, ко да има ветер во грбот, па се прашувам да не ужива случајно голема поддршка од Кина и Русија?
Еве само што не почнало. Турски гасовод стигна до граница а руски и кинески братски војски идат од север. Пред да истрескаш уште глупости потсети се Пастирот какво партнерство потпиша во 2009 та година по самитот на НАТО во Букурешт со америчкиот тиранин? И сега како, на папир евроатлантиста у душа русофил? Па уште кога ќе ми текне на 2006 та кога портокаловата боја преобвладуваше на неговите митинзи, по теркот на портокаловата револуција, дури и портокалови кравати носеше, за да пред неколку дена обвини некого за украинско сценарио. :brlav:
 
Така е брате! Затоа треба да му простиме за сѐ на Грујо! Особено за амнестијата на воените злосторници кои во името на Голема Албанија вршеа воени злосторства врз неалбанци немуслимани.

Не знам која е логиката, заради твој личен проблем, да се менува насилно Грујо и да се донесат полтрони кои ќе работат несвесно или свесно на проектот Голема Албанија???
 
Не знам која е логиката, заради твој личен проблем, да се менува насилно Грујо и да се донесат полтрони кои ќе работат несвесно или свесно на проектот Голема Албанија???
Мој личен проблем?
Па јас не сум толку голема личност за да некој ме поистоветува со македонскиот народ. Иако, сите маки кои ги трпи овој народ од бандава криминалци, ги чувствувам како мои маки.
 
Стануваат се понервозни и понервозни некои структури на Балканов. Ако, убаво е тоа. Бар ќе се отворат картите до крај.
 
Стануваат се понервозни и понервозни некои структури на Балканов. Ако, убаво е тоа. Бар ќе се отворат картите до крај.
Сакаш конфликт? Ако сакаш конфликт трпи си го само ти, јас нејќам да не ми постое родната земја. Не бива не знаеме кој зад што си стое и кој каков е, ама се е политичко лицемерие. Замисли си остваре се проекто Голема Албанија (што лично би го дал животот тоа да не се случе), мислеш ли дека Бугарите нема да сакат да ја земар Источна Македонија?
 
Сакаш конфликт? Ако сакаш конфликт трпи си го само ти, јас нејќам да не ми постое родната земја. Не бива не знаеме кој зад што си стое и кој каков е, ама се е политичко лицемерие. Замисли си остваре се проекто Голема Албанија (што лично би го дал животот тоа да не се случе), мислеш ли дека Бугарите нема да сакат да ја земар Источна Македонија?
Некогаш конфликт е неизбежен. Не е битно што сакам јас, битно е што се случува. Досега, беше многу нејасно. Сега, сеуште е доста нејасно, ама некои работи се подрасчистуваат. Валда за 2-3 недели ќе знаеме точно што и како е.
 
Еве само што не почнало. Турски гасовод стигна до граница а руски и кинески братски војски идат од север. Пред да истрескаш уште глупости потсети се Пастирот какво партнерство потпиша во 2009 та година по самитот на НАТО во Букурешт со америчкиот тиранин? И сега како, на папир евроатлантиста у душа русофил? Па уште кога ќе ми текне на 2006 та кога портокаловата боја преобвладуваше на неговите митинзи, по теркот на портокаловата револуција, дури и портокалови кравати носеше, за да пред неколку дена обвини некого за украинско сценарио. :brlav:

Кина не гради автопатишта низ Македонија? :) Интересите се менуваат, а односот на големите сили се менува со голем интензитет од 2010 г. наваму.

Да те прашам дали беше на митингот во неделата, каде преовладуваа знамињата на Р. Албанија, каде што имаше скандирања за УЧК и слики на голема Албанија? Или ти вееше знаме на Р. Србија?

После ќе се чудиме како се донесоа 250,000 Косовци, Охридскиот договор и територијалната поделба и уште да не можеме да извлечеме историска поука дека зад секоја насилна промена на режимите во Македонија можеби лежи интенцијата за создавање услови за Голема Албанија???
 
Некогаш конфликт е неизбежен. Не е битно што сакам јас, битно е што се случува. Досега, беше многу нејасно. Сега, сеуште е доста нејасно, ама некои работи се подрасчистуваат. Валда за 2-3 недели ќе знаеме точно што и како е.
Јас не знам што не ти е јасно, ама темава е за дискутирање па преку дискусија моземе да ти разјаснеме што е случува. Во кратки црти Македонија се најде помеѓу Русија и Америка, и не опфана нас прљавата игра на Американците. Дуго нешто?
 
Сега, кај да е ќе почнат протести и кај нас за бруталноста на славомакедонската полиција, во Косово веќе почнаа (Почна хајка: Oд терористи, борци за слобода – Протест за ослободување на уапсените во Куманово).


Албанија стави вето на приемот на Македонија во НАТО

По Грција, и Албанија го користи правото на вето на барањето на Скопје за Македонија да стане членка на НАТО, објавија порталите Балканеу и Албеу, како и голем број албански сајтови.

Ова денеска го соопштил премиерот Еди Рама во Тирана. Ова е првпат Рама да зборува за „одмазда“ на албанската влада против соседна Македонија, велејќи дека Албанија нема намера да го прифати пристапувањето на земјава во НАТО ако Охридскиот договор не е целосно исполнет.

За време на неговиот говор на регионалната министерска средба за борба против тероризмот, на која учествуваат министри за внатрешни работи на неколку европски влади, Рама се фокусирал на настаните во Куманово и зборувал за аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО.

Тој се осврнал на настаните во Куманово и кога го соопштил ветото на Албанија. „За жал, во Куманово, зборовите 'тероризам' и 'Албанец' беа сплотени во обид оваа етничка група да се нарече терористичка. Ова е неприфатливо не само за нас, туку и за македонската држава. Мора да ѝ биде јасно на оваа земја дека Албанците остануваат конститутивен државен играч во земјата. Нема поопасно нешто што може да ни се случи во борбата против тероризмот од употребата на поимот тероризам заради решавање на македонските настани. Мешањето на овие термини ќе биде неприфатливо за нас, исто како и теророт што го преживеаја невините жители на Куманово… Сè што ние сакаме е стабилна Македонија, Македонија во НАТО, но не безусловно, или поради воени судири. Македонија не може да стане членка на НАТО без гаранција на Охридскиот рамковен договор“, рекол Рама.

Рама рекол дека ги поддржува напорите на сите земји од Балканот, вклучително и на Косово, за влегување во НАТО, но што се однесува на Македонија, „ги поддржуваме сите напори за барање излез од кризата, но од Самитот во Велс (во септември 2014) бараме и да се донесе одлука дека најважната работа е гаранција за спроведување на Охридскиот договор“.

„Албанија ќе го поддржи влегувањето на Македонија во НАТО откако соседната земја целосно ќе го спроведе Охридскиот договор“, додал премиерот.

Така, Албанија стана втора земја по Грција што става вето против Македонија во пристапувањето на НАТО.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година и има право на вето, како и секој друг член на оваа најголема воена организација во светот.
 
Јас не знам што не ти е јасно, ама темава е за дискутирање па преку дискусија моземе да ти разјаснеме што е случува. Во кратки црти Македонија се најде помеѓу Русија и Америка, и не опфана нас прљавата игра на Американците. Дуго нешто?
ОК, значи Македонија не е по свој избор во таа игра. И сега, чаре? Или да капитулираме веднаш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom