Еди Рама отворено збореше за ГОЛЕМА АЛБАНИЈА.
Од друга страна, големите сојузници Русија и Кина навлегуваат на Балканот, а посебно Македонија, Грција, Србија и Унгарија им се од најголем интерес поради тоа што треба да бидеме транзит на 70% од рускиот гас за Европа и транзит на кинеска стока преку најавените кинески железници, автопати и канал Солун-Вардар-Морава-Дунав. Кина веќе го зеде најголемото грчко пристаниште Пиреја, а се градат во Македонија автопати со кинески кредити.
Иредентистите кои се` уште сонуваат за Голема Албанија се во голема паника од стравот од доаѓањето на Русија и Кина на Балканот, па затоа може да се сомневаме дека се прават очајнички обиди да се дестабилизира Македонија и да се направи некое сценарио кое ќе води кон создавање Голема Албанија.
Ако дојде Русија и Кина во Македонија, тоа ќе значи крај на сонот за голема Албанија. Затоа и е оваа ујдурма против Грујо. Во 2001 г. не лажеа дека ЉуБчо и Тачи ќе ја делеле Македонија, а испадна дека војната била исценирана заради наметнатиот Рамковен договор и територијалната поделба на РМ која води кон федерализација и албанизација.
Но, Грујо некако ми делува многу сигурен, ко да има ветер во грбот, па се прашувам да не ужива случајно голема поддршка од Кина и Русија?