D
Daedalus
Гостин
Темава е премногу опширна и потребни се страни за да пишам сѐ што имам на ум, ќе пробам да бидам краток, а останатото да ѝ го оставам на дискусијата којашто следува.
Реалноста се дефинира како постоењето на „нештата“ такви какви што се, а не како што се замислени/перцепирани, а семантиката како еден од показателите дека сме свесни, е елементарна при дефинирањето на феномените и нивната природа.
Тоа ја подобрува дебатата и премисите врз основа на кои се дебатира. Многу е важно сите да ја имаат прифатено истата дефиниција за да не постојат конфликти кои би се јавиле како резултат на различно сфаќање на зборот „реалност“. За разлика од зборот „постоење“кој е поврзан со физичката манифестација на нештата, зборот „реалност“ го вклучува и постоењето на апстрактната/социјалната реалност.
Дали за да постои реалноста треба априорно да има опсерватор или е независна од истиот? Дали ако никој не го чул звукот, звукот постои? За социјалните вистини, потребен е свесен агент, посебно за феномените и вистините коишто се дефинирани според нивната функција, а не само според природата како и тие коишто се социјална реалност (пари, идеологии, економски уредувања). Но за феномените коишто се такви поради својата природа, барем во макрокосмосот, опсерваторот не игра никаква улога во постоењето на нештата, така што примерите за двојна решетка и други неинтуитивни појави коишто се дел од „законитостите (ако постојат такви)“ на квантната механика се нерелевантни за дилемата околу природата на макрофеномените.
Што е научниот метод?
Првенствено, малку историја. Научниот метод може да се најде во аналите на Милетската школа, дејноста на Асиро-вавилонските математичари/астрономи ако не и поодамна.
Слика 1. Средновековна алатка за „мерење“ на ѕвездите (квадрант)
Провлекувајќи се низ текот од светогледи низ годините, мрачното доба (Роџер Бејкон), обележувајќи ја својата прва револуција заедно со етиката низ 16-17 век што довело до Просветлувањето ( појавата на илуминатите) во 17-18 век и цутот на Њутновата физика, истата почнала да трча по временската лента за да го доживее својот втор огромен подем со индустријализацијата во 19 век. Наидувајќи на носталгичните романтичарски кругови - тогашните критичари, науката подоцна била еден од поважните двигатели на културата и свеста во 19 и 20 век. Носејќи ги новите теоретски модели во физиката/хемијата, паралелно на тоа, влијаела на појавата на футуризмот и авангардната уметност, развојот на филмовите/фотографијата, популарната музика и литература, популаризирањето на научната фантастика како жанр, технологијата/компјутеризацијата (Туринг) и се впила во скоро секој агол на храбриот нов свет.
Иако науката довела до автоматизацијата, а автоматизацијата првенствено довела до поефективно користење на фосилните горива и другите енергетски ресурси, тоа не поминало без последици кои се диктирани од економските пориви на луѓето, а се одразуваат на екологијата. Сепак, енергетиката, инженерството и производството го бележат својот подем во 20 и 21 век со тоа што научниците и инженерите наоѓаат нови методи за користење на алтернативните извори на енергија и обновливите наспроти фосилните горива што веќе е друга дебата.
Модерната западна филозофија (Попер, Расел и други...) го осознала научниот метод како новата епистемиолошка алатка за осознавање на реалноста и како можно идејно решение на долготрајната борба помеѓу емпиризмот и рационализмот. Секако, одредена пропорција од филозофите на модерната ера не го прифатиле научниот метод како најсоодветен, а некои од причините се разглобени во делото „Структурата на Научните Револуции“ од Томас Кун.
Слика 2. Карл Попер, застапник на критичкиот рационализам
Друг од проблемите е тоа што науката не го решава проблемот „што е/што треба да биде“.
Не сакам да навлезам во водите на скиентизмот и да тврдам дека науката може да ја замени етиката, естетиката и другите филозофски полиња на проучување коишто се поврзани со социјалната реалност. Социјалните науки се соочуваат со овој проблем, „цврстината“ на предвидувањето дадено со познатите тези, е помала бидејќи постои случајноста позади човечкиот фактор. Oвa може да биде поврзано со недостатокот на добри мерни инструменти или со природата на човекот, зависно од позицијата која ќе биде земена околу природата на свеста, детерминизмот и слободната волја.
Што конкретно преставува научниот метод?
Научниот метод не е верување. Научниот метод е збир од алатки коишто пробуваат да го донесат опсерваторот најблиску до тоа што би можело да биде вистина притоа тежнејќи кон тоа да се исклучи пристрасноста на тој којшто ги врши опитите на различни начини.
Практично, научниот метод се состои од различни процеси коишто вклучуваат, создавање на хипотези, негирање на хипотезите, тестирање на хипотезите и зависно од резултатите при опитите, создавање на теории или побивање на тезите. Зависно од меѓусебната зависност на феномените, потоа се вршат објаснувања на истите со тоа што се дефинираат преку други феномени и ако се оди ад инфинитум, стигаме до првични премиси на коишто се темели, а тоа е постоењето на материјален универзум со различни законитости коишто може да се испитаат.
Верувам дека подобро е ако дебатата револвира околу тоа дали научниот метод е најсоодветен при осознавањето и објаснувањето на природните појави, а не за тоа дали науката може да биде вметната во етиката и естетиката за што се залагаат некои скиентисти како Шермер и Сем Херис.