ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
А дали можеше да биде поуспешна, пример со помалку или без ич загинати? или со помалце ранети?
Или тоа беше невозможно?
Тоа треба да кажат луѓе што ја разбираат работата и ќе видат со какви информации располагала МВР пред акцијата да започне, каков бил планот и ќе ја оцени реализацијата на истиот. Сигурно можела да биде поуспешна, бидејќи не е совршена. Дека би завршила без ич загинати не сум убеден, ама со помалку можела.

Ама полициска акција во која групата е целосно разбиена во урбана средина, без ниту еден мртов цивил е успешна полициска акција. Со тоа верувам ќе се сложиш?

Инсистирањата дека истата била тежок неуспех, притоа цитирајќи српски Блиц, македонски Фокус или некое бугарско разузнување е ништо помалку од плукање по мртвите.
 
А ти знаеш зошто и кога сакала да даде оставка? Па уште требала да каже на сите медиуми унапред за оставката? Баба Ванѓа да не си?!
Па ти од кај знаеш? Дедо Нострадамус да не си?

Не брани тоа што не е за бранење!
 
Што сакаш да кажеш, дека го направиле Ндрецај на судска медицина или МВР со 3Д штампач? Која логика и перцепција на реалноста, нели?
Не се возбудувај.

Општ впечаток е намалена или целосен недостаток на доверба на граѓаните во институциите на системот. Во ова лудило кое ни се случува, секое инфо треба да се зема со резерва без разлика на изворот. И да се почека пред да се донесе било каков заклучок.

Појасен сум сега?
 
Прво 14 загинати терористи, сега испаднаа 10, еден терорист избегал! Двајца од терористите припадници на МВР! Ахмети бил во контакт со терористите, Груевски знаел! Успешна акција, наредниот ден оставка Јанкуловска и Мијалков! Дај некој нека објасни што се случува?! Овде многу смрди!
За кого и за што загинаа овие луѓе?!
 
Тоа треба да кажат луѓе што ја разбираат работата и ќе видат со какви информации располагала МВР пред акцијата да започне, каков бил планот и ќе ја оцени реализацијата на истиот. Сигурно можела да биде поуспешна, бидејќи не е совршена. Дека би завршила без ич загинати не сум убеден, ама со помалку можела.

Ама полициска акција во која групата е целосно разбиена во урбана средина, без ниту еден мртов цивил е успешна полициска акција. Со тоа верувам ќе се сложиш?

Инсистирањата дека истата била тежок неуспех, притоа цитирајќи српски Блиц, македонски Фокус или некое бугарско разузнување е ништо помалку од плукање по мртвите.
Значи можно е под друго раководство акцијата да биди уште поуспешна - со помалце наши а повеќе нивни жртви или дури воопшто да не дојде до ваква ситуација.
Тоа би било уште поуспешно
 
Кукавички обид и краен апсурд е да се ставаат во ист кош полицајците кои излегле на терен СО криминалците кои влечеле конци со ситуацијата од МВР, каде овие вторите имале информации за таа група, ја следеле, биле предупредувани, им биле праќани материјали и опомени дека постојат ризици за вакво нешто и од кога се деси сето ова, како кулминација се, да излезе дека уствари преговарањето било оставено на некој кој што тригираше конфликт у 2001ва, а нашиот лидер, наследникот на Аце, знаел за сето ова.
Да, секоја критика по МВР се идентификува како критика на тие што се беспотребно изгубени, а не кон неспособните у врхушката на што цели секој овде, тоа е таа подмолна спинерска техника.
 
Последно уредено:
Клопчето полека се одмотува, од “успешна“ акција на вмр полека преоѓа во скандалозна сапуница, за на крај да се дознае кој всушност е кодош а кој гемиџија, тоес да се потврди мојата неоспорлива теза дека тоа што се случи во Куманово е сценарио на грујо мијалков и неговите верни до гроба пријателчиња од учк..
Денес на чај низ дискусија со најблиските мои албанци го збореа токму ова што амети го изнакажа, и дека се ова е местенка од власта за да исценират акција во која вмр и грујо ке испаднат херои во очите на македонскиот народ, нешто налик бродец, а ахмети ќе исчисти стари сметки со некои поранешни борци на учк кои пред извесно време му фрлаа бомби пред штабот, според нив нешто тргнало наопаку во цела оваа ујдурма, веројатно дел од терористите не требало да се најдат на тоа место и во тоа време...
Кажаа и дека амети е усран по што му се гледа на гнасната фаца деновиве, дадена е беса за него, ќе го пратат до кај на живот додека да го осветат... и ете и според нивните кажувања испадна дека држат вода, според ова што го кажа амети на емисијата....
 
Значи можно е под друго раководство акцијата да биди уште поуспешна - со помалце наши а повеќе нивни жртви или дури воопшто да не дојде до ваква ситуација.
Тоа би било уште поуспешно
Секоја акција може да биде поуспешна. И битката на Курск можела да биде поуспешна за Советите, па никој не спори дека е победа. И ти и јас знаеме дека оценка на такви акции не се дава според можноста да бидат поуспешни.
 
Овде има сомнеж за соработка на нашата власт со терористи. За каква успешност збориш?
 
Не се возбудувај.

Општ впечаток е намалена или целосен недостаток на доверба на граѓаните во институциите на системот. Во ова лудило кое ни се случува, секое инфо треба да се зема со резерва без разлика на изворот. И да се почека пред да се донесе било каков заклучок.

Појасен сум сега?

Оценка за довербата на граѓаните во институциите на системот не можеме да даваме ниту јас, ниту ти.
Опозиционерските активисти и приврзаници, не се повеќе од 20% од гласачкото тело, но и нивната доверба во институциите не може никој прецизно да ја процени. Да бидеме реални. Инаку си во право дека секое инфо треба да се земе со резерва без разлика на изворот.
 
Али си призна на алсат јавно.
Али на Алсат кажа дека бил врска помеѓу МВР и терористите. Што не е никаков преседан. Со сите битки и војни досега спротивставените страни комуницирале на некаков начин. Ама тоа е таа википедија експертиза. Човек веднаш мисли дека се разбира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom