ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Како ги возвишувате политичарите, со пиетет, и нетизнам со какви ли не стратегиски потези, стратегии, и нетизнамшто.
Во суштина се една криминална банда, која нема три чисти во глава како да води една држава и еден народ.

Фала му на Бога, има тука таму по некој професионалец во МВР, МО и низ другите, па колку толку да ги зачистуваат лајната на овие 30годишните идиоти, кои немаат еден ден животно искуство.

Со месеци се дискутира политика, кој што би направил, како би направил за да го заебе политичкиот противник, да ги заебе медиумите, другиот да биде шарлатан, итн. Целото внимание и енергија се троши да се сокрие мирисот на базенот со лајна во кој колективно пливаме, и да се најде виновникот за смрдеата. Смрдеата е страничен ефект. Базенот со лајната е проблемот.

Тука има и едни и други кои дискутираат како политичарите играле шах, биле препаметни, секој чекор бил одмерен, пресметан, правилен.

Абе кој ви курац. Кои чекори, кои политики, кои потези, каков шах. Која болест, човече. За две-три години лебот ќе ви е 100% од увозно жито, вие дискутирате високи политики. Месото ви е увозно. Млекото што го пиете ви е увозно. Сирењето што го јадете ви е увозно. Компирот ви е увозен. Гравот ви е увозен. Оризот ви е увозен. Струјата што ја трошите ви е увозна. Швалерите на вашите жени, девојки, сестри ви се увозни. БДП-то ни е увозно.

Во исто време меѓучовечките односи се извитоперени и извртени до степен каде што некоја садо-мазохистичка перверзна оргија излезена од главата на Кјубрик изгледа како романтична комедија.

Кои високи политики од голтари. Голтари. Преродби, земјишта, приватизации, бомби, инвестиции, политики, нетизнамшто.
Земи работи нешто, или иссели се како и секој нормален Македонец со три грама мозок.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Грујо е многу покоректен, изгледа наиво и просто, а всушност е многу паметен и премногу препреден. Затоа го маѓепса народов.

Факт е дека народот најмногу сака да го гледа Сител, сега со дигиталнава телевизија лесно се мери гледаноста, па вестите на Сител моментално се најгледани и со најголема доверба кај народот.
Секако, слободна волја на народот е кому да верува, може секоја тв да ја гледа, ама изборот паѓа на Сител, па Мтв, на канал 5 итн.
Абе маѓепсан еден тебе со тенџериња по глава да те лупаат пак е џабе. За тебе само лекот да ти излезе маѓепсаноста е по џеб да те маваат со 50% придонеси. Само тогаш ти бегаат маѓиите од пред очи.[DOUBLEPOST=1431595814][/DOUBLEPOST]
Грујо е чекор напред во тој поглед, сака избори, имаше еден куп предвремени избори. Е сега имало некои нерегуларности(не ништо повеќе од нерегуларности со кои се служеле сите до сега), но претежно победата е неоспорна, кај Македонската популација не можат да се направат толкави изборни манипулации како кај Албанците за да влијаат многу на резултатот. Можеби 1 пратеник преку сила.

Додека Заев воопшто сака без избори да дојде на власт, се служи со истите оние лицемери кои ги плукавме за време на Смилковци заради изјавите кои ги даваа. Мислам дека овдека сите патат од амнезија.

Тука не се работи веќе за тоа дали Грујо треба да си оди или не. Они сами си ги смкнале гаќите. Тука се поставува прашањето зошто Заев (по се изгледа намерно) ја матка целата безбедносна ситуација во државава.

Дали ги примети луѓето што беа уапсени? Слободно прочешлај ги видеата и ќе приметиш дека сите беа тазе шишани, баш пред да се предадат. Тоа знаеш ли зошто е, за да прикријат дека се од ИСИС. За да стекнат симпатии дека всушност не се терористи, дека се борци за човекови права. За да го свртат вниманието на јавноста и да продолжи ова лудило што ни се случува.

Пак ќе го поставам истото прашање што го поставив на 21 Април. Ама овојпат на тие што го следат Заев.

Тој на од 11 Мај веќе ја тргна тезата дека е ова местенка на владата и отиде на картата неспособност на институциите. Но дали го одговори ова прашање?

Чудо како тоа тие што се „свесни“, се всушност селективно свесни и логиката им работи само еднонасочно, или многу полошо само во насоката која ќе ја одреди Заев. Уште потрагично е тоа што скоро сите(барем тука на форумов) тврдат дека се неопределени. Значи Заев успева да манипулира луѓе кои и не се со негова, условно кажано, идеологија.

Ова што се дешава, нема врска со политика, нема врска ни со Грујо ни со Заев, ова е поголемо од нив. Војската на Бугарија не случајно оди на западната граница, колку и да се исмејуваме на Бугарите, они своите одлуки не ги носат на база на медиуми со дневнополитички контент. Снимките и тоа што воопшто се дешава во државава, не е ништо ново и е нешто што скоро никого не изненадило. Зошто тогаш волкава фама, си се запрашала ли? Демек има докази? Ова на суд не поминува и самата си свесна на тоа, ако размислиш трезвено. Ова во најмала рака ќе остане како една од поголемите афери во современа Македонија и тоа е све. Ниту некој ќе оди во затвор, ниту ништо. Све е ова веќе видено. Зарем Заев ќе ги дава тендерите на вмро-вци? Зарем Заев ако начека да манипулира 5-6000 гласови нема да го направи тоа? Зарем нема неразјаснети убиства за време на владеењето на другите. Па син му на Верушевски уби човек во сообраќајка.

Мене тоа што ме плаши се индикациите што покажуваат дека нешто не е во ред од безбедносен аспект. 150.000 избегани од Косово. Упад на брадите во ИВЗ. Куманово, Илирида, начинот на покривањето на западните медиуми........

Мене ме плаши битушанец со маѓиине искрено. Си велам да не ми фрлил овој Заев маѓија некоја па јас вака се на лошо да го гледам премиеров наш насушен, храбар борец, одлучен, самоуверен, чист почист не е забележан во Европа. И тоа што викаш сака избори имаше предвремени избори - и сеа наеднаш не му се сака да си стане од столчето за да се исчисти терен каде само малкуцка манипулирал де еден пратеник за да има повторно избори. Што му ја дума толку? Он така самоуверен ова за него не би требало да претставува проблем чим народов е маѓапсан. Ако е така како што вие овде се утепавте од зборење он уште утре треба да поднесе оставка. Одма под итно, бидејќи он не се плаши од народот народот го сака го почитува, народот знае дека он само малце манипулираше и крадеше. Колку да се рече украде 1%. Или не украде ништо?

Заев е кучка на Албанците сега, затоа пак Грујо ги реши овие 9 години. Абе не мрднаа! Каде пак ти он се служи со истите оние лицемери од Смилковско. Таква фигура како него издрма се овие 9 години, не смее никој да писне. Што ти е закон човек кажи а? Амнезијата е тешка ствар изгледа колективно патиме сите.

Да тука не се работи дали Грујо ќе си оди или не, туку ќе си оди. Ме чуди он толку јак играч, се процени до сега, самоуверен еден Заев да дозволи безбедноста да му ја матка пред нос. Многу јак не ти се чини овој Заев што кредити земаше од Комерцијална за кампања?

Дали ако ти кажам дека сум комуњар и го поддржувам Заев ќе ти дојде полесно кога ќе дискутираш со мене? Или неопределени само како Владе признаваш? Ќе падне и оваа власт ќе дојде и нова власт јас велам тогаш најдобро ќе видиме кој се независни, а кој се зависни. Како беше правилото до 2009 ти текнува? Абе остајте ги вие преку ноќ сакате ебаве луѓето ебаве. И ноќта некако се продолжи до денес.

Мое мислење е дека следниот премиер ќе биде запаметен како најлошиот во историјата на Македонија. Ти да седнеш на овие кредити, на ова налудничаво крадење по институции, на овој кошмар од систем - дефинитивно треба да си луд. Со политичкава криза кога ќе ни ги залепат сега рејтинг агенцииве оценките им да се пукне од смеење следниот премиер.

Ама во никој случај Грујо да е виновен пу пу бог да чува.[DOUBLEPOST=1431596223][/DOUBLEPOST]
Тоа што го кажав се факти кои се лесно достапни. Еве на пример доколку имаш некој во Телма за да не биде Сител и 5ка прашај и ќе видиш. Фактот е дека А1 манипулираше со рејтингот.
Затоа Сител и Канал 5 за да ја исправат грешката на А1 совесно и чесно продолжија да го информираат народот. Професионалност до висина на Курир. Сите заедно имаат висок рејтинг за најголемиот колач од владини реклами да паднат на нивна сметка. Фирми секој новинар во овие телевизии отвори. Фактите говорат дека Ивона е побогата за 1 милион евра поради фактот дека А1 манипулираше со рејтингот.
А пред фактите и боговите молчат нели :)
 
Последно уредено:

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814

И ти си на голема мака.

Нешто спомна за некој си твој сон за некаков замислен иден премиер, дека ќе бил најлош. Па ако бара 200% провизија од се` и сешто, нема ментален капацитет да менаџира со буџетот и да изведе еден проект за добро на државава, како нема да биде најлош премиер?!:pos: После се чудевме зошто немале пари да изградат едно школо и платите во администрацијата биле 7000 денари, а во “приватизацијата“ исчезнаа 15 милијарди долари:busi: . Таква Македонија не сака македонскиот народ.
Не дека овие нешто се добри, ама народот секогаш го избира помалото зло.
 
Последно уредено:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Манипулациите во рејтингот А1 не ги правеше од политичка причина туку чисто од финансиска, за да го продаде поскапо рекламниот простор. Затоа и беше забелешката во која се коментираше гледаноста, а не објективноста. Јас не сум тој што ќе каже за објективноста пошто не пратам Македонски телевизии воопшто. За информирањето ниеден медиум не може и не смее да најде оправдување со работата на другиот.
Токму така. Ти не пратиш Македонски телевизии воопшто, но ете по некоја случајност знаеш што известуваше А1 и зошто го продавала рекламниот простор. Но за разлика од А1 ете по истата случајност незнаеш што се случува денес во Сител и Канал 5. Уште почудно е тоа што Сител го паметиме и претходно од нефинансиски причини нали како го продаваше рекламниот простор.

И како би дискутирале ако вака ги поставуваме работите? Како битушанец и маѓиите?

Имам чувство дека Вмро не беше на власт овие 9 години кога дискутирам со вас. Бидејќи секој збор што ќе го напишете се однесува за некој друг. Може ли да те замолам да напишеш еден толку долг пост како оние претходни во кој умешно ќе го опишеш владеењето на груевизмот во Македонија изминативе 9 години? Само се разбира без Заев, сдсм и „успехот“ на Грујо. Тоа секој ден го пишувате. Еден таков критички осврт од политички обоен лик како што и преходно напомена дека си. Грујо згреши овде и овде украде толку и толку милиони, го уништи медиумскиот простор итн. Сите сме возрасни и имаме очи, верувам дека во исто време живеевме во грујевизмот. Повели ќе ми биде чест да го прочитам освртот. Задржи се на криминалите повеќе да видам што си забележал во ова владеење.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Афера ги тресе ДПМНЕ,афера ги тресе и СДСМ.Ни се деси Куманово и голема трагедија.Заев продолжува со бомби,не се задоволува само со смена на министри,сака да го бутне Груевски и да дојде на власт.
Мене едно нешто не ми е јасно.Ако падне Груевски,Заев ќе дојде на власт? Без избори?
Кој му дава легитимитет? Народот,мнозинството? Сигурно не.Ако има избори ја сум сигурен дека пак ќе изгуби,а ако дојде со удар на власт,од оваа држава ништо нема да остане.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Веројатноста поддржувач на вмро, односно вмровец да признае дека вмро згрешиле, било каде е еднаква на тоа есдеесовец да земе да поработи нешто.
Ниту едното ниту друго ќе се случат.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Афера ги тресе ДПМНЕ,афера ги тресе и СДСМ.Ни се деси Куманово и голема трагедија.Заев продолжува со бомби,не се задоволува само со смена на министри,сака да го бутне Груевски и да дојде на власт.
Мене едно нешто не ми е јасно.Ако падне Груевски,Заев ќе дојде на власт? Без избори?
Кој му дава легитимитет? Народот,мнозинството? Сигурно не.Ако има избори ја сум сигурен дека пак ќе изгуби,а ако дојде со удар на власт,од оваа држава ништо нема да остане.
Повеќето тука што сакаат да пладне оваа власт not necessarily сакаат да дојде Заев. Нека си победи ВМРО регуларно на избори ама кога сите овие хоштаплери кои се сега на власт ќе завршат зад решетки. Што има тука нејасно?
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Афера ги тресе ДПМНЕ,афера ги тресе и СДСМ.Ни се деси Куманово и голема трагедија.Заев продолжува со бомби,не се задоволува само со смена на министри,сака да го бутне Груевски и да дојде на власт.
Мене едно нешто не ми е јасно.Ако падне Груевски,Заев ќе дојде на власт? Без избори?
Кој му дава легитимитет? Народот,мнозинството? Сигурно не.Ако има избори ја сум сигурен дека пак ќе изгуби,а ако дојде со удар на власт,од оваа држава ништо нема да остане.
Затоа се бара "да се формира преодна влада и да се создадат услови за фер и регуларни избори".
Ова не се мои зборови, од устата на Заев се излезени.

Инаку, од кога @bitushanec ги изруга своиите за законот за придонеси, почнаа стварите да им се распаѓаат. Coincidence или Битушанецот е платеник на странска служба? We will never know.:brlav::blablab:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667

За да има регуларни избори, нужно е да се направи попис. 13 години немало попис во државава, немаме појма колку сме, а јас би се кладел дека жители моментално во Македонија има колку што е официјалното гласачко тело (или приближно). Што значи дека во избирачки список има вишок 100-150 илјади што е огромна бројка.
Ретко некој тука бара Заев туку така да дојде на власт, ко прво не е демократски тоа. Она што треба да се случи сега според мене е да има преодна влада, која ќе направи попис, ќе се прочисти избирачкиот список, но потребна е и правна разврска на овие аудио-снимки презентирани од Заев. Прво, реална проверка на автентичноста и доколку испадне дека се автентични второто е судска разврска. Е тука на обвинителна клупа да седнат Груевски, Јанкуловска, Миле, Ставре и уште неколку луѓе. Секако и Заев да не биде поштеден доколку се утврди дека сторил криминал. Демократијата важи за сите, а не сега да ги осудиме дпмнеовците, а сдсмовците да ги остаиме.
Вербата во институциите може да се реставрира единствено со преодна влада (па би рекол и експертска, барем во клучните ресори-министри, заменици и државни секретари), како и промена на државен јавен обвинител.

http://a1on.mk/wordpress/archives/490500?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook
ДПМНЕ и коалицијата со митинг во Скопје на 18ти.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Дали ако ти кажам дека сум комуњар и го поддржувам Заев ќе ти дојде полесно кога ќе дискутираш со мене? Или неопределени само како Владе признаваш? Ќе падне и оваа власт ќе дојде и нова власт јас велам тогаш најдобро ќе видиме кој се независни, а кој се зависни. Како беше правилото до 2009 ти текнува? Абе остајте ги вие преку ноќ сакате ебаве луѓето ебаве. И ноќта некако се продолжи до денес.
Секој си има свој став, и ти си имаш свој став. Мене не ми е гајле дали си ти сдсм, неутрална или вмро. Впрочем во политиката кого подржуваш во моментов со него си. Може не декларативно ама фактички е така. Иначе јас немам проблем да комуницирам со тебе, ниту пак некогаш сум имал, ниту пак некогаш сум бил негативен во однос со тебе, без разлика дали си имала спротивно мислење од мене. Јас пак ќе повторам, ниту добивам ниту губам со смена власта. Ниту пак ќе ми се загрози позицијата на мене или на моето поблиско семејство. Јас губам само доколку Македонија се дестабилизира, така да Грујо и Заев може да играат пинг понг ако сакаат со фотељите, мене ме интересира само безбедноста.

Токму така. Ти не пратиш Македонски телевизии воопшто, но ете по некоја случајност знаеш што известуваше А1 и зошто го продавала рекламниот простор. Но за разлика од А1 ете по истата случајност незнаеш што се случува денес во Сител и Канал 5. Уште почудно е тоа што Сител го паметиме и претходно од нефинансиски причини нали како го продаваше рекламниот простор.
Јас го знам фактот од причина што работата ми беше таква во моментот, се бавтав со софтвер за рејтинг по телевизии, и ја знам приказната од таа страна, а како што реков не од објективноста на известување. А како што кажав, ни тогаш, ниту пак сега сум гледал телевизија, освен за светско првенство во фудбал.

Имам чувство дека Вмро не беше на власт овие 9 години кога дискутирам со вас. Бидејќи секој збор што ќе го напишете се однесува за некој друг. Може ли да те замолам да напишеш еден толку долг пост како оние претходни во кој умешно ќе го опишеш владеењето на груевизмот во Македонија изминативе 9 години? Само се разбира без Заев, сдсм и „успехот“ на Грујо. Тоа секој ден го пишувате. Еден таков критички осврт од политички обоен лик како што и преходно напомена дека си. Грујо згреши овде и овде украде толку и толку милиони, го уништи медиумскиот простор итн. Сите сме возрасни и имаме очи, верувам дека во исто време живеевме во грујевизмот. Повели ќе ми биде чест да го прочитам освртот. Задржи се на криминалите повеќе да видам што си забележал во ова владеење.
Со маинстримот што го имаме успесите на политичките партии се мерат во тоа колку останале на власт, колку избори победиле и слични работи. Така да грешен човек си нашла да прави проценка на власта. Дури и тие нешто субвенции што ги добивам се минорни во однос на целокупниот приход што го имам и нема да ми влијае врз квалитетот на животот, доколку не ги добивам. Можеби тоа е причината што и не пратам и не се замарам со дневна политика.

Како што кажав претходно, 7 години не сум пишал ништо на форумов за Македонска дневна политика, а тоа што го кажувам за безбедносната состојба го имам како информација и го кажувам на форумов 3 месеци пред да почнат бомбите и пред воопшто да знам дека ќе има бомби. И што е најважно, Грујо и Заев како личности или политички партии воопшто не се причината што јас ова го зборам, туку нивните дела исклучиво во моменталната безбедносна ситуација.

Така да многу грешно си ме ставила и сватила, а изгледа и доста си ме потценила во однос на моето поимање на работите.

И на крајот на краиштата јас бев тука кој се жалеше на имбецилноста на опозицијата пред 7-8 години која требаше да биде клучен фактор за корекција и контрола на владеењето, и искрено да не беше безбедносната ситуација ваквиот опозициски притисок(без насилни протести), би го дочекал со поздрав.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
За да има регуларни избори, нужно е да се направи попис. 13 години немало попис во државава, немаме појма колку сме, а јас би се кладел дека жители моментално во Македонија има колку што е официјалното гласачко тело (или приближно). Што значи дека во избирачки список има вишок 100-150 илјади што е огромна бројка..
Нема потреба од попис за избори. Треба само да се исчисти избирачкиот список. Да се проверат лични карти кои имаат престој на иста адреса итн.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.272
За да има регуларни избори, нужно е да се направи попис. 13 години немало попис во државава, немаме појма колку сме, а јас би се кладел дека жители моментално во Македонија има колку што е официјалното гласачко тело (или приближно). Што значи дека во избирачки список има вишок 100-150 илјади што е огромна бројка.
Правото на глас е уставно гарантирано на секој граѓанин на Република Македонија и никој не може да го ограничи на основ на статистичка операција. Дури и 1.2 милиони жители да се избројат, повторно во избирачкиот список ќе има околу 1.7 милиони гласачи. Причината е едноставна. Во книгата на државјанства, која е единствено релевантна за избирачкиот список, има запишани околу 2.2 милиони жители.

Попис и изборен список се најочајниот обид за оправдување на поразите. И редовно го форсираат, дури и луѓе што имаат титула универзитетски професори. Тоа, само по себе е тажно.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Треба прочистување и на избирачкиот список. Таму има починати лица, после има лица кои емигрирале во странство, тие ваљда треба во друга изборна единица да бидат (7-9)? Сега не знам точно како иде за овие изборни единици.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Повеќето тука што сакаат да пладне оваа власт not necessarily сакаат да дојде Заев. Нека си победи ВМРО регуларно на избори ама кога сите овие хоштаплери кои се сега на власт ќе завршат зад решетки. Што има тука нејасно?
А што ако Груевски нејќе да се повлече,а судскиот спор го добие? И пак ако победи на избори,што правиме?
Затоа се бара "да се формира преодна влада и да се создадат услови за фер и регуларни избори".
Ова не се мои зборови, од устата на Заев се излезени.

Инаку, од кога @bitushanec ги изруга своиите за законот за придонеси, почнаа стварите да им се распаѓаат. Coincidence или Битушанецот е платеник на странска служба? We will never know.:brlav::blablab:
Ја сум сто посто убеден утре да има избори Заев пак ќе изгуби.Абе избори не се добиваат со селфија со терористи и нивни доушници на место каде 24 часа претходно загинале наши деца на нечии родители.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.358
Поени од реакции
84.580
Ја сум сто посто убеден утре да има избори Заев пак ќе изгуби.Абе избори не се добиваат со селфија со терористи и нивни доушници на место каде 24 часа претходно загинале наши деца на нечии родители.
...туку со амнестирање на воени злосторници и социо-економско уништување на обичниот човек.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom