ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Мијалков поднесе оставка - Канал 5
Screenshot_6.png

Само јас мислам дека оставка е малку???



И каков договор потпишал Заев со Иванов за необјавување информации? edit>My bad, за седницата вчера било.
 
Последно уредено:
Чавков е професионалец и добро ќе го води министерството. Сега исклучително битно е некој да го пополни местото на Мијалков уште утре.
 
Мијалков останува на сите партиски функции. И мислам дека во наредниов период ќе покаже дека моќ се акумулира околу личност, а не околу фотеља. :)

Ќе се оствари твоето предвидување изгледа, мини реконструкција, судскиот процес, пресудата, нови избори.

Само овој терористичкиов напад ја здрма работата повеќе од шо требаше
 
Ќе се оствари твоето предвидување изгледа, мини реконструкција, судскиот процес, пресудата, нови избори.

Само овој терористичкиов напад ја здрма работата повеќе од шо требаше
Јас мислев дека реконструкцијава ќе биде во јуни-јули. Америте малце го убрзаа процесот.
 
нека го приберат Никица во МВР, со инспекциите негови само за таму е.
 
Јас мислев дека реконструкцијава ќе биде во јуни-јули. Америте малце го убрзаа процесот.
Изнудени оставки. Кумановскава акција беше предупредување на оние кои вчера и денеска ги викаа нашите политичари на пеење. Толку од сувереност. 8те полицајци сега на чива душа одат?
 

Ова пред 8 часа ми падна на око, знаев дека не спремаат за нешто :) Ете и од пропагандите на Курир има корист.

Ако ја прочитате веста, таму се вели дека Борисов поднел оставка, а потоа победил на следните избори :) И демек сега тоа било добар рецепт.

Многу гревови имаат направено овие луѓе, ако не завршат во затвор, сигурно ќе завршат негде далеку од Македонија, немаат лице да излезат на улица.
 
Ауу пичкиве се испоткажааа, барем машки да издржеа а не вака да бегаат како кукавици. Само се надевам овие другиве нема да сокријат последните две бомби.
 
Изнудени оставки. Кумановскава акција беше предупредување на оние кои вчера и денеска ги викаа нашите политичари на пеење. Толку од сувереност. 8те полицајци сега на чива душа одат?
Изнуден тајминг, на планирани оставки. Не баш изнудени оставки.
 
„Секогаш ќе бидам тука за Македонија и за нашиот народ. Најголема чест во животот е да служиш на својата татковина Македонија на одговорна позиција. Позицијата што ми беше доверена ја извршував патриотски и одговорно, пред се во интерес на земјата и граѓаните, и секогаш смело и одлучно пристапував кон секоја задача." - Сашо Мијалков, 12.05.2015

Го читам и му се чудам. Па и Љубе е тука. И Пауновски е тука. И Љубчо е тука. Сите се тие тука во нашите сеќавања, да не потсеќаат, кои на предавството, кои на крајната неспособност, непрофесионалност и корумпираност кога се кршел 'рбетот на државата. Историјата му посакува "топло" добредојде во редот на гробарите на независна Македонија.
 
Не треба да терам политика на ваква тема, но ај веќе кога почнавте... Според мене, овие оставки дополнително ќе ја зацврстат партијава што е на власт. Луѓето бараа оставки, ете им дадоа оставки... ова е еден вид на стратегија власта да ја затне опозицијата со бомбите што ги пушта. Нормално Заев ќе ги пушта бомбите и понатаму барем додека не го уапсат (големи се шансите тоа да го сторат овие од власта). Со оставкиве им даваат само слободни раце на другиве министри што ќе дојдат на нивните места да почнат да го спроведуваат апсењето на Заев.

Ова е еден вид повратен одговор на власта на оние што протестираа пред влада и што бараа оставки од функциите на дотичните министри. Ова никако не иде во полза на опозицијата... а што се однесува до Груевски, тешко дека ќе го напушти премиерското столче

Немам партиска книшка ниту од едните ниту од другите, ова е мое лично мислење/видување на настаните што ќе следат
 
Изнуден тајминг, на планирани оставки. Не баш изнудени оставки.
Без разлика, фактот дека сме уценети од западот со Кумановската група е многу загрижувачки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom