Што точно кажал Стојанче?
Еве настрана веродостојноста. Какво значение има сумата на парите?
Зошто не кажал, кој плаќал и како?
Ја ти кажав што кажа Стојанче. Има снимки за тоа и тоа дали кажал вакво нешто или не, никој не го доведува во прашање.
Јас реков дека е факт тоа што го кажа. Толку.
После се деси што се деси.
Зашто не кажал кој плаќал и дали тоа не го кажал, зашто не го кажал банкарскиот рачун на кој легнале парите, дали он имал вошки и спиел на таван, е друга работа и не е у сфера на факти.
Сеа збориме за факти.
Америте не сакаат да го тргнат Груевски, тие првенствено сакаат да се прекине со изградбата на гасоводот. Се друго е споредно, и договор/исплата локалните колаборатери.
Не се ова факти ова е твое мислење (кое е делумно точно).
Мое мислење е дека Америте сакаат да го тргнат Груевски и сакаат да се прекине работата на гасоводот.
За тајмингот, како што ти инсинуираш за „бенефитот“ на Груевски - било кој може да инсинуира и за „бенефитот“ на опозицијата (нов материјал за критика, или други шпекулации).
Но што е со реалноста на тие шпекулации дека демек се спречуваат демонстрациите? Дали беше прогласена вонредна состојба? Беа ли спречени новите демонстрации вчера, денес, утре?
Риалити чек?
Тука веќе флагрантно ја игнорираш објективноста и здравото расудување. И ова добро покажува дека зад твојата објективност можеби се крие нешто друго и за некого тоа би било е доволно да сфати на која страна дуваш. Оттука некој би си помислил дека можеби е излишно да се прават обиди за сериозна дискусија со тебе. Исто како со Ireal, мкд влада и другите билбоарди со кои е невозможна двонасочна размена на информации, пошто нели, билбоарди се тоа. За еднонасочен проток на информации.
Што би рекле, ја користиш надтактиката на власта - да се праиш на удрен.
И? Зарем сега ќе разговараме и за тајмингот на одморот на женатаму на ЗЗ?
Ова се врвните докази дека ВМРО или СДСМ стојат зад настаните во Куманово??
Зборуваме за факти. Факт е дека конгресот у Куманово беше закажан за 9-ти мај (има вест од 18 март). Преместен е една недела порано. Тоа е факт.
Од тоа, ти ако можеш да вадиш поврзаност со било што, бујрум.
Не знам колку е ова факт. Ама што ти е понентата со тоа?
Јас напротив гледам сличност меѓу Арачиново и Куманово, од аспект на тоа дека е факт тоа што терористите запоседнаа поголема населба - канејќи ги нашите на урбано војување.
Па, како што реков, факт е дека неброено многу пати е потенцирана разликата во спремноста и обученоста на сегашните безбедносни сили со истата кај оние од 2001-ва. Тоа непрестајно потенцирање е факт.
А тоа дека борбата е ваква или таква, е мое согледување. Твое е дека ова личи на Арачиново и за тоа ти давам право. Ќе повторам мене ова ми личи на местенка, која може само одвнатре да се направи. Тоа е шпекулација, моја. Не е факт.
Ти мислиш Албанциве од внатре наместиле. Ја викам и Албанци и Македонци се у спрега тука, за местенкава.
За колку пари ти би идел да војуваш под опсада во урбана војна?
Од друга страна, дали вахабис’ би гинел за 72 девици?
Овие се според тебе исламски фундаменталисти кои работат за ИСИС или слична кауза?
Тука повторно се правиш на удрен и повторно некој би го добил погорниот заклучок во врска со тебе.
Размисли бе малку со тоа главата, ти бар не си затуцан и глуп како повеќето овде.
Ни ти не си затуцан, нити глуп, само се повеќе некој би добил впечаток дека си одработувач на нечии болни амбиции газот да го задржи у фотеља, макар и со жртви.
Еве и јас сакам да се смени власта,
да, сигурно
Генерално, се сложувам со твојот геополитички поглед, во врска со новата студена војна енд стаф, но тоа што избегнуваш да ги согледаш (- ова е благо кажано) ургентните приоритети на внатрешно-политички план, прилично доста те компромитира во мои очи. Но што сум јас, јас сум само еден човек, а не цел народ. Моето мислење е небитно, али како и да е, ќе си го кажам.