Исповед на припадник на полициските сили:
“Не знам од каде да започнам но од некаде ќе морам.Слава им на колегите кои беа убиени во Куманово, но зошто !? Најпрво да се запрашаме кои се убиените колеги, станува збор за припадници на единицата “Тигри” но повеќето млади и неискусни, можеби ова и да им беше прва и за жал последна акција. Од разговор со колегите се претпоставуваше да се случуваат вакви монтирани напади, како можни локации беа предочени Куманово и уште неколку села во околината на Скопје каде има мешовито население. Цела ситуација е со многу нејаснотии. Како тоа косовари ја преминале нашата граница, а имаме гранична полиција ? Кој тоа и по чија наредба се пуштени таканаречените терористи ? Од какви рани се починати колегите? Од каде е пукано ? Зошто во вчерашната прес конференција министерката Јанкуловска го лажеше цел народ дека состојбата е ставена под контрола кога утринава имаше повторно акција. Како тоа стануваше збор за униформирани лица во црни одела, а приведените беа во цивилна облека ?
Сега почнуваме и со одговорите на прашањата.
Пред два дена колегите од посебните единици беа донесени во Скопје, под изговор дека има сомнение дека ќе има терористички напади. Па се чекаше околу 10 часа за да започне акцијата. Еден од поврдените колеги ми кажа дека станува збор за добро обучени лица кои што едноставно се спремни за ракување со оружје, имаат и познавање од боречки вештини, што можело да се види од движењето на истите. Говореле на повеќе јазици, српски, руски, албански а мислам дека еден зборувал и на француски, што е јасно дека станува за порачан инцидент со највероватно дебело платено сценарио. Ајде да го подледнеме денешното видео од апсењето кое го објави МВР, како најпрво човек во бела кошула е застанат од кај полицијата, па подоцна истиот човек со лисици на рацето го носат во полициско комбе. Кој е сега будала ? Зошто никој не кажува дека колегите од ДБК цела вечер имаа работа и испрашуваа “терористи” од месното население на кумановското “Диво насеље” ? Кои беа тие гревови кои беа испрашувани ? Тие луѓе немаа ни Т од терористи да бидеме јасни. Имам искуство од 23 години до сега сум видел и сум бил во повеќе ситуации сум учествувал во повеќе акции, но како оваа последнава не сум видел никогаш. Бледа режија, боливудски филм. Би замолил за анонимност поради лудата министерка која што вчера се шминкаше пред да има прес конфренција за да изгледа натажено, иако сите и ја знаат бездушноста, до сега требаше 100 пати да си поднесе оставка, само сега не е моментот за тоа. Во некоја наредна прилика за оружјето во МВР што го има,а понекогаш и го нема … За крај уште еднаш наклон до земја за невините убиени колеги кои што беа само топовско месо сервирано од … се знае кој …