Зашто увек кога ДПМНЕ е на власт а СДС опозиција се дешаваат срања..2001,Кале,Смилковско,ова сега..?
Цитро, ај малце разграничи го тоа мозокот твој и тргни си ги тие ограничувања кои ги имаш и кажи ми зашто би им одговарало на сдсм во МОМЕНТОВ ова ?
Зашто ти го потенцирам баш овој период, па сдсм колку време се опозиција, знаеш ? 2 години ? 3 ? 4 ? или цели 9 години, во тие 9 години кога они го зададоа најсилниот нивни удар кон власта ? Дап, токму овој период, и токму овој период заличија на права опозиција, вртете ја како сакате ама на Македонија ко држава и требаше посилна опозиција која силно ќе удри на политиките на власта, е тоа моментално може и за прв пат сериозно се случува во оваа 9 годишна ера на владеење на дпмне, тоа е Факт. Факт е и дека опозицијата во овие 9 години била анемична, губела на избори, го имаа и Бранко, беа во ФУЛ состав, и во ниту еден наврат не се обидоа да исценираат нешто вакво. Зашто бе сега, кога за прв пат ко опозиција во овие 9 години сериозно и се спротиставија на власта, би се обиделе вакво нешто да направат, и тоа пази, да ризикуваат да ги фатат теористите живи и да почнат да пеат, а веројатноста за тоа беше голема, што и се случи како што гледаш.
Зашто бе би правеле нешто вакво пред вадење на клучни материјали во јавност, пред масовен протест кој би бил еден од помасовните во модерната историја на Македонија...
Еве, постави си ги овие прашања и барај логика зашто они токму ова би го направиле, па зар ќе чекаат цели 9 години, и баш у моментот кога во свој посед имаат нешта кои и штетат на властите, баш во момент кога на власта и се отворија низа фронтови со студенти, средношколци, стечајци, они би удриле на ваков ризик и би сценирале нешто вакво, за да после го јадат за век и векова. Измозгај бе човек, не е тешко, не алудирам ја на ништо, ама да речеш дека ова е сценарио на Заев и сдсм е во најмала рака, Дебилно.