Бегај бе, цели 4 години само вадеше деца на табла, ќе кажеше една реченица ти преведи ја и толку. Кај мене искрено немаше добар впечаток оставено, но морам да признаам знаеше на крај на година да попушти, но сепак морам да бидам објективен.
Имаше и случка кога на соученик мој му врза шамар пред два класа, па овој сакаше да направи сцена, да иде кај директоркава, ама некако се заташка целата работа и од тогаш детето имаше 5ка и никогаш не го чепкаше
Мене Флорита класна ми беше 2 години, ептен добра беше, не знам зошто но морам да се пофалам, изгледа еден од поомилените и` бев

И да, од Лешок беше, овие рамковните и те како ги мразеше, но тоа е. Ни кажуваше некои приватни работи зошто ги мрази, но мислам дека нема потреба тука да ги наведувам. А како класна секоја и` чест, мислам дека што ќе наумеше, тоа го правеше, до крај!
Иванка наглувата имаше една добра случка со мене: ја прашувам проф. што оценка добив на тестот и она ми одговара „ќе научиш“, и` враќам абе што оценка добив, таа повторно: „тоа што треба, тоа што е од темата“. Секако, се откажав и не дознав што добив, но важно пак правев тест

Срцка беше, кога ми кажа дека 4ка ќе ми стави за крај година, мислев дека ме зафркава, тоа навистина пиша

А имаше и навика да ми вика „Стефче низ прозорче“, е сега зошто сакаше да ме џитни низ прозор до ден денешен не знам
Секако заборавив и некои други професорки:
Лозанка историја (легенда, штета што замина во пензија), колку само сум дебатирал со неа. Е сега што имаше некои што беа, ај да кажам глупи, па немаа големи оценки кај нејзе, бидејќи испрашуваше со отворен учебник да и` ја објасниш сликата (а до сликата цел текст, само да го прочиташ)

Бидејќи Лозанка замина во пензија, Билјана не` превзема. Искрено ја сметав за втора класна бидејќи многу ни идеше муабетот (е што де, врти-сучи накај политика терав, не за џабе и на тоа се запишав). Кој што правеше, само јас кај неа зборев, не оти сакав толку многу, туку зошто овие не знаеа некои најопшти работи историја

Една година и Каролина македонски ми предаваше, и таа беше опасна жена, ама мислам дека Флорита е врвот, страв и трепет, се има жестоко расправано за нас (класот) со многумина од колегите/колешките.
Физика не знам колку ја знаете Мелита, вечно мигрената и` работеше

Ама човече напорна беше, морам да признаам, бараше знаење, што искрено мене сега на факс и не ми е потребно

Лимонка, ах, легенда и таа, дали пее или главата си ја клати, мистерија ќе ми остане

Глишо ликовко, чудно типче, кое мислам дека е многу разбран човек.
Кај спортистите морам да ја споменам и Шишкова, ебате човече, мислиш земјотрес беше кога доаѓаше

Биологија кај Билјана (една така покрупничка, белким е уште таму) што и` правевме. И` украдовме тестовите, копиравме, напишавме дома, на сред тест заменивме и цел клас добивме 4 или 5 (4 моравме да ставиме кај некои за да не биде сомнително)

За одговарање да не зборам, учебникот со нас на предна клупа и читај, она вечно на тој малиот лап-топ нешто правеше, ах среќа имаше ова е-дневник, само внесуваше.

Еден од професорите што најмногу ги почитував(ме) е Владимир што предаваше Вовед во право (а мислам дека е или беше и во правната служба нешто). Разбран човек, човек што си стоеше на зборот, а види дека нешто знаеш, не те гњавеше, туку ти ставаше 5ка и за малку кажано, но доколку навистина си го сфатил материјалот.
И секако, по новиот предмет Бизнис и претпиемништво и по Економија ми предаваше исто така една ептен млада Биљана. Искрено интересно човече

Штета што немаше и како неа повеќе професор(к)и