Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Па се разбира дека во 2009 ниту Заев ниту Верушевски знаеле дека ќе има Турски тек, но објавувањето на материјалите не се случило во ниту една од претходните 5 години.Без разлика од кога биле материјалите, нека биле и од праисторијата. Заев јавно ги најави материјалите уште ПРЕД да биде најавен Турски тек. Следува дека нема врска.
Впрочем оваа теорија, е кувана во пропагандистичките кујни и заслужува верглање и анализа исто колку и нападот врз Ивона Талевска или протестот на автобусите.
А впрочем, твојата теорија за внатрешно политичка пропаганда не е валидна бидејќи имаш официјална нота од Русија за “Пуч“ во која зазема про-владина позиција.
Од моментот кога се објавува можноста за руски гасовод низ Македонија има директна врска со напорите на Опозицијата за промена на Власта, што би го загрозила проектот, кој воедно е и против интересите за Западот.
http://www.hurriyetdailynews.com/russia-to-build-macedonia-gas-pipeline-possible-turkey-route-link.aspx?pageID=238&nID=79572&NewsCatID=348[DOUBLEPOST=1431100430][/DOUBLEPOST]
Тој заострен вокабулар носи порака до Власта и секако дека не мора да ги пресликува политичките односи во однос на други параметри дали тоа се ММФ и слични.Пих, ова го нарекуваш критика. Па брату знајш ти како се однесуваат САД и ЕУ кон режими кои сакаат да ги рушат, досега ќе имаше политичари на црна листа и замрзнати имоти во странство, во најмала рака бизнисмените блиски до власта ќе беа на црната листа.
Ова е само галење, колку за пред народ да се кажи некој укор. Пред некој ден од ЕУ бевме пофалени како најдобра економија на Балканот, ММФ и Светска банка не тапшаат по рамена и нудат финансирање. Освен некој погруб вокабулар, нивните постапки ти личи дека се против оваа власт?
Во поглед на прислушкувањето, кога Германија им дозволила на НСА да ги прислушкува нивните граѓани, тогаш нашиве мислиш не го дозволиле истото?
Јас како што ги ценам настаниве, најлогично објаснување ми е дека, нашиве беа посрани од страв на почетокот оти не знаеја дали САД стои зад сето ова, сега откако разбраа дека не се америве вмешани, сега немаат гајле и мува не ги лази.
Не мора веднаш да дојде до радикализирање на односите, бидејќи сеуште постојат шанси за пазарење.
Доколку Владата се синхронизира со сите услови и барања на САД и ЕУ тогаш може да си владее вечно. Без разлика колку му греши на народот, дури и да воспостават Шеријат овде, на никој надвор нема око да му трепне.
Правилата на Западот не важат за земји како Македонија, колку и да влечеме паралели, првенствено поради тоа што Заев досега ќе добиеше соодветен третман на оној на Сноуден и Асанж или Бредли Менинг.
А нивните Влади никогаш не би дозволиле губење на власта, нешто кое се бара во Македонија, иако се неспоредливо поголеми нарушувањата на приватноста и обемот на прислушкуваните материјали кај нив.
Последно уредено: