Надворешни односи на Македонија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Ова демек на мене се однесува? :)
Многу банално и сељачки навредливо - тоа се одлики на неук малограѓанин.
Впрочем тоа редовно се случува кога еден ограничен ум мора да се соочи со непријатна реалност - когнитивна дисонанца и немир. Од тоа произлегува целата потреба за непријателство и вербална насилност - со цел отргнување на умот од непријатната вистина со која индивидуата не сака да се соочи.

На пример, еден ден сите мора да умреме - когнитивна дисонанца, удри некоја чаша ракија за да не мислиш на тоа.
Друг пример, си открил дека девојка ти те вара со некој покондурен газда - когнитивна дисонанца, напрај се ѓон во кафана со другарчињата и плачи како магаре.
Трет пример, прекрасниот морален и толку демократски запад, ни спрема уште една војна и нови страдања во Македонија - когнитивна дисонанца, пишувај им на посвесните од тебе сексуални конотации со Сорос во хомосекусална улога на Роко Зигфреди.

Можеби ќе ти текне на муабетов ако и овде почнат како во Украина да паѓаат бомби наокулу (скраја да е).
Со оглед дека најчесто ти си тој кој почнува со навреди на овие страни, ПОСЕБНО со лепење на етикети, не би требало да те секира Роко Зифреди (без г).

Да се вратиме во контекст на Македонија, ако сега и овде почнат да паѓаат бомби, тоа нема да биде заради некој далечен запад или исток, туку само и само заради нашата политичка состојба и околните држави со сите нивни аспирации кон Македонија.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Па остани тогаш во контекст на темата @teneke - наместо да посочуваш твои сексуални фантазии за Сорос во хомосекусална улога на Роко Зигфреди... и потоа да спинуваш како јас сум почнувал да навредувам. Демек не можеме да прочитаме позади кој што напишал.

Туку нејсе, не ми одговори: зошто сега се случуваат немири во Македонија? Зошто не се случуваа немири кога Турски Тек не постоеше, а ете се прислушкувало уште од 2009та?

Можеш да се натераш себе си да размислиш и да дадеш одговор на ова?? Или ќе се браниш со фантазии за Сорос и Роко Зигфреди?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
За луѓе со толкава фантазија создадена со глупостите што ги чита на интернет секогаш ќе има нешто, а кај нас секогаш има нешто.

Ако не беше Труски тек, ќе беше Вардарска долина, хидроцентралите во Мариово, брзи возови или нуклеарна централа во Свирипичино.

Ти кажаа досега дека е очигледно дека САД стојат зад нашата Влада. Ако има некој вмешан од странство тогаш најдалеку што треба да се гледа е блискиот исток.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
470
Поени од реакции
462
Туку нејсе, не ми одговори: зошто сега се случуваат немири во Македонија? Зошто не се случуваа немири кога Турски Тек не постоеше, а ете се прислушкувало уште од 2009та?
СДСМ ги најавуваа бомбите долго пред воопшто да пропадне калимерата за Јужен тек и дури неколку месеци пред и воопшто да биде НАЈАВЕН Турски тек.

Навистина не можам да те проценам дали си само еден обичен бот и имаш агенда, или си само еден параноик кој паѓа на секакви теории на заговор по интернетов.

Секој со два грама мозок гледа дека теоријата со Турски тек е обична агенда на владината пропаганда и не проаѓа таа глупост.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Ако не беше Труски тек, ќе беше Вардарска долина, хидроцентралите во Мариово, брзи возови или нуклеарна централа во Свирипичино.
Не. Немаше никакви проблеми со „Вардарска долина, хидроцентралите во Мариово, брзи возови или нуклеарна централа во Свирипичино„.

Тогаш кога се појави Турски Тек, почнаа страња, немири и „бомби„. Зошто токму тогаш, зошто не порано или подоцна, а @teneke ?

[DOUBLEPOST=1431091988][/DOUBLEPOST]
СДСМ ги најавуваа бомбите долго пред воопшто да пропадне калимерата за Јужен тек и дури неколку месеци пред и воопшто да биде НАЈАВЕН Турски тек.

Навистина не можам да те проценам дали си само еден обичен бот и имаш агенда, или си само еден параноик кој паѓа на секакви теории на заговор по интернетов.

Секој со два грама мозок гледа дека теоријата со Турски тек е обична агенда на владината пропаганда и не проаѓа таа глупост.
Истото прашање и за тебе, зошто С*СМ како што велиш „ги најавуваа бомбите долго пред да пропадне Јужен тек и дури неколку месеци пред и воопшто да биде НАЈАВЕН Турски тек„. НО ГИ АКТИВИРАА „БОМБИТЕ„ КОГА СЕ АКТУЕЛЗИРА ТУРСКИ ТЕК?
Зошто не порано? Зошто не покасно? Зошто не догодина или преклани?

Пошто ете се фалиш со „повеќе грама мозок„ и демек не си бот, ќе повелиш ли да одговориш на прашањево?

Само веднаш да расчистиме и една друга работа, јас еднакво се залагам и за редовно менување на властите (вклучително и оваа), еднакво се залагам и за непаѓање во замките на очигледно украинско сценарио кое ни го приредува „драгиот„ и „демократски„ запад (сеедно дали преку НВО на Сорос, или како и да е).
Дури сметам дека би требало да се донесе закон со кој политичарите ќе смеат само еднаш во кариерата да бидат на власт само еден мандат.

ОК? Може сега тој офтопик да го оставиме на страна??
Ајде сега одговори ми, еве ќе го повторам прашањето:
Зошто С*СМ „ги најавуваа бомбите долго пред да пропадне Јужен тек и дури неколку месеци пред и воопшто да биде НАЈАВЕН Турски тек„. НО ГИ АКТИВИРАА „БОМБИТЕ„ КОГА СЕ АКТУЕЛЗИРА ТУРСКИ ТЕК?

Зошто не порано? Зошто не покасно? Зошто не догодина или преклани?
 
Последно уредено:
Член од
20 јануари 2008
Мислења
470
Поени од реакции
462
Истото прашање и за тебе, зошто
С*СМ „ги најавуваа бомбите долго пред да пропадне Јужен тек и дури неколку месеци пред и воопшто да биде НАЈАВЕН Турски тек„. НО ГИ АКТИВИРАА „БОМБИТЕ„ КОГА СЕ АКТУЕЛЗИРА ТУРСКИ ТЕК?
Зошто не порано? Зошто не покасно? Зошто не догодина или преклани?

Пошто ете се фалиш со „повеќе грама мозок„ и демек не си бот, ќе повелиш ли да одговориш на прашањево?

Само веднаш да расчистиме и една друга работа, јас еднакво се залагам и за редовно менување на властите (вклучително и оваа), еднакво се залагам и за непаѓање во замките на очигледно украинско сценарио кое ни го приредува „драгиот„ и „демократски„ запад (сеедно дали преку НВО на Сорос, или како и да е).
Дури сметам дека би требало да се донесе закон со кој политичарите ќе смеат само еднаш во кариерата да бидат на власт само еден мандат.

ОК? Може сега тој офтопик да го оставиме на страна??
Ајде сега одговори ми, еве ќе го повторам прашањето:
Зошто С*СМ „ги најавуваа бомбите долго пред да пропадне Јужен тек и дури неколку месеци пред и воопшто да биде НАЈАВЕН Турски тек„. НО ГИ АКТИВИРАА „БОМБИТЕ„ КОГА СЕ АКТУЕЛЗИРА ТУРСКИ ТЕК?
Зошто не порано? Зошто не покасно? Зошто не догодина или преклани?
Значи сакаш да кажеш дека цел процес бил започнат уште ПРЕД и самиот Путин да најави Турски тек, ама се однесува на Турски тек?

Па малку логика мајке му. Зарем не можеш да сфатиш дека светот е резултат на комплицирани, мултифакториелни процеси, само параноичен мозок се обидува да ги симплифицира до едноставни теории кои најчесто не се точни, а ако се точни се недостатачни и некомплетни.

Има солидни објаснувања и за бомбите и за теоријата со Турски тек и без да се вклучуваат дополнителни претпоставки и теории. Occam's razor
Материјалите се дадени на опозицијата од страна на внатрешни вработени, а теоријата за Турски тек е создадена од пропагандата на власта за да ја релативизира моќта на информациите кои се објавуваат и да се влее страв од поголемо непознато кај членството.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Ќе те замолам само да не се расфрлаш толку со Окамовиот Брич - да не се повредиш. Токму наједноставната варијанта е дека некој намерно го „погодил„ тајмингот, наместо случајно да се погодиле стотина варијабли за тајмингот на бомбите да се деси... „случајно„?

САД (а верувам и Русија во подоста помала мера) си имаат свои „проекти„ во многу трети држави - со кои потреба можат да се компромитираат поединци или цели колективи. Таквите компромитирања може да се се и сешто: разни финансиски скандали, криминали, прислушкувања, сексуални девијации, неверства, итн итн. Ова не е ништо ново, тоа е стара пракса на разузнавачките служби на велесилите.
Се работи за општо знаење, не се никакви „теории„ (или како сакаш наречи ги).

Затоа, одговорот на твоето прашање е ДА, ПРОЦЕСОТ БИЛ ЗАПОЧНАТ ОДАМНА. Можеби и пред 2009та, ама извадени се актуелни материјали (зошто кој го интересираат информации за Доста Димова, или за Врапчето, на пример).

Е сега тоа што ти сето ова немаш капацитет да го испроцесираш, тоа што те тепа когнитивна дисонанца - епа тоа не ги прави работиве за кои зборувам, не-можни и не-веројатни (најверојатни, во случајов).
 
Се правиш на будала, не ми е ќејф муабетот со агенди.

На тебе е да одговориш, како тоа ЈАВНО беа најавени бомбите неколку месеци и пред воопшто да постои Турски тек, а видовме дека и тајните преговори Груевски-Заев започнале уште многу претходно.

Како таков процес може да се однесува на Турски тек, ако е започнат пред да биде објавен Турски тек?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Значи сакаш да кажеш дека цел процес бил започнат уште ПРЕД и самиот Путин да најави Турски тек, ама се однесува на Турски тек?

Па малку логика мајке му. Зарем не можеш да сфатиш дека светот е резултат на комплицирани, мултифакториелни процеси, само параноичен мозок се обидува да ги симплифицира до едноставни теории кои најчесто не се точни, а ако се точни се недостатачни и некомплетни.

Има солидни објаснувања и за бомбите и за теоријата со Турски тек и без да се вклучуваат дополнителни претпоставки и теории. Occam's razor
Материјалите се дадени на опозицијата од страна на внатрешни вработени, а теоријата за Турски тек е создадена од пропагандата на власта за да ја релативизира моќта на информациите кои се објавуваат и да се влее страв од поголемо непознато кај членството.
Напротив, внатрешно-надворешните фактори се како дијаграм на интереси кои под дадени услови можат да се пресекуваат.

- Како што дејствувањето на Опозицијата не мора да е во корелација со интересите на Надворешниот фактор, така и дејствувањата на Владата не секогаш се во иста корелација со надворешните фактори.
Тоа значи дека појавата на заеднички точки меѓу Опозицијата и Надворешниот фактор не мора да значи дека е однапред планирана, меѓутоа од тој момент кога се совпаѓаат тие претставуваат заеднички интерес.

На Турскиот тек му претходеше Јужниот Поток, а по двете прашања Владата и САД/ЕУ де факто имаат дијаметрално спротивни ставови.
Во контекст на горново, на Западот му одговара смена на Владата или внатрешна реконструкција која би резултирала со смена на ставот во врска со енергетските проекти од Русија.

Во овој момент тоа оди во корист на дејствувањето на Опозицијата да изнуди промена на Власта, која тешко да се случи без притисок од надвор, без условување на надворешно политичките амбиции на Македонија.

И тоа е причината која ги поврзува Турскиот тек со материјалите за прислушкување.

Од друга страна, морам да те корегирам бидејќи информациите за оваа поврзаност не дојдоа од внатрешно-партиски гласила, туку од странски медиуми и аналитичари кои настаните ги гледаат од поширок агол на нивниот ефект врз опкружувањето.

А и од трета страна, материјалите кои се добиени по пат на прислушкување сигурно опфаќаат информации од многу поширок контекст отколку селектирани внатрешно политички прашања, што разбирливо ќе биде предмет на интерес на било која странска служба, особено на соседните држави.

И од четврта страна, добриот дел од народот кој сака единствено промена на Власта, не значи дека умислено сака да им наштети на државните интереси преку ова саботирање на безбедноста на надворешен план.
Ниту пак значи дека е против Турскиот тек.

Но за жал, не можат да се евангелизираат активностите на Опозицијата, а истовремено да се изостави штетата и ризикот некои работи да излезат од контрола поради вмешување на странски надворешни фактори.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
@840223
Абе некој од нас двајца навистина или се прави будала, или е...

Убаво ти реков дека УШТЕ ОД 2009ТА МОЖЕЛЕ ДА ГИ ИЗВАДАТ ИНФОРМАЦИИТЕ, ПОШТО ОД ТОГАШ СЕ НАЈСТАРИТЕ МАТЕРИЈАЛИ СОДРЖАНИ ВО БОМБИТЕ!!!

Е*аго ми се заглави капслокот.
Ти велам дека во разни трети држави САД си имаат џокер во покер моменти кои ги активираат по потреба. Потреба како на пример кога тие трети држави евентуално ќе се нафатат да градат гасоводот со кој ќе се шири влијанието и моќта на непријателот.
Толку ли е тешко да разбереш ваква едноставна работа?
 
Без разлика од кога биле материјалите, нека биле и од праисторијата. Заев јавно ги најави материјалите уште ПРЕД да биде најавен Турски тек. Следува дека нема врска.

Впрочем оваа теорија, е кувана во пропагандистичките кујни и заслужува верглање и анализа исто колку и нападот врз Ивона Талевска или протестот на автобусите.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Напротив, внатрешно-надворешните фактори се како дијаграм на интереси кои под дадени услови можат да се пресекуваат.

- Како што дејствувањето на Опозицијата не мора да е во корелација со интересите на Надворешниот фактор, така и дејствувањата на Владата не секогаш се во иста корелација со надворешните фактори.
Тоа значи дека појавата на заеднички точки меѓу Опозицијата и Надворешниот фактор не мора да значи дека е однапред планирана, меѓутоа од тој момент кога се совпаѓаат тие претставуваат заеднички интерес.

На Турскиот тек му претходеше Јужниот Поток, а по двете прашања Владата и САД/ЕУ де факто имаат дијаметрално спротивни ставови.
Во контекст на горново, на Западот му одговара смена на Владата или внатрешна реконструкција која би резултирала со смена на ставот во врска со енергетските проекти од Русија.

Во овој момент тоа оди во корист на дејствувањето на Опозицијата да изнуди промена на Власта, која тешко да се случи без притисок од надвор, без условување на надворешно политичките амбиции на Македонија.

И тоа е причината која ги поврзува Турскиот тек со материјалите за прислушкување.

Од друга страна, морам да те корегирам бидејќи информациите за оваа поврзаност не дојдоа од внатрешно-партиски гласила, туку од странски медиуми и аналитичари кои настаните ги гледаат од поширок агол на нивниот ефект врз опкружувањето.

А и од трета страна, материјалите кои се добиени по пат на прислушкување сигурно опфаќаат информации од многу поширок контекст отколку селектирани внатрешно политички прашања, што разбирливо ќе биде предмет на интерес на било која странска служба, особено на соседните држави.

И од четврта страна, добриот дел од народот кој сака единствено промена на Власта, не значи дека умислено сака да им наштети на државните интереси преку ова саботирање на безбедноста на надворешен план.
Ниту пак значи дека е против Турскиот тек.

Но за жал, не можат да се евангелизираат активностите на Опозицијата, а истовремено да се изостави штетата и ризикот некои работи да излезат од контрола поради вмешување на странски надворешни фактори.
Да многу можност, но како што гледаме САД и ЕУ ја поддржуваат оваа власт и се ова паѓа во вода, затоа што само ним им смета Турски тек.
Така да ако има странска служба, тогаш тоа е некоја на која им смета Владата на Груевски.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Следува дека нема врска...
Следува дека ТИ немаш врска. Или се правиш на тошо или не можеш да разбереш. Другите варијанти нема да ги толкувам заради опасност од санкционирање.
Препрочитај ми ги последните два поста, или тој од Братот два-три поста погоре - многу поелоквентно и подобро објасни од мене.

Во секој случај, како што веќе реков - твојата неможност да се соочиш со вистината или едноставно неможност да разбереш, не ја менува вистината.

Што не продужиш да верглаш за Ивона на таа темата со толпата каде се тапшате по рамења, за „демократската свесност„ што ви се разви во последниве пар месеци?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Да многу можност, но како што гледаме САД и ЕУ ја поддржуваат оваа власт и се ова паѓа во вода.
Така да ако има странска служба, тогаш тоа е некоја на која им смета Владата на Груевски.
Доколку ја поддржуваат, тогаш немаше да ја критикуваат преку домашни и странски политички гласила а нивните сегашни и поранешни амбасадори да се мешаат во внатрешната политика со сугерирање на оставки на министрите и премиерот. Но како и да е, интересно како ти дојде до спротивниот заклучок. :toe:

Плус, како што реков, нив ги интересира промена во ставот на Владата по одредени прашања меѓу кои и Турскиот тек. Не конечно промена на партиите на власт.
Не случајно во западните медиуми во кои само избрани соработници и истомисленици на Западот имаат шанса да објавуваат текстови се луѓе како Никола Димитров кој се залага за промена на раководството на владејачката партија.

Не случајно овие иницијативи симптоматично се појавуваат во дадениот момент кога се поклопуваат повеќе интереси.

Невозможно е овие материјали да не предизвикале интерес кај странските служби, дури и во случај тие да не биле директни нарачатели. Во што јас искрено се сомневам, со оглед на обемноста и ризикот на целата операција во 5-те години интензивно прислушкување.
А доколку внатрешна политичка партија била во состојба да ги компромитира службите за безбедност, тогаш крајно наивно е да се верува дека тоа би претставувал проблем за некоја странска служба.

И да нема забуни, ништо од ова не е со цел иземање од одговорност за криминалот на властите кој произлегува од материјалите.
Но исто така од суштинско значење е да се провери кој се ги добил овие материјали и што се’ содржеле.
 
Пих, ова го нарекуваш критика. Па брату знајш ти како се однесуваат САД и ЕУ кон режими кои сакаат да ги рушат, досега ќе имаше политичари на црна листа и замрзнати имоти во странство, во најмала рака бизнисмените блиски до власта ќе беа на црната листа.

Ова е само галење, колку за пред народ да се кажи некој укор. Пред некој ден од ЕУ бевме пофалени како најдобра економија на Балканот, ММФ и Светска банка не тапшаат по рамена и нудат финансирање. Освен некој погруб вокабулар, нивните постапки ти личи дека се против оваа власт?

Во поглед на прислушкувањето, кога Германија им дозволила на НСА да ги прислушкува нивните граѓани, тогаш нашиве мислиш не го дозволиле истото?

Јас како што ги ценам настаниве, најлогично објаснување ми е дека, нашиве беа посрани од страв на почетокот оти не знаеја дали САД стои зад сето ова, сега откако разбраа дека не се америве вмешани, сега немаат гајле и мува не ги лази.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom