@
Inglourious Basterd
... и пак така некако ќе се погоди тој амерички став ептен да им одговара на „нивните интереси„.
Ок, работа на интерпретација - мојата е дека ако САДсе активно инволвирани на целава планета (на некое ниво), секако се инволвирани и во овдешните случувања. И тие овдешни случувања никако не ги прават САД неспособни, скрипта и планови се едно а праксата е друго. Нели колосално се избламираа американските дипломати и во Кипар и во Словачка (или Чешка беше)?
На крај резултатот е единственото нешто што се важи.
Патем погоре наведениот наслов од Република намерно не го коментирав веднаш (засега само Тенеќето се израдува на „веста„). Секако станува збор за лична интерпретација на авторот и никаде на нетов не можам да прочитам дека преговорите за гасоводот се прекинати. Преговорите вклучуваат разни притисоци, ете Русите малку кокетираат со Ерменците (кои патем треба да се приклучат во Евроазискиот Економски Сојуз). Не дека ерменскиот геноцид е толку важна тема за кршење копја, ама сите карти се вагаат во наддавањето. Поскапата цена за гасот е поважна за Турција.