Bibo
Модератор
- Член од
- 9 април 2006
- Мислења
- 4.154
- Поени од реакции
- 4.038
Не разбирам зашто толку сите ограничувате дали можело да се најде работа со ваков или таков пасош. Барањето и наоѓањето работа нема врска со каков пасош си. Демек ако си Македонец, нема да те земат, а ако си Бугарин ќе те земат. Воопшто не ги интересира нив од кај си, ако им требаш и ако ти си најдобар кандидат што се пријавил за работа, тебе ќе те земат, нема врска тоа дали си со ЕУ или Не-ЕУ пасош. Разликата е едино што ако не си со ЕУ пасош, тогаш откако ќе добиеш работа ќе мора самата/самиот да си извадиш право за престој, но реално тоа е чиста формалност, ако имаш најдено работа сигурно ќе ти дадат (освен нормално ако ти пробуваш да извадиш право на престој на основа на некој мини-џоб во Мекдонолдс... збориме треба да имаш права фул тајм работа).
Конкретно за медицинска сестра, со оглед на тоа што (претпоставувам) тоа не е струка со која имаш факултет, би било малце потешко да најдеш работа, од причина што потешко ќе биде тебе да те одберат ако на хартија немаш подобро CV и поголемо искуство од другите кандидати (башка незнаат тие како и колку си обучена, друго е ако имаш конкретна универзитетска диплома). Но реално пасошот не ти прави разлика, ти пробувај да бараш работа...