Од секогаш сум бил нервозна личност, анксиозен тип на личност но не сум обраќал премногу внимание на тоа.
Имам 19 години и имам некои нерационални стравови најмногу од социјални ситуации со симптоми на потење на раце и стапала(исто така и мраз ладни ми се), налив на адреналин, тахикардија. Во последно време понекогаш се чувствувам ко да се гушам, се прашувам дали тоа е од анксиозноста.
Имам комплекс на инфериорност во некои периоди ,а пак понекогаш комплекс на супериорност, сум имал периоди(значи зборуваме за месеци и месеци) на депресија.
У последно време ептен сум за никаде ниту ми се излегува некаде, ниту другари сакам да видам, ниту ми се комуницира со било кој, девојка не сум имал повеќе од година дена ,а со девојка не сум бил неколку месеци, едноставно немам желба за комуникација ,а навистина незнам зошто. Почнав ептен да ги мразам луѓето и многумината од „моите пријатели“ нејќам да ги смислам, најмногу поради нивното однесување кое на моменти знае многу да ме иритира. Сметам дека имам многу токсични луѓе во мојот живот кој едноставно ми ја одземаат целата енергија и секоја интеракција со нив е болка како на спиритуално така и на интелектуално ниво.
Ептен се затворив во последно време и незнам што да правам, сметам дека е време за нов почеток, дека треба да ги исфрлам од животот сите токсични луѓе и ситуации, но незнам како да го сторам тоа ,а впрочем и страв ми е...