Зошто се фати само за умрените, сосема друго ми беше поентата!? Дел од аргументите дека изборите биле нелегитимни беа баш такви некои изговори за умрени, расипани лифтови, измешани избирачки списоци и тн., еве сега беа чисти како солза, што е проблемот!?
Поентата ми беше дека не треба да се бараат глупи изговори, туку машки да се признае дека резултатот не испадна како што очекуваа, а беа цврсто убедени дека после сите овие бомби и протести, ќе направат растур на референдумот.
Зарем досега мислеше дека ќе изгубат? Јас да сум на местото на другиве, не би бил толку убеден во сигурна победа на наредниве избори. Немаат ни приближно толку поддршка колку што си замислуваат.
Навидум има некоја раздвиженост, со месеци се води агресивна кампања, но тоа се само опозициските партиски војници кои се разбудени од зимски сон. Таа е промената, ништо друго. Ако до вчера биле тивки, мрзливи и повлечени, сега добиле малку елан за работа и се активирале привремено.
Ситуацијата е сеуште статус-кво. Референдумов беше еден reality slap и добар показател за моменталното расположение во државава. Ако во најопозициската општина, после сите бомби и протести, добиваат речиси ист број на гласови како и на претходните избори, тогаш што остана за во другите градови и села!?
Претежно, стратегијата им се базира на блеф и спинови. Наводно Груевски изгубил поддршка од народот, што апсолутно не е точно. Партиски полтрони
шеруваат видеа од полу празна сала во Охрид, а уствари видеото e најверојатно снимено пред крај на говорот, кога повеќе од
пола од присутните си заминале.
Години наназад се манипулира со членството од СДС, им се перат мозоци дека сигурно добиваат на избори, за да ги држат буди и активни. Пази, не да изгубат минимално, туку дека сигурно ќе ги добијат изборите. Мислам, која овца треба да си, за да поверуваш во тоа. Имам другари и пријатели од нивното УМС, и секогаш е истата приказна: сигурно победуваме.
Гласачкото тело на вемеровциве е огромно. 200,000 повеќе од опозицијата. Тоа се луѓе кои директно имаат корист и зависат од партија. Не се убедуваат тие така лесно, со спинови и блефирање.
Ова што се случува моментално кај нас, е врвот што може да го направи опозицијата. Подобра прилика нема да имаат никогаш повеќе. На бомби не се надевај повеќе, врвот беше во Универзална, кога платија актер да плаче и да се лигави сосила.
Ако после ова вемеро пак победи (а ќе победи сигурно), ќе направат кадровски промени, ќе закрпат некои дупки во партијата и максимално ќе се посветат онаму каде што загубиле најмногу гласови и каде што се најранливи. Наредниот мандат ќе го сменат името во Вмродонија, лавот на грб е веќе спремен, ќе влеземе во ЕУ и така сите среќни и задоволни ќе си живеат до крајот на нивниот мандат.