- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 5.519
- Поени од реакции
- 18.368
Вејн има пишувано за Македонија уште пред два месеци и наводно организирање на подобрено, апдејтирано издание на Киевски Мајдан со цел рушење на Груевски. Не сум сигурен за авторитетот на овој новинар, но веројатно спаѓа во групата на "алтернативни" новинари кои не се толку изразено експонирани во медиумскиот простор и се цел на измевање и деградација. Тоа и не е толку битно, доколку го земеме во предвид трулото "широкоприфатено" новинарство ака соросоидно со кое просечниот граѓанин е во секојдневен допир а за кое знаеме дека се наоѓа на платните списоци на разни лоби групи, чии политички и економски интереси ги прокламира и пропагира. Пример, Сирија и Украина.
http://m.strategic-culture.org/news/2015/02/16/nuland-attempts-kiev-version-2-skopje.html
Вејн, ако ништо друго, сигурно е жесток критичар на неоконзервативната политика на Американците во моментов.
Сепак, сето ова не го амнестира и поништува арамилукот и криминалот на владејачката "елита". Уште повеќе, само ги прави уште посмешни ваквите тези на Вејн и ги турка во зоната на "теории на заговор" и "абе шо ќе се замараат Америте со нас, кои сме ние, немаме вода во очи".
Сепак, мојата недоумица, поставена уште пред два месеци на форумов, а која уште не ми е решена, гласеше зошто валканиот веш на Владава се извади токму во овој момент, после скоро две-три години и баш во ваков распоред на влоговите на светската геополитичка сцена.