znaci ne gi zakopuvate vo vasite grobista tie novorodeni deca ne krsteni , toa sakav da go odgovoris da ili ne kratko i jasno?[DOUBLEPOST=1429720799][/DOUBLEPOST]
Oвој од видеово објаснува како прваче кое едвај научило да чита, да кажува што пишува во делата на Аристотел и што всушност сакал филозофот да ни каже.
Освен тоа, секое тврдење што го изнесе е лажно.
Писмен си, земи го Светото Писмо и прочитај го, не дозволувај некој што воопшто не се разбира од Христијанство, па уште и лаже, да те влече за нос.
Мој совет: Прочитај ги најпрвин Четирите Евангелија.
1. Аналогијата со водата не е сосема исправна, односно важи само во точката на термодинамичка рамнотежа кадешто во исто време коегзистираат трите фази на водата: течната вода, ледот и водената пареа.
Надвор од точката на термодинамична рамнотежа, водата преминува од една фаза во друга. Така, ако имаш лед, немаш течна вода, ниту водена пареа. Кога ќе се истопи ледот, имаш само течна вода. А кога имаш само водена пареа, немаш ни течна вода, ниту лед. Ваква претстава за Бог имале савелијанските еретици кои верувале дека Бог е еден, а Отецот, Синот и Духот означуваат само видови на неговото делување: Отец - создавање, Син - спасување, Дух - посветување . Според нивното сфаќање, Бог некогаш се објавува како Отец, некогаш како Син, а некогаш како Дух. Кога се јавува како Син, престанува да биде Отец, а кога се јавува како Дух, престанува да биде Син. Верувале дека нема три личности, туку една, која се објавува во три облика (модуса).
2. Овој од видеото тврди дека: „Oва докажува дека е НАУЧНО НЕВОЗМОЖНО дека Отецот, Синот и Светиот Дух се Семожниот Бог“.
Сакаш да кажеш дека ограничениот човечки ум може да докаже, па уште и да тврди дека научно невозможно е нешто за иманентниот и трансцедентен Бог, Створителот на сè видливо и невидливо?
Оние кои уште земните работи не ги знаат, како што не знаат какви сè животни има во океаните на Земјата и тоа зборуваме за 'рбетници видливи со голо око, можат да си дозволат таква дрскост и безобразие да тврдат дека ги знаат и небесните работи, па дури и самоуверено да изјават во своето бунило и лудило дека ова докажува НАУЧНО НЕВОЗМОЖНО е дека Отецот, Синот и Светиот Дух се Семожниот Бог.
Дали си ја чукнал главата овој што зборува на видеото дека Бог не подлежи на својата творевина и на законите кои Он ги создал? Не подложи ни на простор, ни на време, ни на материја, ни на енергија, ни на гравитација, ни на електромагнетни, ни на нуклеарни сили, а не пак на човечка наука и човековото ограничено разбирање. И сега некој псевдонаучник ќе се дрзне да тврди дека нешто е научно невозможно (и тоа од наука создадена од огревовениот и паднатиот човек, која секој ден сè менува и сè усвршува) за Семожниот Бог.
3. Тврди дека „Исус никогаш не рекол за себе дека е Бог“ и „Не постои ниту еден единствен стих во целата Библија каде Исус вели:„Јас сум Бог".“
Лаже!
Евангелие по Јован
7. Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.”
8. Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!”
9. Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: »Покажи ни Го Отецот?«
7 εἰ ἐγνώκειτέ με, καὶ τὸν πατέρα μου ἐγνώκειτε ἄν. καὶ ἀπ’ ἄρτι γινώσκετε αὐτὸν καὶ ἑωράκατε αὐτόν.
8 Λέγει αὐτῷ Φίλιππος· Κύριε, δεῖξον ἡμῖν τὸν πατέρα καὶ ἀρκεῖ ἡμῖν.
9 λέγει αὐτῷ ὁ Ἰησοῦς· τοσοῦτον χρόνον μεθ’ ὑμῶν εἰμι, καὶ οὐκ ἔγνωκάς με, Φίλιππε; ὁ ἑωρακὼς ἐμὲ ἑώρακε τὸν πατέρα· καὶ πῶς σὺ λέγεις, δεῖξον ἡμῖν τὸν πατέρα;