СДСМ како продолжена рака преку серија пленуми, креира слика за наводно незадоволство
21.04.2015
http://www.alfa.mk/
Беџови, маици, транспаренти, мегафони, како и превоз до Скопје за да протестираат. Ова е само дел од финансиската поддршка која ново формираните таканаречени пленуми, според познавачите, ја добиваат директно од опозицијата. Имаат и силна медиумска покриеност од нејзините портали кои речиси секогаш први, а неретко и единствени, ги дознаваат агендите, на сите пленуми, на кои, во најголем дел заеднички заштитен знак им е стиснатата тупаница, симбол на некогашниот "отпор" и белата лада на Бранко Црвенковски.
Очигледно ниту сегашното раководство на СДСМ не ја научи лекцијата дека ваквите обиди за превземање на власта, преку организирање на протести, маршеви, бојкоти и примена на слични деструктивни сценарија, не вродуваат со плод и политички капитал, ако се знае дека не му помогнаа ниту на претходниот лидер, туку напротив, го доведоа до политички крах и предвремено пензионирање.
Од друга страна претставниците на пленумите речиси секогаш потенцираат дека се непартиски граѓански здруженија, кои функционираат преку самофинансирање. Но, секогаш едните исти луѓе се присутни и даваат поддршка на секој протест.
Сепак, пленумите веќе не ни негираат дека имаат заедничка агенда. Студенскиот пленум, иако веќе се договори за своите барања, повторно ќе излезе на протест, но овој пат во поддршка на средношколскиот.
Според познавачите в четврток за кога е најавен маршот ќе следува уште една реприза – истите луѓе кои протестираа за студентите, сега ќе протестираат за средношколците.