Средношколски протести

Земете предвид дека има средношколци, кои ќе сакаат да конкурираат на филолошки, филозовски... кај што нема да имаат потреба од математика, и тие ученици не им оди математка (воопшто не е битно дали го сфаќате или не тоа „ не ми оди математика“, тоа никој не го интеренсира) и ете тие ќе паднат на испитот математика и нема да можат да конкурираат на факултетот што сакаат, зборам за оние што ќе конкурираат онаму кај што математиката не се ни споменува.
Не ли е подобро, да не дозволуваат без положено матура-математика за се запишеш на ФИНКИ, ФЕИТ итн, таму навистина има ученици кои одат со положен странски јазик а бодовите им ги сметаат како оние што положиле математика, што навистина не е фер.
Значи да, нека биде задолжителна математиката, ама за оние што планираат да продолжат на факултет каде што би ја изучувале, а не и за оние што ќе учат странски јазици, историја, педагогија и сл.
Џабе брат, нема разбирање. Они се убедени дека ако не знаеш математика си глуп и неук, а матурата ќе те мотивирала за да не бидеш таков. Не се замарај и YNWA :D
 
и џабе протестиравте а? од петок пак у школо.
Да бидеме реални, глуп ви беше ставот и темата за протестот уште од старт. Не сте сакале математика, па ај на протест. Утре некој ќе му текне нејќел хемија (не му иде бе, нема талент за тоа), па ај на протест. Глупости живи....
 
СДСМ како продолжена рака преку серија пленуми, креира слика за наводно незадоволство
21.04.2015 http://www.alfa.mk/
Беџови, маици, транспаренти, мегафони, како и превоз до Скопје за да протестираат. Ова е само дел од финансиската поддршка која ново формираните таканаречени пленуми, според познавачите, ја добиваат директно од опозицијата. Имаат и силна медиумска покриеност од нејзините портали кои речиси секогаш први, а неретко и единствени, ги дознаваат агендите, на сите пленуми, на кои, во најголем дел заеднички заштитен знак им е стиснатата тупаница, симбол на некогашниот "отпор" и белата лада на Бранко Црвенковски.

Очигледно ниту сегашното раководство на СДСМ не ја научи лекцијата дека ваквите обиди за превземање на власта, преку организирање на протести, маршеви, бојкоти и примена на слични деструктивни сценарија, не вродуваат со плод и политички капитал, ако се знае дека не му помогнаа ниту на претходниот лидер, туку напротив, го доведоа до политички крах и предвремено пензионирање.

Од друга страна претставниците на пленумите речиси секогаш потенцираат дека се непартиски граѓански здруженија, кои функционираат преку самофинансирање. Но, секогаш едните исти луѓе се присутни и даваат поддршка на секој протест.

Сепак, пленумите веќе не ни негираат дека имаат заедничка агенда. Студенскиот пленум, иако веќе се договори за своите барања, повторно ќе излезе на протест, но овој пат во поддршка на средношколскиот.

Според познавачите в четврток за кога е најавен маршот ќе следува уште една реприза – истите луѓе кои протестираа за студентите, сега ќе протестираат за средношколците.
 
Изгледа проблем е насловот на темава, затоа молба од задолжениот модератор на овој подфорум насловот да го промени.

По 12,346,789 пат. Не е проблем само математиката. Ппочитај ги барањата па потоа пресуди што и како. ;)[DOUBLEPOST=1429743157][/DOUBLEPOST]
Кои познавачи? Кои експерти?

Ова е познато сценарио последниве 6-7 г. А има протест, СДСМ стои зад него. А има бојкот, СДСМ стои зад него. Па нели народот не му верува?!

И јавно прашање. Што е тоа “слобода на говор“? Се мачка на леб, нешто радиоактивно или е поврзано со медицината? Ќе да е нешто!
 
Последно уредено:
КОј вели дека пленумите не се дело на СДСМ и СОРОС?
 
КОј вели дека пленумите не се дело на СДСМ и СОРОС?
Јас. Тие не се дело ниту на СОРОС ниту на СДСМ.
Едно е ти да го подржиш протестот, друго е да го финансираш. Нели?
 
Каков доказен материјал е ова? Кои се овие на сликава? Дали е можно ова да е проект од страна на УМС, со цел манипулација на јавноста? (патем, така мислат експертите).....треба да се размислува за секоја опција. Нели?

Е сега, кога ти тргна со сликиве. Ај постирај го соопштението кое пројде низ сите училишта. Поврзано е со темава, а содржи притисок, манипулација и кршење на основните човекови права.
 
Каков доказен материјал е ова? Кои се овие на сликава? Дали е можно ова да е проект од страна на УМС, со цел манипулација на јавноста? (патем, така мислат експертите).....треба да се размислува за секоја опција. Нели?

Е сега, кога ти тргна со сликиве. Ај постирај го соопштението кое пројде низ сите училишта. Поврзано е со темава, а содржи притисок, манипулација и кршење на основните човекови права.
Студентите од пленумот кои го окупираа техничкиот факултет во Битола. Тие сами си го напишаа и си го залепија таму.[DOUBLEPOST=1429752224][/DOUBLEPOST]
Во член 109 од законот, во случај на бојкот на наставата пропишана е казна од 2.000 евра за родителот на малолетниот ученик кој не ја посетува редовно наставата. Статусот на редовен ученик престанува ако ученикот неоправдано 25 дена во континуитет не посетува настава. Член 53 се однесува на изостаноците според кој ученикот што во текот на наставната година направил најмалку една третина оправдани и неоправдани од фондот на часови по одредени предмети ќе полага дополнителен испит по истите предмети.
 
Јас искажав став за односот кон математика, а инаку сум против постоење а матура. НЕМА ПОТРЕБА. И секако, ДЕБЕЛО да се провери квалитетот и начинот на добивање на дипломи на приватните универзитети. Исто така и на тетовските, на штипскиот... Сум да студентите полагаат литература и мајчин јазик и „општа култура“ и на факултет, но не „формално“, туку 2-3 испити. Срамота е колку академски граѓани немаат поим од литературен јазик, од уметност, историја... И физичкото образование да е застапено. Повеќе од досега.
 
си газите '' деца '', ич кур да не ве боли како ве ословуваат, треба да се гордеете со фактот што во очите на секташите сте чкарт, лошо е кога истите би ве перцепирале како нормална раја.
 
И физичкото образование да е застапено. Повеќе од досега.

Ma немој ти се молам.. Ради тоа физичко образование си го замразив животот.. Доволно е 2 пати неделно.. Кој сака повеќе, никој не го запира - факултативно !!

И да не сум :oftopik: јас сум предпоследна генерација која не полагаше матура (или последна) не сум сигурен.. И еве мојава генерација скоро над 90 % завршија факс.. Тогаш имаше масовни штрајкови да не се полага матура. Ни се закануваа дека ќе не избркаат од школо, дека никогаш нема да завршиме.. Ама не беше тогаш толку стегнато..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom