Средношколски протести

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
тру блу не знам кој е тој што мисли така? Сите знаеме добро што е мотивот за овие протести кои ете чудесно ќе ги обединат сите новоникнати ПЛЕНУМИ (малку чудно вака сите што се крстени ПЛЕНУМ пленум за ова пленум за она) наскоро и конечно ќе почнат масовните протести.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.969
Поени од реакции
11.608
Точно, не е само математиката, тука е и идиотското екстерно, цепкањето на матурата со кое треба да се полага 7 пати во 14 дена. На кратко, добар дел причина се добар дел од образовните реформи. :)
А во врска со зборот пленум, се надевам знаеш кое е неговото значење.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Па не може сите да ги казнат! Или може?
Треба. А ако некој не казни некого што треба и тој прави кршење на законот и исто и тој треба да одговара. Не е одговор дека „и други така прават“. Секој треба да одговара за своите дела.
Стварно?:vozbud:
А што се случува кога врховното тело во една држава, задолжено за спроведувањето на тие закони, излегува од шлицот на шефот на ДБК, кој однапред ги знае сите пресуди?
Ова не сакам да го коментирам. Се знае што треба. Одговорот е сличен како малку погоре.

Али ок, некој уште мисли дека само математиката е причината поради која се бојкотира и протестира. :)
Па заради математиката почна, а сега се додадоа и други причини (кои не ги оспорувам). Но, да не беше математиката, не верувам дека ќе имаше протести. Зошто да се учи кога ќе се заврши било што, и ќе се кука дека нема работа, или па ќе се пикнеме на „државна работа“ или ќе станеме политичари или аналитичари. Математичарите ако се глупави, нека се здробат од учење, нема некој да ги плати (значително) повеќе. Со по некој исклучок. Особено не државата.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Ако си ти глуп(ав), не се сите. Ако имаш ниво за дискусија, дискутирај, ако не.. не навредувај.
Па, откако знам, за отсуство се добива изостанок, ако е болест или слично, изостанокот е оправдан, ако ученикот не бил спречен, туку своеволно не присуствува на настава, се заведува неоправдан изостанок.

А за синдикатот и за откази, не им би „дал“ јас ништо, туку ги спомнав законските решенија. Како што пропишува законот, така треба да се постапува

Толку ли си глуп(ав) да не можеш да разбереш?
Циритај и болдирај- каде те навредив?
Реков дека тезата ти е рамна на глупост, но лична навреда јас не можам да забележам.

Тука е и проблемот. Никој не отсуствува. Сите се присутни (доказен материјал се потписите кои ги собираат). И не можеш да избркаш 25.000 ученици. Ако ги избркаш веќе никогаш нема да смееш да вршиш јавна функција поради фактот дека ќе предизвидуваш гнев кај огромна маса на луѓе, но и со таквиот чекор ќе те сметаат за неспособен. Затоа и реков дека овој министер е неспособен. Тој не ги избрка, туку едноставно не сака да ги прими од најпростата причина, фактите и аргументите се наклонети кон средношколците.
Ќе се соочи со тужби и жалби, но тоа е само ситница затоа што правниот систем во оваа држава не функционира и така нема да пројде ниту една жалба, а да не зборуваме за тужба. :)

Сега, те молам, кажи. Што не сум те разбрал?
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.893
Поени од реакции
14.351
Кога сме кај средбата министерот два пати во рок од 10 дена се сретна со директорите на средните училишта во кои бојкотот е најуспешен. И овие состаноци му беа според 10 години однапред испланираната агенда или беа свикани само за да им се дадат инструкции на директорите.
Во едно училиште од страна на директорката дури беше понудена и еднодневна екскурзија во четврток.
,,Деца место во четврток да одите на марш ајде да си го искористиме денот за еднодневна екскурзија да си се дружиме меѓу себе"

тру блу не знам кој е тој што мисли така? Сите знаеме добро што е мотивот за овие протести кои ете чудесно ќе ги обединат сите новоникнати ПЛЕНУМИ (малку чудно вака сите што се крстени ПЛЕНУМ пленум за ова пленум за она) наскоро и конечно ќе почнат масовните протести.
Средношколскиот пленум никогаш нема да учествува на протести во кои барањата се надвор од образованието. Извини што ти го кршам филмот..
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
http://www.livestrong.com/article/255620-why-is-math-so-important-for-kids/

Дали треба оваа година да се укине? Треба. Пошто у некои школи имаат по одвај 2 часа неделно.
Дали треба да се зголеми фондот на часови за идните генерации? Треба.
Дали треба евентуално да се полага? О да.

Некој глеам пишал оти штом не знаеш математика, автоматски глуп си.
Ја не би идел со такви тешки зборови, али дали имаш проблем со тоа да ја видиш големата слика - имаш, дали имаш проблем со критичко гледање на нештата - имаш, дали имаш проблем со разбирање на шаблоните околу тебе - о да, со работење со цели кластери од информации - исто.

Шо и да работиш у животот, викам за некој кој има работа со когнитивни задачи, да не се лажеме, ти треба барем некакво познавање од математика, оти нема да знаете едно ебано истражување од вашата област да прочитате.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Циритај и болдирај- каде те навредив?
Реков дека тезата ти е рамна на глупост, но лична навреда јас не можам да забележам.
Ако мислиш дека ова не е навредливо... ОК.
Јас лично мислам дека матура воопшто не треба да постои. Значи, не ме разбирајте дека јас бранам владини проект(и). Ниту екстерното е соодветна постапка. Единствено се трауматизираат децата (и родителите).

Но, општо, луѓето ја одбегнуваат математиката како наука. Секако, за да „конташ“ математика, треба да си и попаметен, и поинтелигентен, итн... Нејсе... потоа, кога ќе дипломира некој „Заштита при работа“, или „Политички науки“... итн... се „топори“ на исто рамниште со инженерите. Е па „није свеједно“. Секој може да „филозофира“, ама да конструира мост, да изгради зграда (проекти), машини, струи, компјутерски науки... е тоа е друга работа.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.969
Поени од реакции
11.608
Дали се слушаш што зборуваш? Дали политиколог/филозоф/итн можат да конструираат мост? Дали инженер може да биде филозоф, правник, да работи во маркетинг сектор?
Откако ќе си дадеш одговори на овие прашања, ќе сфатиш што тропаш и што сакам да ти кажам.
 
Филозофијата не би ја ни сметал за наука. Во маркетинг инженер МОЖЕ да работи. Многумина и работат. Секако, со мала обука.
А ти не можеш ни да ја разбереш поентата на муабетот. Можеш да дискутираш на клупа со пиво пред продавница
 
Среќа па никој не те прашува тебе.
За позиција во маркетинг сектор во некоја фирма конкурираат човек што има завршено електро/машински и човек што има завршено маркетинг. Иако и други фактори се во игра, кого ќе одберат? Знаеш што ми е поентата, која ти не ја сфаќаш? Тоа што оние што имаат завршено општествени науки и оние што имаат завршено природно-технички науки во исклучиво мал број на случаеви аплицираат за иста работа.

Али ок, јасни ми се твоите постови кон што целат, нема врска, слични се ко на Брутус и уште 3-4 члена тука.

А муабетов со пиво пред продавница можеш дома да си го праиш со твоите.
 
Јас можам да правам со моите дома таков муабет, ама па тебе тоа ти е начин на живот. Кога не те научиле дека со соговорниците треба да се разговара без непристојни зборови како „тропање“.
А што може да работи еден филозоф, те молам кажи ми? Кое работно место, сем наставник по филозофија и слично.
А кого би примиле на работа за маркетинг? Тоа е многу дискутабилно прашање. Мене муабетот ми е дека маркетингот се учи за релативно кратко време, а потоа, секако, праксата го прави своето. Е инженер не може да стане ниеден „нематематичар“.
 
Да бе, маркетингот за 2 саати се учи, онака читкаш некоја книга (Како да бидеш маркетер у 10 чекори) и толку, ти си веќе профи маркетер. :) И правото исто се учи брзо, зимаш законот, идеш да решаваш случај у судница и тојето.
Ти рече дека филозофијата не е наука, јас на тоа ти реплицирав.

Уу, немој молим те, „тропање“ непристоен збор. За тоа што го збориш, „тропање“ му доаѓа ко еуфемизам.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Јас сеуште не можам да го приметам оној момент кога ти го читаш мојот реплициран пост и се навредуваш само поради тоа што сметам дека твојот став е глупав!

Проблемот е во тоа што децата денес многу слабо учат. Решение на овој проблем не е математиката како задолжителен предмет на државната матура (ова јас не можам логички да го поврзам, фактички и нема никаква логика). Решение не е и оној начин со полагање на 7 теста во рок од 14 дена. Ок, ќе поучи тие 15-тина дена и толку. Но тоа не е тоа, нели?

Ако ги снема оние врски при запишувањето на факултет (а ги има), тогаш малкуцка синџирите ќе се затегнат. Но и кога оној образовен систем ќе се исчисти од сите оние кои не знаат да читаат и пишуваат, што е огромен срам, пленот нема кај да бега. Па и кога ќе ги снема сите оние ученици кои доаѓаат да се прават будали, тогаш горе- доле ќе добиеме една нереална слика за нашиот образовен систем, со тешко ќе може да се манипулира, ќе може да се дискутира, да се инвестира, што ќе сака колку- толку да учи и со самото тоа да извадиме уште некое интелектуално тело.....Денес се фура на квантитет, а не на квалитет што е кардинална грешка......

Порано тој систем функционирал, мислам на оној пред 50-тина години. Потоа следувал благ пад, и на крајот доживеал дебакл. Тој го допрел дното. Ние треба да увидиме како функционирал тој ситем и што го довело до оваа позиција. Дали е до професорите или е до учениците?......Што значи дека во овој ресор има премногу работа, образованието не се подобрува со 1-на реформа, потребни се 1000, но сите да бидат во согласност на професорите, учениците и родителите т.е. да нема казнети поради дејството на истите.
 
Член од
11 јуни 2013
Мислења
47
Поени од реакции
47
Земете предвид дека има средношколци, кои ќе сакаат да конкурираат на филолошки, филозовски... кај што нема да имаат потреба од математика, и тие ученици не им оди математка (воопшто не е битно дали го сфаќате или не тоа „ не ми оди математика“, тоа никој не го интеренсира) и ете тие ќе паднат на испитот математика и нема да можат да конкурираат на факултетот што сакаат, зборам за оние што ќе конкурираат онаму кај што математиката не се ни споменува.
Не ли е подобро, да не дозволуваат без положено матура-математика за се запишеш на ФИНКИ, ФЕИТ итн, таму навистина има ученици кои одат со положен странски јазик а бодовите им ги сметаат како оние што положиле математика, што навистина не е фер.
Значи да, нека биде задолжителна математиката, ама за оние што планираат да продолжат на факултет каде што би ја изучувале, а не и за оние што ќе учат странски јазици, историја, педагогија и сл.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom