ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Паника се крена, ама која ја крена таа паника? УЧК или некој од нашиве македонски партии. Не ми изгледа како дело на УЧК. Во 2001 одма се виде дека станува збор за напад извршен од терористи со тоа што кренаа во воздух цела полициска станица во Теарце, таму имаше и жртви. А не ова сега окупирале и си заминале, а ние дознаваме 12 часа покасно. Одма мириса дека е местенка.
Владата не ја гранатираа?Тој косоцарот Пантери не се закануваше?Или ти чекаш жртви да паднат па да поверуваш?Да не ја заборавиме декларацијата за Илирида.
 
Добро ова со Скајп ме потсети . Добро освен тие што се партиски како може да им некој поверува на тоа или за "Анонимусите"
 
Преземено од НОВА ТВ.


Инаку дел од новинарските екипи предмалку полицијата ги спречи да продолжат кон Гошинце.

Репортерите на НОВА, Сашка Цветковска и Владо Апостолов сведочат дека им посочиле на полицијата дека кон Гошинце веќе се тргнати екипи на телевизијата Сител и весниците од МПМ и дека и за нив исто така е небезбеден теренот, а се горе, меѓутоа полицијата немала слух за ваквите аргументи.“

е ај сеа

Линк
 
Владата не ја гранатираа?Тој косоцарот Пантери не се закануваше?Или ти чекаш жртви да паднат па да поверуваш?Да не ја заборавиме декларацијата за Илирида.
Нели сега не е време да се занимаваме со глупости од типот на бомбите на Заев, туку е време сплотени да се соочиме со терористичките предизвици пред кои сме исправени како нација и држава? Нели?
 
Во контекст на микро периоди од по една-две години, он е у право.
Проблем е што од македонска страна нема реакција.Затоа он си мисли дека е релаксирано.Плус порано секој втор ден имаше глупост,сега секоја втора недела.Ако за некого е тоа знак дека е добро,онда нека биде така.
 
Владата не ја гранатираа?Тој косоцарот Пантери не се закануваше?Или ти чекаш жртви да паднат па да поверуваш?Да не ја заборавиме декларацијата за Илирида.

Ја гранатирале владата :pos:, а бре македонче да ја гранатираа владата до сеа државава ќе беше у ред. Вака се праи тоа а не со креда ја изгребале барокната фасада на владата па плачат ја гранатирале :pos:

article-2532304-1A60EB2F00000578-177_634x373.jpg
 
Нели сега не е време да се занимаваме со глупости од типот на бомбите на Заев, туку е време сплотени да се соочиме со терористичките предизвици пред кои сме исправени како нација и држава? Нели?
Па тоа и зборам.Што има врска гранатирањето на владата со бомбите на заев?
 
Јас не верувам на ниту еден медиум. Ги читам сите и отприлика наоѓам средина меѓу приказните која би можела да е отприлика така. А и тогаш не сум сигурна.
 
Па тоа и зборам.Што има врска гранатирањето на владата со бомбите на заев?
Па нема, никаква. Работата е што еве владата се гранатира, државата ја напаѓаат терористи, а овој нашол да не дефокусира со тие креирани таканаречени бомби, баш во моментите кога треба да се мобилизираме. Нели?
Државата е во опасност, они некаков референдум против барок ќе прават....
 
Ја гранатирале владата :pos:, а бре македонче да ја гранатираа владата до сеа државава ќе беше у ред. Вака се праи тоа а не со креда ја изгребале барокната фасада на владата па плачат ја гранатирале :pos:

article-2532304-1A60EB2F00000578-177_634x373.jpg
Потполно си во право.И во западниот свет нонстоп паѓаат проектили покрај влади и никому ништо.Само у ударни вести кажуваат да следниот пат повеќе да вежбаат,страмота толкави згради да утињаат.[DOUBLEPOST=1429629555][/DOUBLEPOST]
Па нема, никаква. Работата е што еве владата се гранатира, државата ја напаѓаат терористи, а овој нашол да не дефокусира со тие креирани таканаречени бомби, баш во моментите кога треба да се мобилизираме. Нели?
Државата е во опасност, они некаков референдум против барок ќе прават....
Двајца се караат,трет користи.Погоди кој?И 2001 смешно беше,ама отиде пола Мк.
 
Сега треба Македонци и Албанци заедно да излезат на протест и да им ги затнат усттие на тие што прават сценарио за војна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom