Доколку е така тогаш зошто се подгрева атмосферата од другата страна? Зошто се креираат лажни албански профили, зошто мак медиуми ги провоцираат ДУИ дека се слуги на Груевски? Зошто цело време мак опозиционери молат за помош од албанскиот фактор? Ете и во последните разговори намерно се пуштаат несуштински разговори само за да чуеме како некој рекол ШИП-ТАР или ИНЦЕСТ.
Се објавуваа и разговори со "цигани ", "жутиве" Итн. А дуи ги поштедуваат оти тие им требаат за да се смени власта.
Прво, јас воопшто се сомневам дека нешто и се случило денес на Гошинце. Ништо чудно да им е кажано на граничарите да ќутат и да траат за ова што се збори.
Второ, многу интересно како за други случаи МВР чекаше по неколку саати а некогаш и денови за да направи прес конференција, а во овој случај небаре од нејзе и излезе веста. Па уште отварањето "Македонија е под напад на терористи" изгледа како спремен говор за претседател на држава во тешки времиња. Ете конечно видовме дека и портпаролот на МВР бил жив, што го нема последниве два месеци да коментира за големи скандали во министерството
Трето, за претходната војна. Тогаш веќе во Косово беснееше војна, оружје имаше насекаде и постоеја албански организации со по 20 илјади луге под оружје. Имаше и предупредувања.
Сега од нигде никаде доаѓаат некои од Косово со порака "сакаме држава". Мислам ова е веќе и преголема навреда за граѓанинот на државава и покрај се што ни имаат продадено.
Станува збор за пресметан потег. Правеле испитувања на народно мислење, гледаат дека не е сјајна ситуацијата, цело време се под напад од скандали, цел народ им се смее зошто се соголени како излупена банана и мора да тргнат во напад.
Гледаат дека не пали веќе странски инвеститори, 2 илјади вработувања таму, 5 илјади субвенции тука, фабрики за чипс, и преземаат посериозни потези за да си ја одбранат позицијата.