Тоа е карактеристично за тој тип на кучиња и за сите како него, кои имаат дугачки муцки. Ги викаат секачи. Исто како кај доберманите.
Што повеќе го дистанцираш од луѓе, шансите да нападне ти се поголеми. Доколку сакаш да си сигурен дека нема да повреди никого (не го знам кучето и од овој опис не можам да претпоставам каков е со непознати, али познавајќи ја природата на Малиноите-знаат да бидат терсене без соодветно воспоставена контрола) имаш опција маска. Социјализацијата е пресудна во однесувањето на кучето, дали со негов вид дали со луѓе. Не можеш и не смееш да го дистанцираш. Стави маска- мирна глаа и дружи се со сите.
Доколку изреагира било како, гледај на тоа со позитива, имаш шанса да корегираш негативно однесување (се разбира ако има маска на него и не е во состојба да повреди никого) што е клучно во ситуации со овие кучиња. Тестираат граници, пробуваат да ги поместат, твое е да го вратиш чекор назад и да му кажеш кај му е местото.[DOUBLEPOST=1429110266][/DOUBLEPOST]
p.s. еве ти видео од Малиноа и доберман како играат заедно, мислам дека е повеќе од очигледна сличноста на игра и вилица.