Те цитирам овде, да не ти го барам мислењето назад
Спомна во едно мислење забар. Јас ставав порцелани во цутот на анксиозноста (пред да појдам на психијатар), и сметај вадење, стружење, па загноен некој заб, а бе не да се тресев, не се објаснува. И му го најдов чарето. Пред да влезам во стоматолошката ординација, влегував десно кај матичната, една инекција апауринче, и немав гаље. (а и пола лексилиум пред тргнување обавезно).
Иначе ај да си ја отворам и јас душава овде. После еден куп стресој, нервози, пичке материне, најави за анксиозност (нереални слики, вртоглавица ама не вртоглавица, некој мини паники, штрекање од сон и слично), точно лани ова време, го доживеав THE panic attack. Здрвување на левата рака, стегање во стомако, такихардија и крвен притисок од паниката 200. Можите да замислите, мислев дека инфаркт е, сета среќа имаше двајца доктори до мене, ме легнаја, викнаа брза помош, инекции за притисок, за смирување, екагина, глупости, за да ми реча ништо не ти е.
Аха добро. Се привратив уште 2 пати во Брза помош вечерта, пак со истата дијагноза ме испратија дома, ништо не ти е.
И so it began... поцрни мисли во глава мислам дека никогаш сум немал. 24 сати бев на готовс дека инфаркт че ме стрефи. После неколку одења на брза помош, и истата дијагноза, панични напади, си реков, сето ми е до психава, че издржам па шо сака нека биди.
Кур че издржам.
Ајде си реков че заминам на Златни песоци преку лето, таму алкохол, музика нема да имам време да мислам на глупости. Најголемата грешка. Заморот, алкохолот си го направија своето. Тие три месеци ми беа ВРВ на анксиозноста. На среде пуштање музика ме фаќаа такви паники што не можам да ви опишам. Пијав по 10 јегери наеднаш, да се опијанам, да ми отупа нервите, арно ама ко ќе отрезнев стануваше уште полошо. Среќа тие со „Линејката“ (брзата помош) беа мој луѓе, пари не ми земаја, па сигурно едно 20 тина пати ги имав викнато да ми даваат инекции за смирување.
Имав периоди, ко че бев сам, чуствував некој нерационален страв, ебаму цецето. На душмано не му го посакувам. Замислете страв ми беше да не се самоубијам. Значи не да ми ида мисли да се самоубијам, туку страв да не се самоубијам.
Издржав некако 3 месеци, ај си реков ко че се вратам, ем полн со паричка, ем тука блиските, башка ќе појдам на кардиолог да ми потврди дека ништо не ми е, че ми помини.
Не бре брате. Од лошо полошо. Почнав да размислувам за смислата на живото. Почна страв да ме фаќа дека сите че умриме. Да ме фајча страв дека и на 100 години да умрам, пак че умрам. Па пак оние леснине паники дека срцето, рак, кур, пал...
Си реков брат ова не бидува, појди си на психијатар, оти вака не можи.
Единствената правилна одлука во таја година шо сум ја направил.
Ко појдов, ко му кажав, ме гледа вака и ми вика, ти си ненормален. Како си можел во тој пекол да живејш, а да не се обратиш кај психијатар. Значи ти мораш да пијаш терапија, мора да ти се смени погледо на животот.
И почнав, пола Пароксетин на сабаље, плус Релаксан насабаље и на вечер. Луѓе, се преродив по 1 недела. Ми се смени видикот, ми се врати чуството на нормалност.
И така 2 месеци ги пијав, појдов пак на контрола, ми ги намали на четврт пароксетин плус релаксан.
Јеби га, имаше и сајд ефектс. Либидо топ, оргазам ми стана научна фантастика. Дури девојкава се загрижи, да не сум ги изгубил чуствата, да не не ми е убо и тн... (будалче, наместо да ужива... )
И така до пред некој ден, ко решив сам да ги остам Пароксетинов, оти се попрајв едно 10 кила минимум, читав на интернет и видов дека дебелееле понекогаш.
Арно ама еве сега почнувам да чуствувам дека не требаше да ги оставам. Не знам дали на некој звуци, дали на некој покрети, чуствувам ко некоја струја да поминува низ мене. Низ глава, низ телово (поретко), не знам како да објаснам, не боли, ама е многу нелагодно.
Па така си викам, од утре пак че почнам да си пијам по четвртинче, а за дебелината, че се активирам малце повеќе физички, и че припазам на јадењето.
СУМА СУМАРУМ!
Порака до сите на темава (поготово оние што не знаат). Ако имате анксиозност ќе знаете, пошо многу заебана ствар е. Ако се мислите дали имате или немате, значи најверојатно немате, туку после читањево на темава вие некој вид на хипохондрија.
Тие што имате. ОБАВЕЗНО на доктор! И јас се праев курац и пол, као можам да ја победам, не сум будала и слично, па испадна да ми летни година од животот исполнета со црнила.
Не е ни страшно, ни срамота! Во ова време-невреме на секој можи да му се случи.
Ајт сеа, одам да клецнам (дури можам, дури сум без апчиња)