Не невлагам у вашите бисери за грците и грчка, кој сака да иде ќе иде и вие неможете ништо да напраите околу тоа.
Скијатос, топ журки, троа соленки се цените пошто иде средна грчка класа, али фаците се супер, пијачка у диско 5 евра па нагоре, гиро 2 евра, Лидл нема, супермаркетите се скапи и ако си сместен ќе треба со бусче да идеш до плажите (1.20e еден правец) или да изнајмиш веспа.
Родос (Фалираки) ефтини пијачки у диско 3e +, храната малце поскапа пошто енглези има, енглескињи по улица се онадат, убави плажи само со рентакар или бус (не се сеќавам одамна бееше), урлање по дискотеки до зори, а богами и после зори
Крф (Кавос) енглези до 18, урлање до зори, гиро 2.50-3, пијачки 2.50е па нагоре гага влез сегде, храната е скапа, кутија сирење 5.50, има Лидл се иде со бус до после Лефкими па троа пеш или со кола, 7км од Кавос, плажите убави САМО со кола, или бус до Крф градот па од таму др бус што е мн замарање
Крф (Ипсос) за парови, блиску е преубавиот град Крф како и подобрите плажи на островот, до нив со бус или моторче или кола
На овие места сум бил, имам слушано и на Закинтос во Лаганас било за млади со журки и чуда, Иос исто, Миконос...