Најди го точниот firmware за телефонот. Тоа е exe фајл од некои си 300/400 мб. Штом го симнеш со winrar или 7zip оди му десен клик и екстрактирај го во нов фолдер. Во фолдерот ќе имаш некои си 5,6,7 фајла од кои тебе ти треба firmware от со наставка .nbh и некои си 200/300мб големина и вториот фајл е flashitility.exe. Најди ја комбинацијата на притискање на копчињата на телефонот за да влезеш во flash mode. Штом влезеш ќе ти се појави бел екран со баркод голем и некои податоци. Најдоле со мали букви ќе пишува "serial".
Тогаш го поврзуваш телефонот со компјутер преку usb кабел, чекаш да се инсталираат драјверите и штом заврши со нив, тоа "serial" ќе се смени во "USB". Тогаш телефонот е спремен за флешување на нов ром.
Го стартуваш flashutility.exe и му даваш потврда да почне со флешувањето. Ако се биде во ред, за некои си 10ина минути ќе имаш нов firmware.
Navifirm е топ апликација за симнување на најновите верзии за firmware за нокиа. За некои си 2/3$ типот ти дава пристап до нив. Во глобала не е некоја голема филозофија целиот процес. Битно е само да го симнеш точниот firmware за телефонот.