На истава тема и јас детално размислував, и истражував пред скоро време. Додуше не за композитни материјали како kerrock или corian, моето размислување беше медијапан/иверка наспроти мермер/гранит.
По детелно читање на мислења на разни форуми на нетов дојдов до заклучок дека мермер/гранит имаат повеќе слабости, одколку предности. Мермерот (како што и винд вели погоре) - е порозен, гранитот не толку. Не е толку проблем водата, туку МРСНОТИИТЕ. Кога мермер ќе упие мрснотии, заборави на вадење.
Понатаму ставање жешки садови за готвење не смее да се прави и на мермер/гранит исто како што не смее и на медијапан/иверка. Во првиот случај се дешаваат пукање на мермер/гранитот, ако не веднаш секако после некое време. Во вториот случај се дешава топење на заштниот пластичен слој на медијапан/иверката. Иначе нема некоја разлика меѓу медијапан и иверка за кујнски плотни, ионака се гледаат само украсните површини. Медијапанот нуди повеќе можности за обработка на ивиците, и тоа е тоа.
Материјалите како kerrock или corian можам да се опкладам дека овде се ИЗГОР СКАПИ, немам читано кои им се предностите и дали се еколошки безбедни... ама јас лично не би сакал да имам ништо произведено од ДуПонт (corian е нивни производ). Ни медијапан/иверка не се еколошки безбедни, ама кујнските плотни се можеби исклучок зошто таму се целосно „залиени„ во заштитна пластика (не зошто на произведувачите им е гајле за нашето здравје, туку заради заштита од вода/влага)
За стилот и естетиката на „улиен„ судопер, нема да коментирам - само ќе се осврнам на практичните аспекти. Тоа може да функционира само со мермер/гранит, или со модерни композитни материјали. Со медијапан/иверка е прилично глупаво да се оди така, пошто колку и да е квалитетно изведено кантирањето (лепење на сечените ивици со пластика) - кога постојано се прска вода на спојовите, водата секако ќе продре до медијапанот/иверката и тогаш местото ќе се набабри и отиде плотната во ѓубре.
Судоперот, од аспект на материјалите... овие што ги нарекуваат гранитни се уствари композитни материјали, лепак и гранитна прашина. Имаат слични проблеми како и плотните, упиваат флеки кои не се вадат.
Значи на крајот останува да расчистиш една многу важна работа: За што ќе ја користиш кујната?
- Ако кујната ти е за украс и за кеиф, и за пар пати месечно да приготвиш полн оброк... Воедно и ако имаш пари да ги дадеш за нешто како украс и кеиф... Тогаш слободно можеш да одиш на варијатна плотна од мермер/гранит, и со „влиен„ судопер од композитен гранит.
Во оваа варијанта, слободно стави и украсно стакло наместо плочки на вертикалните ѕидови над судоперот/плотната/елементите. Иначе таквото стаклото редовно пука, ако се готви - ама во кујна што е за украс/кеиф тоа нема значење.
- Ако кујната ти е за редовно/често готвење, секојдневна употреба припрема на храна и миење на садови... Епа тогаш ти треба иноксен судопер и плотна од медијапан/иверка. Плочки по избор на ѕидовите.
Една работа на која не се штеди: големината на судоперот. Што поголем, тоа подобро - и вдлабнувањето да е во еден дел (не со преградувања). Јас на жена ми и земав Пирамис 610 x 480мм, иноксот му е прилично дебел квалитетен - морав да го носам со специјална алатка да ми направат отвор за втора чешма и едвај го изработија отворот мајсторите.
http://www.pyramisgroup.com/default.aspx?lang=en-GB&loc=2&&page=42&prodid=2342
Тоа е тоа, со среќа во изборот (и користењето).