ВАГА
Префинет карактер кој во се бара рамнотежа. Има смисла за естетика и сам најчесто изгледа убаво и елегантно. Поради тоа е привлечен на другите и са него љубовта и партнерството е најважно. Не сака и не може да биде сам, напротив во љубовта се дели со саканата личност и со тоа одржува рамнотежа која му е особено важна. Одличен е дипломат, но доколку ја нема својата “друга половина“, длабоко пати затоа што е и емотивен. Безрезервно учествува во љубовта и на тој начин се надополнува самиот себе.
Има осет за фини нешта и појави, како и за уметноста. Знае да се стави во туѓа кожа и ги разбира другите па знае и да заборави на себе и на своите потреби. Поради тежнењеето кон ускладување на нештата, знае да падне во замката на неодлучноста па предолго размислува и додека се реши што ќе прави, приликата поминала веќе. Има чувство за естетика и праведност (доколку живее во хармоничен свет).
СКОРПИЈА
Ова е динамичен и страствен карактер кој не го покажува тоа секогаш отворено. Надворешно делува мирно и ладнокрвно но всушност во него има страст и темперамент. Таинствен е и привлечен, ги прифаќа животните предизвици и се носи со нив без оглед на се. Опасноста добро му стои и не е далеку од неговиот карактер, одмаздољубив е и не простува! Во состојба е да го скрши непријателот доколку притоа уништи и негои свои омилени нешта. Тоа го надополнува со висока способност за регенерација, често поминува низ некакви уништувања
и повторно изградувања на самиот себе (доколку не се уништи комплетно).
Во основа овие луѓе често погрешно се сфатени како деструктивни но ако се земе во предвид дека после рушењето, со истата таа сила можат и повторно да се возобноват, можат да бидат прилично корисни. Имаат остра ситуација и добро ги проценуваат другите луѓе и ако нешто одлучат, 100% се доследни во тоа бидејќи имаат цврст карактер. Сакаат да провоцираат и незгодни се како непријатели. Но кога сакаат, подготвени се да вложат СЕ (и добро и лошо) за својата љубов. Сакаат жестоко и длабоко и за жал можат да уништуваат жестоко и длабоко, ако работите тргнат по неповолен пат.
СТРЕЛЕЦ
Идеалистички карактер најчесто исполнет со племенити идеи и визии. Ги карактеризира спонтаноста. Тие се толерантни и склони кон остварување на своите цели и планови (често тоа е комфортен живот). Сакаат далечни земји и да патуваат во странство. Нивниот идеализам знае да ги доведе во конфликт со околината доколку таа е од малограѓански карактер или ако се во друштво на луѓе со ниски, ситничарски и егоистични идеи. За нив ништо нема граници. Светот го гледаат преку розови очила и тешко ги конкретизираат нештата и се разочаруваат кога ќе видат каква е реалноста, но лесно преминуваат преку тоа.
Имаат широк поглед на светот околу себе и имаат смисла за морал и етика. Стрелците со лош карактер пак знаат да се претвораат во нешто што не се
Инаку се фер, сакаат спорт, природа и слобода!
ЈАРЕЦ
Карактер кој може да се опише со 3 збора: јак како карпа! Направен е од цврст материјал кој може да трае и трае. Со годините се чувствуваат се подобро и подобро, всушност не губат туку добиваат. Со текот на годините стануваат позабавни бидејќи се смета дека се работливи па дури отпосле си допуштаат забава и хумор. Ги преминуваат сите животни препреки и кога се заложуваат за нешто, тоа го прават без разлика на тешкотиите. Секогаш имаат цели и одат чекор по чекор. Но кога ќе ја остварат, се чувствуваат задоволно но и празно бидејќи не знаат да уживаат во постигнатото па се лоцираат на нови работи и нови цели.
Сакаат нештата да се трајни и долгорочни и секогаш претпазливо прво проверуваат па затоа често се мисли дека се студени и не знаат да се опуштат. Кога ќе се уверат дека тоа е тоа, се предаваат целосно на работата и забораваат на се друго па често ги занемаруваат останатите сфери во животот а нив ги сфаќаат како фаталисти.
Или мудро и тактично молчат мислејќи на својата цел или се непоправливо искрени и концизни соговорници кои ја погодуваат суштината на нештата па поради тоа на лицемерите не им е пријатно во нивно друштво
Сакаат да ги имаат нештата под контрола и се одлични организатори. Даваат, но исто толку очекуваат и да добијат (и често и го бараат тоа). Во спротивно, едноставно постануваат индиферентни и со молчење ги елиминираат и игнорираат тие што не им се по ќеф
Понекогаш работите ги сфаќаат пресериозно па им недостига лежерност во изразувањето и однесувањето. Но тоа е се додека не постигнат нешто па потоа си допуштаат забавување.
Им треба време да прифатат туѓи мислења или промени а како непријатели пружаат фантастичен отпор и покажуваат тврдоглавност и го бранат тоа што им е најдраго. Емотивни се, но тоа е скриено под маската на амбицијата.
ВОДОЛИЈА
Карактер кој живее пред своето време. Кај него секогаш нештата се поместени: дали однесувањето, облеката, фризурата, навиките, занимањето, живеалиштето, партнерот или дури и пијалокот што го пие кога излегува - битно мора да се разликува од другите. При тоа е оригинален и непредвидлив а сепак занимлив и привлечен. Често е несфатен од другите бидејќи живее пред своето време па неретко го нарекуваат чудак. Всушност е само подоцна сфатен, доколку некои луѓе дури сега осознале за некои работи, тој тоа го знае многу од претходно. И тогаш веќе настанува приказната колку е значителен неговиот живот, а него тоа го прави рамнодушен пред околината.
Тој едноставно оди по својот пат. Без оглед на посебноста, обожава друштво и пријателите имаат голема улога во неговиот живот. Тоа е затоа што тој е хуманист во душата и филантроп. Има чувство за заедничко живеење иако често поради своето разликување, знае да го одбие или заобиколи. Затоа во житотот поминува низ 2 фази кои напоредно се менуваат: секогаш опкружен со пријатели и друштво и потполно сам, различен од другите. Сака забави иако интервалот помеѓу негови 2 излегувања е долг
а обожава и се што е ново и оригинално. Знае да постане и егоцентрик и да претерува во своето необично и неочекувано делување. Непосреден е и искрен и на свој откачен начин им ја кажува на луѓето вистината во лице и знае да чува тајни!
РИБИ
Рибата од другите луѓе се смета како меланхоличен и пасивен знак, што не е точно иако имаат повремени периоди на меланхолија (како и други водени знаци (рак и скорпија)).
Ако ви се чини дека рибите во одреден период од животот се пасивни, тоа се затоа што со тоа однесување всушност сакаат некого да повредат. А да се повредува некого, тоа е спротивно од карактерот на рибата!
Од аспект на нивната физичка појава, или се над или под просекот. Или крупни или ситни, тие знаат да се носат доста елегантно и по правило знаат одлично да танцуваат а на многумина тоа им е и професија. Обожаваат музика!
Доколку нивното занимање не е поврзано со уметноста или креативноста, како да се на суво. Еднолични и сувопарни работни места за нив не! Им земаат премногу енергија и поради тоа голем дел од овој знак посегнуваат кон алкохолот. Тоа е втората причина, а првата е секако несреќната љубов!
А рибите навистина знаат што е тоа љубов. Кога некого сакаат, тоа е така длабоко и интензивно што другите знаци не знаат што значи ни како поим. За саката личност се подготвени на се и многу ја толерираат и и простуваат. Знаат да бидат романтични а доколку љубовта не им е возвратена, се случува горенаведеното.