Анксиозност

S

Samurai_Sk

Гостин
Да придонесат за констуктива дискусија.
Имаш многу соцјални мрежи кај што можеш да си постираш само линк од видео. Форум е место кај што треба да дискутираш, размениш мислења, споделиш СВОЕ мислење и став.
Твоите видеа прво се мислење и став од некој друг. Не сум видела сеуште твој пост да напишеш нешто за видеото кое го постираш, да образложиш, да дополниш, да кажеш како откако си го изгледал ти се сменило мисењето кон нештата.
Последното мислење што ти го избришав беа три точки и ако кликнеш те водат до некое видео.
Тоа е разликата кога некој друг става видеа и ти.
До сега ништо ти немав речено пошто викам ај ќе примети дека мислењата само со линк му ги снемува.
Ќе примети дека само он става такви постови.
Ама пошто не ти текна до сега, еве сега ти кажувам директно.

Дали ти веруваш во делотворноста на апчињата или не, дали веруваш дека Будизмот и видеата ќе ти го средат животот не е тема за дискусија и не беше поентата на мојот пост.
Уште помалку дали јас разбирам збор или два од твоите линкови.
А мојот зошто го избриша, јас убаво му кажав на Puma да се откаже од тој филм дека работејќи напорно ке стигнеш до среќа, да не биде капиталистичка душа. Туку мотивација да му биде да создаде семејство, за тоа не треба се да биде префектно како што она посакува во повеќето случаи.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
@Brav @Samurai_Sk
Правиме муабет за анксиозност.
Мојот пост има вркса со анексиозност,на Puma всушност начинот на живот и создава анексиозност нема тука што повеќе да се дискутира, и јас имам маки од анексиозност веќе 6 години само кај мене заради глупости се појави :D, и второ не знам зошто толку се секирате заради тоа, само паметните луѓе патат од ова, сигурно не сакате да бидете во групата "Блажени се оние кои малку знаат"
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Мојот пост има вркса со анексиозност,на Puma всушност начинот на живот и создава анексиозност нема тука што повеќе да се дискутира, и јас имам маки од анексиозност веќе 6 години само кај мене заради глупости се појави :D

Твојот пост (барем овој погоре) е полн со осуда кон сите оние кои во животот си имаат зацртано цел дека кариерата и успехот во истата им е приоритет во животот. Во овој дел на форумот - според мене барем, осуда за било какви одлуки е погрешен пристап.
Не можеш ти да пропагираш дека создавање семејство е единствениот пат кон сигурна среќа во животот, пошто не е. Барем не е за сите. Генерализирање и создавање слика на универзални правила за полесен живот не помагаат никому, дури и можат да бидат извор на проблеми и фрустрации.
 
Не осудувам никого секој си има избор на живот, и јас сакам кариера,секој сака но сепак ако малку подлаболко размислуваме целиот свој живот ке трчаме по таа кариера, ке бидеме успешни ако имаме зацртани цели,дисциплина и трпение тоа е гарантирано, овие три фактори ти овозможуват секаков успех.Но сепак сепак да бидеш сигурна дека ке дојде време ке се чуствуваш празно ако не создаваш свое семејство, сега можеби ти изгледам прост со ова што ти го кажувам но за мене создавањето здраво и среќно семејство, е најголемата битка што ке ја освоиш во животот.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Што побрзо сватиме дека животот е страдање тоа побрзо ќе "оздравиме".

Сите големи филозофи го опишале така, никој не рекол дека животот е лесен, сите викаат дека решението за животот можеме да го најдиме во нас а не околу нас, затоа што упатство/формула за убав живот не постои.
Сигурно и сами сте осетиле колку е суров, таман кога ќе помислите и осетите дека све е како што треба нешто лошо се случува.

Животот е составен од моменти, среќни и несреќни, мораме да научиме како да се носиме со тоа.

Некои луѓе преку работата се дефокусираат од цела таа трагикомедија што се случува додека патуваме низ животот.
Некои создаваат семејство и фамилија и заеднички се борат со времето, постојано бркајќи ја среќата.

Тие што сватиле како треба поминуваат подобро од оние кои бараат брзо решение и потклекнуваат пред искушенијата, независно какви се.

Неколку работи помагаат за подобар живот, тоа се: добра книга/музика/уметност, смисла за хумор, волонтирање/помагање на други луѓе/животни...

Dukkha.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Не осудувам никого секој си има избор на живот, и јас сакам кариера,секој сака но сепак ако малку подлаболко размислуваме целиот свој живот ке трчаме по таа кариера, ке бидеме успешни ако имаме зацртани цели,дисциплина и трпение тоа е гарантирано, овие три фактори ти овозможуват секаков успех.Но сепак сепак да бидеш сигурна дека ке дојде време ке се чуствуваш празно ако не создаваш свое семејство, сега можеби ти изгледам прост со ова што ти го кажувам но за мене создавањето здраво и среќно семејство, е најголемата битка што ке ја освоиш во животот.
Ништо не е загарантирано, никогаш. Тоа и ми е поентата - нема правила, нема насоки кои 100% ке те однесат таму и таму и со кои ќе постигнеш тоа и тоа. Таквиот начин на размислување, во случај да не одведе до успех - ќе одведе до длабоко разочарување, кое после со себе ќе си влече свои моменти и состојби.
И никаде ја не реков дека е просто да сакаш да створиш семејство. И јас сакам, ама во исто време го прифаќам фактот дека има особи на кои тоа не им е приоритет или па воопшто во план. Не ги убедувам дека моето е поисправно од нивното, затоа што за нив не е. Толку е едноставно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Оф: Благодарам за добронамерноста, ама сигурно правење нешто што ниту ми создава задоволство, ниту ми е ќеиф и неисполнувањето на замислите и желбите, нема да придонесе за да се чувствувам подобро.
Истото важи за сите, анксиозни биле или не.

Он: Терапијата е следеќа:
1. Хелекс половинче од 0.25 со половинче Асентра 4 дена од сабајле. Освен ако Хелексот ме успива, тогаш само Асентра.
5 ден па понатаму еден месец, 1х1 Асентра сабајле, после доручек.

П.С. Да се испофалам - издржав на забар да ми направат два заба, без анестезија. А притоа не се тресев (обично се тресам ептен, и не мислам метафорички - буквално се тресам)
Тоа е за мене успех, што просто не можам да го опишам. :) :) :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
"Malite" uspesi se mnogu vazni za nadminuvanje na sostojbata. I da ne se gubi smislata za humor. :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
"Malite" uspesi se mnogu vazni za nadminuvanje na sostojbata. I da ne se gubi smislata za humor. :)
O, не знаеш ама ми е смешно - ми се врти, се фаќам за ѕид, истиот момент сфаќам дека мозоков се заебава со мене. Го ,,пуштам,, ѕидот и продолжувам мислиш сум го освоила светот :D
Интересно е што луѓево околу мене сето ова го сфаќаат потрагично него што јас го чувствувам.
Не сфаќаат дека не е трагично. Трагично е секојдневно да гледаш луѓе кои ќе живеат веројатно помалку од 2 месеци.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
342
Поени од реакции
63
Утре после долго време излегувам од државата на службено патување... Моментално не осеќам никаков притисок за тоа, ама знам утре сабајле ќе ми биде мачно. Совет, искуство некое :)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.371
Поени од реакции
7.139
O, не знаеш ама ми е смешно - ми се врти, се фаќам за ѕид, истиот момент сфаќам дека мозоков се заебава со мене. Го ,,пуштам,, ѕидот и продолжувам мислиш сум го освоила светот :D
Интересно е што луѓево околу мене сето ова го сфаќаат потрагично него што јас го чувствувам.
Не сфаќаат дека не е трагично. Трагично е секојдневно да гледаш луѓе кои ќе живеат веројатно помалку од 2 месеци.
плачиш за во теретана малце,мускулите сигурно добро би ти дошле за зголемување на самодовербата
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Утре после долго време излегувам од државата на службено патување... Моментално не осеќам никаков притисок за тоа, ама знам утре сабајле ќе ми биде мачно. Совет, искуство некое :)
Каснам со одговорот, ама сигурна сум дека испаднало се како што треба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom