Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.372
Член од
16 јануари 2008
Мислења
16
Поени од реакции
0
Да да, многу верувам во вакви ствари, не знам зосшто али валјда зошто секад се ми било погодено,од тоа што ќе го прочитам...иначе во хороскоп сум Водолија, подзнак Јарец, месечина Девица:wink::wink::wink:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.158
Поени од реакции
885
Хороскопските знаци и нивните особини

Има една ваква слична тема отворена од Мистичен, но оваа се разликува од неа, затоа ве молам не ја затворајте, или барем може да ја споите со неговата, ако не друго.

Има 3 основни вида на хороскоп: западен, индиски и кинески. Западниот и индискиот се базираат на просторот и движењето на сонцето, месечината и планетите низ хороскопскиот знак а кинескиот се базира на времето, годишните и месечните циклуси и часовите од денот. Сите три видови хороскоп содржат по 12 знаци, поделени во четири основни групи. Овие три хороскопи можат да се споредат и притоа е кажано дека имаат сличности и дека секој знак од секој хороскоп има свој соодветен во другите два.

Огнени знаци се:
1. Овен (во индиски е меша)
2. Лав (во индиски симха)
3. Стрелец (во индиски данус)

Земјени знаци се:
1. Бик (во индиски вришаба)
2. Девица (во индиски канја)
3. Јарец (во индиски макара)

Водени знаци се:
1. Рак (во индиски карка)
2. Скорпија (во индиски вришчика)
3. Риби (во индиски меена)

Воздушни знаци се:
1. Близнаци (во индиски митуна)
2. Вага (во индиски тула)
3. Водолија (во индиски кумба)
Меѓутоа, покрај ова, во кинескиот хороскоп групите не се делат на земја, воздух, вода и оган туку дрво, оган, земја, метал и вода. Западниот и индискиот хороскоп се разликуваат во период за околу 1 месец, додека кинескиот е базиран на лунарен календар и разликува од претходните хороскопи за недела-две.

* Дојде до забуна со споредбите меѓу западниот и кинескиот хороскоп, така да кинеските знаци се отстранети!

Конкретно ќе се задржам на западниот хороскоп (кај нас што е прифатен) и ќе напишам подетално за секој знак но во некој нареден пост, бидејќи има многу за сите 12 :)

Астролозите хороскопот го делат на 12 целини наречени куќи кои се сфаќаат како 12 сфери на на човечкиот живот и активност. Има повеќе начини за интерпретација на куќите, од кои што најприфатлив е следниот:
1. Првата куќа го означува телото и физичкиот изглед на човекот, и неговото его.
2. Втората ги опфаќа парите и имотот, вредноста и приоритетите.
3. Во третата се комуникациите, браќата/сестрите, соседите и ситуациите сврзани со нив, патувања и транспорт, образование и секојдневноста
4. Во четвртата се домот и семејството, мајката и грижењето за некого или нешто, како и почетокот и крајот на животот.
5. Во петтата се задоволството и одморот (слободното време), празниците, игрите и коцкањето, децата, креативноста, љубовни афери и секс за забава.
6. Тука е работата, задолженијата и задачите. Вработените, работодавците и работното место, здравјето и благосостојбата се исто така тука.
7. Врски, брак и бизнис-партнерства и договори, и за жал непријатели и војна.
8. Раѓање, смрт, почетоци и краеви, длабоки љубовни врски како и даноци, такси, наследства.
9. Патувања во странство, култури, религија, закон и високо образование
10. Амбиција и цели, општествен статус и кариера.
11. Пријатели и познаници, групи, клубови и друштва, особено од хуманитарен карактер.
12. Мистицизам и таинственост. Осамени и изолирани места како болници, затвори и ментални институции, самопожртвуваност.

Од “хороскопски аспект“, постојат 7 класични планети и 3 современи: класични се Сонцето, Месечината, Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн а современи се Уран, Нептун и Плутон.

Сонцето означува лична сила, виталност и остварување на цели, водство, моќ и авторитет, потреба да се искажуваме, креативност, родителство (посебно татковство), самоидентификација, мотивација и гордост, со оваа планета владее лавот.
Месечината означува внатрешни чувства, расположенија, навики, поствест, грижа околу некого и родителство (посебно мајчинство), дом и семејство, инстинктивни реакции на животот, потреба за емоционална стабилност и безбедност, и со Месечината владее ракот
Мекур опфаќа менталитет, комуникација, размислување, занимавање со учителство, училишта, литература, околина, логика и рационалност, владејачки знаци се близнаци и девица
Венера подразбира врски и партнерства од секаков вид, романтична љубов, желба за убавина, хармонија и соработка, личен комфорт, уметност, мода и друштвен живот. Тука ги имаме бикот и вагата
Марс подразбира акција, лична енергија и мотиви, агресивност, сексуалност и страст, спорт, физички активности и натпреварување, тука се спомнуваат овенот и скорпијата
Јупитер означува лично задоволство од успех во нештата, ширење на знаења, аспирации, слобода, осет за правда и морал, религија, филозофија, високо образование, закон, претприемништво, превземање ризик и коцкање, тука владееат стрелците и рибите.
Кај Сатурн се спомнуваат лични ограничувања за работите, одговорност, амбиција, кариера, авторитет и хиерархија, сериозни размислувања за аспектите на животот, капацитет и издржливост за тешка работа, самодисциплина и доверба, тука се јарецот и водолијата.
Уран подразбира бунтовништво и неконвенционалност, внесување нови начини на размислување и однесување, иновации и откритија, идеализам, клубови, друштва, хуманитарни организации, политички движења, посебност, невообичаеност и независнот, тука е повторно водолијата
Нептун означува мистика, осетливост и сочувство, грижа за болни и ментално растроени лица, животни, хуманитарни настани, религиозни институции, болници, затвори, уметничка инспирација, духовност и склоност кон наркотици :) Тука ги имаме рибите :)
Кај Плутон имаме трансформации, почеток и завршеток на животот, секс, смрт, проблеми со моќ и контрола, откривање на тајни, полиција, детективи, хирурзи, минирање и стремеж кон богатство и слава, тука се скорпиите.

И за крај, тука можете да си ја прочитате вашата натална карта.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.058
>..:SCORPIO:. The sex addict >Can be mean. EXTREMELY sexy.. Intelligent. Energetic. Predict future. Most >erotic. (Freak in bed.) (GREAT kisser.) Always get what they want. Sexy. >Attractive. Easy going. Loves being in long relationships. Talkative. The >sexiest ever....Romantic. Caring
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.158
Поени од реакции
885
Чекај не сум напишал за секој хороскопски знак пооделно :) Не ми се мешај сега :):):) Деновиве ќе биде!
 

IDontWantU2Know

Perfect imperfection
Член од
1 јануари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
2
>..:SCORPIO:. The sex addict >Can be mean. EXTREMELY sexy.. Intelligent. Energetic. Predict future. Most >erotic. (Freak in bed.) (GREAT kisser.) Always get what they want. Sexy. >Attractive. Easy going. Loves being in long relationships. Talkative. The >sexiest ever....Romantic. Caring

pa toa se znae:smir:

 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.158
Поени од реакции
885
После час и половина пишување, ми се заглави Word-от, па морав да рестартирам и се се изгуби од деталното објаснување за секој знак (BONK)

Поради тоа утре или задутре ќе ви напишам поконкретно, само молам никој да не го направи тоа место мене бидејќи стварно се залагам за темава (CLAPS)

Сега би можел да ви објаснам нешто за различните видови хороскопи:

Вавилонска астрологија
Вавилонската астрологија е поистоветувана со вавилонскиот календар, каде што 1 година се состои од 12 лунарни месеци (под лунарен месец се подразбира периодот меѓу 2 полни месечини). Годината започнува со пролет и е поделена на 3 дела: почеток, средина и крај на годината. Месеците се:
1. Аракс нисану (месецот на светилиштето), тука се близнаците
2. Аракс ару (месец на праведниот бик), тука е бикот
3. Аракс симану, тука се близнаците
4. Аракс дуузу, тука нема знак
5. Абу, тука е лавот
6. Улулу, нема знак
7. Тишритум (почеток на средината), нема знак
8. Аракс самна (месец на темелот и основата), тука е скорпијата
9. Аракс кислиму, тука е стрелецот
10. Аракс тебетум (месец на водата), тука е јарецот
11. Аракс шабату, водолија
12. Адару адар, риби
13. Аракс макаруша, дополнителен месец

Во вавилонскиот хороскоп во прашање се само 5 планети и тие се Јупитер, Венера, Сатурн, Меркур и Марс. За жал во овој хороскоп, не можете да одредите што сте, бидејќи не се базира ниту на датум на раѓање, но пак затоа Вавилонците први ги измислиле 12-те куќи кои се превземени од западниот хороскоп, па затоа гледајте во која куќа припаѓате највеќе :)

Кинески хороскоп
Кинескиот хороскоп се базира на годината во која што сте родени, па така:
1. Ако последната бројка е 0 или 1, елемент на вашиот знак е метал
2. Ако е 2 или 3, е вода.
3. Ако е 4 или 5, е дрво.
4. Ако е 6 или 7, е огин.
5. И ако е 8 или 9, е земја.

Дрвото го означува истокот, пролетта, планетета Јупитер, зелената боја, црниот дроб, дарежливоста, топлината, соработката и потребата за проширување и напредок, идеализмот, етиката, и тука се тигарот, зајакот и змејот.
Огинот го означува југот, летото, планетата Марс, црвената боја, циркулаторниот систем и срцето, динамичноста, хуманитарноста, енергијата, страста, авантурата и неуморноста, силата, водството и смеењето. Тука се змијата, коњот и овцата.
Земјата го означува центарот, променливоста на годишни времиња, Сатурн, жолтата боја, дигестивниот систем, слезината и стомакот, трпеливоста, стабилност, амбициозност, тврдоглавост, енергија, дисциплина, нервоза, логичност и должност, и тука се повторно змејот, зајакот и бикот.
Водата го означува северот, зимата, Меркур, црната боја, скелетот и белиот дроб, таинственоста, шармот, сочувствувањето, осетливоста, креативноста, флексибилноста, елоквентност и интелектуалност, тука се свињата, зајакот и кучето
Металот го означува западот, есента, Венера, белата боја, респираторниот систем, нервозата, силата, потребата за личен простор, софистицираност и почит. Тука се мајмунот, петелот и кучето.

дрвото го потхранува огинот
огинот ја создава земјата
земјатa се носи со металот
металот ја собира водата
водата во потхранува дрвото
дрвото се дели од земјата
земјата ја апсорбира водата
водата го гасне огинот
огинот го растопува металот
металот го сече дрвото
Подетално за кинеските знаци и нивната симболика, во следен пост!
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.158
Поени од реакции
885
Прибидејќи некој друг гледам денес отворил тема за Кинески Хороскоп, претпоставувам си одредивте :)

Ваши среќни броеви и денови, според хороскопски знак:
1. Овен - 5/вторник
2. Бик - 4/вторник
3. Близнаци - 3/среда
4. Рак - 2/четврток
5. Лав - 1/недела
6. Девица - 11/среда
7. Вага - 5 и 7/петок
8. Скорпија - 10/вторник
9. Стрелец - 9/четврток
10. Јарец - 8/сабота
11. Водолија - 7/сабота
12. Риби - 6/четврток
Значи it's another manic monday - никому понеделник среќен ден :)
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
271
Поени од реакции
3
хороскопот и астрологијата се многу реални и вистинити само проблемот е што некој ги злоупотребува и не ги толкува како што треба можеби и нема човек што знае добро да ги истолкува затоа многу сметаат дека не се вистинити уште порано се што се праело и сите случувања биле поврзани со овие знаци па и раѓањето на исус и неговиот животен пат е поврзан со овие во приказната за животот негов се среќаваат сите овие знаци само ретко кој може да ги протолкуваа
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
ооо стипцо една... мислиш дека овенот и бикот се битни? неееееее... затоа во секој нормален хороскоп се почнува од БЛИЗНАЦИ.. овие двајцава идат задњи.... и дај види таму нешто за змијчињата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom