Културата е најдобар претставник на една нација, уметниците имаат доста тешка задача-да го претставуваат својот народ пред светот достоинствено и затоа нормалните општества високо ги ценат своите уметници. Не е ни чудо што многу млади таленти од кај нас фаќаат патот надалеку. Капак на тоа што се платени помалку од своите колеги во странство, од сопствениот народ подлежат на зајадливи критики затоа што се бават со професија што ја работат со пасија.
Не ме чудат коментариве. 500 години сме биле неписмени мрсулковци без ниедно отворено училиште. А сега сеуште сме неписмени мрсулковци со училиште на секој агол.
Јас сум убедена дека истите коментари би ги насочиле и кон луѓе што се занимаваат со наука и слично, доколку се финансираа кај нас научни истражувања.
Вајда глупи биле на западот што ги финансирале Бетовен и Моцарт, и во Русија што Болшој го финансирале многу благородници.
И да, имаме поголеми проблеми од тоа колку една балерина зима плата.