Целава тема е глупости, ама се согласувам дека споредба на Цитроен со Мерцедес е екстремно глупа.
Пред се за да се прави споредба треба да се споредуваат конкретни модели, а не брендови. Историски, во иста класа, секој од споменатите брендови(Audi, BMW и Mercedes) во одреден период во одредена класа имал подобар или полош модел од останатите два. Па така, кој како сака може да си споредува и никогаш нема да може да се направи конкретен заклучок.
Единствено ако се зборува од аспект на бренд-лојалност или од аспект на возило за статус, тогаш може да се зборува за брендовите! Но не и за квалитет, доверливост, дизајн и слично. Во таа смисла мене лично, преференца ми е Mercedes, па BMW, пa Audi. И не за џабе, Mercedes има сочна историја во производството на луксузни/статусни лимузини почнувајќи уште со моделот 770 во 30-ти години, кој им бил омилен на сите благородници во тие години, а посебно на Хитлер и нацистите. Па понатаму со моделот 300 од 50-ти години, кој бил редовно поседуван од сите политички фаци во светот, и ако го немаш останатите ќе те гледале ко да ти фали половиот орган. Па после во 60 и некоја доаѓа моделот 600, кој сите богаташи и политичари го купуваат пред Rolls Royce, Bentley, Cadilac, Lincoln и останати богаташки брендови. И така-натака со уште многу други модели кои се статусни-икони на времето кога се појавуваат.
За цел тој период BMW и Audi не му се никаква конкуренција на Mercedes. Тие се фокусираат на правење на автомобили за средна класа, додека Mercedes е во сосема друга пазарна категорија. Денес, и BMW и Audi имаат конкурентни модели на оние од Mercedes, но Mercedes и понатаму во бизнис-светот важи за по-луксузно возило кое прикажува повисок статус.
Целиов пост врска нема со насловот на темата ко прво.
Второ,убаво почна со муабетот дека од брендовите битен е моделот и требаше да го довршиш со тоа што ќе посочиш кој модел од посочените брендови би го избрал. А не да почнеш со историја на брендовите. Ко прво,БМВ правеле мотори за авиони до втора светска,за да после краток банкрот се вратат во автомобилската индустрија,за да брзо време постигнат огромен успех и стигнат меѓу првите брендови во светот.Со тоа што во моментов се број 1 во продажба(во споредба со Мерц и Ауди). Точно Мерцедес е ориентиран повеќе кон луксузот и цели на политичари и ботаташи затоа што само тие и можеле да си дозволат толку скапа кола.
Овде правиме муабет,за модели да речеме,околу 10 год стари и сума меѓу 2 до 5-6000 евра.
претпоставувам тоа му е и параметарот на членот што ја отворил темава,Не?
Треба да се земат во предвид трошоците за одржување во прв план,затоа што секој може да купи било кој од овие модели ама дали ќе може да си дозволи да го одржува како што треба е прашањето.Затоа на запад се толку ефтини,затоа што кошта многу да се одржава,па поефтино е да се купи нова со гаранција.
Нај ефтино е да се одржава Аудито,па Б,,МВ па Мерц. Аудито поради Фолцвагеновата платформа,помалите мотори и огромната застапеност.Додека другите две марки држат високи цени на рез делови ако одиш во овластен сервис.Разликата од овластен и маалски механичар е да не речам огромна,па благодарение на таквите,нашиве новопечени газди на овие модели можат за ефтини пари да возат и да ги одржаваат.
Но разликата у цена е и разлика во квалитетот на деловите што се ставаат па имаш од одлично Германско возило со прочуен квалитет-до ефтино кинеско гомно што нема никаква сличност со оригиналот,па добиваш квалитет на некојси Хјундаи или Даеву.
Јас лично возам БМВ серија 3 Е46 скоро 6 години и сум презадоволен од колата.Според мене моделот е најубав на изглед и поради тоа го сакам. Гледам да ја одржавам макс квалитетно за да ја задржам автентичноста. Делови земам од Грција затоа што овде овластените се прескапи дури и за западни стандарди,а и се сомневам во квалитетот и оригиналноста на деловите.
Вака,ем дупло поефтино ем сигурен во квалитетот.
Може некој би го интересирало,мене редовен сервис ме кошта меѓу 3 и 4000 ден. со тоа што менувам сите филтри и фул синтетик уље,филтри МАНН или Хенгст а уље Ликви или Кастрол 5/40.
Други делови,пример,плочки предни,Феродо или ТРВ околу 2000 ден,задни 1800ден.
Стабилизатори предни 2000 ден двата,или Лемфордер или ЛПР. Чаури 1200 ден една,Ламела сет Сакс 160 евра без замаец,држачи мотор Лемфордер 2200 ден еден( 100 евра бараа у Маккар за еден и тоа без ознака) и ред други работи.Имам сменето многу работи на колата ама за овие години ниту еднаш ме нема оставено некаде дефект. Се што сум сменил е за мене лично и знам во каква состојба е колата у секое време.
Мој совет,што и да изберете нема да згрешите,со некои мали отстапки од Мерц,затоа што има некои модели што се стварно прескапи за одржавање а не нудат некое задоволство.Аудито е одличен избор кој и модел да го земете,некој бара повеќе некој помалку за одржавање зависи од мотор.Ама ако станува збор за спортска кола тогаш БМВ е прв избор затоа што ниедна од другиве две марки не се дораснати.Ова е потврдено со многу видеа,блогови,мислења итн, нема потреба од докажување. Се другото е личен избор и вкус.