- Член од
- 4 октомври 2014
- Мислења
- 173
- Поени од реакции
- 54
Koj k eti raboti za 900 be? Nemas pari da se prehranis so toa vo dubai
Платите се поголеми, согласно претходниот пост.Koj k eti raboti za 900 be? Nemas pari da se prehranis so toa vo dubai
Би гласал за Дубаи.kade e najdobro dubai katar ili doha
Ti pishav PP......Оние кои знаат - знаат, оние кои не - еве да ви кажам
Работам во Дубаи веќе 1 година .. Почнав како хостеса во хотел со 5 ѕвезди и 294 соби, сега работам како Outlet Supervisor во хотел со 1100 соби
Дечки, да, платите се мали, но многу полесно е да добиеш унапредување ако си од Европа, неголи од други земји ( не сум расист, само сум искрена )
Во Дубаи претежно работат луѓе од Индија, Филипините, Пакистан и сл. затоа платите се мали, но шансите да добиете унапредување се големи
Почнав со плата од 300 евра, сега несмеам да ви кажам колку земам Ако е здравје, до крајот на годината треба да добијам унапредување во асистент менаџер во ресторантот каде сум сега
За оние кои сакате да дојдете, еве ви се нудам, да ви средам. Значи без агенции, и непотребни трошоци.
Искрено, платата за келнер е 250еу фиксна, + бакшиш + бонус би излегла околу 350-400 ( ПОЧЕТНА ), хостеса 300еу плата, + бакшиш + бонус. Поголема позиција - поголема плата.
Сместување, виза, авионска карта, превоз дома-работа-дома, 3 оброка на работа, 3 оброка дома - платени од хотелот. Ако има заинтересирани, PP ќе ви објаснам се
Не е се сјајно, ама добра авантура е
Е сега нешто малку за животот, од прва рака. Цените се горе/долу исти како и во Македонија за најпотребните работи. Превозот ( такси, метро ) е многу ефтин, да неречам џабе. Не е толку затворена земја како што сите ја претставуват, секако кога е Рамадан ( а ќе заврши на 29ти Јули ) е малку построго, затоа што е нивна држава, и сите постат од изгрејсонце до зајдисонце, така да пред нив јадење/пиење нема ..
Како што кажав, ако има некој/а заинтересиран, пишете ми.
Зависи од позицијата, кажи за што позиција те интересира па ќе пишам споредби.a kade se najvisoki platite od emiratite
Незнам зошто се лажите преку агенции, кога има толку многу веб страни да аплицирате самите. Повеќето од агенциите кај нас го прават истото што можите и сами да го направите отвараат веб страна со работни понуди и го пуштааат cv то наместо вас.Да се придружам на групата изиграни од ГлобалВорк - аплицирав на огласот за којшто имам постирано неколку страни поназад, отидов кај нив на разговор, и од тогаш нема ништо, ни интервју ни абер. Среќа поминав без трошоци. Двајца другари аплицирале на претходни огласи, платиле за пријавување и обука, и исто не добиле никаков повратен одговор.
Незнам за Катар ама Емиративе на јавно место мука немаш, земи од предвид дека само околу 30% се локалци останатото се странци. А за на работа зависи од компанија до компанија , кај мене во Rosewood што е ултра луксузен хотел има неколкумина со видливи тетоважи.Колега Данец работи во фронт деск има Full Sleeve така да ако ептен на врат имаш нешто може да има потешкотии при вработување а друго горе доле се толерира.Во Катар/Дубаи како стојат во однос на тетоважите ?
На јавно место, не работа, дали се толерира или има некои закони и за тоа ?
Друже во право си за тоа дека подобро е да си аплицираш сам. Првпат аплицирам, и затоа мислев дека ќе биде полесно преку посредник, плус и немам големо искуство по струката (околу година ипол во машинство). Ги имам разгледувана сајтовите за работа, ама воглавном бараат над 4-5 години искуство. А и по некоја логика на нештата агенцијата има од интерес ти да добиеш работа, таа ќе си зема провизија. Најголемиот дел од понудите за арапските земји се за угостителство, а јас барам работа за инженер.Незнам зошто се лажите преку агенции, кога има толку многу веб страни да аплицирате самите. Повеќето од агенциите кај нас го прават истото што можите и сами да го направите отвараат веб страна со работни понуди и го пуштааат cv то наместо вас.
Друга опција е да ве препорача некој што е таму веќе, дури и тука на форумот има неколку што се таму и можат да ви помогнат.