Cappie
Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
- Член од
- 29 мај 2008
- Мислења
- 1.914
- Поени од реакции
- 307
Имајќи предвид дека саемот за мебел секоја година е еден од најпосетените и на истиот посетителите одат со цел да купат нешто, што не е секогаш случај и со другите саеми, не е лошо да се започне тема, па заинтересираните да бидат во тек и недела дена порано за попусти и промоции кои веќе започнаа.
41.Меѓународен саем МЕБЕЛ 2015, ќе се одржи од 24-29.03.2015 година.
Меѓународниот саем МЕБЕЛ, кој во 2015 година го одбележува своето 41 годишно постоење е водечки настан во модерниот и класичен мебел и дизајн на овие простори и пшироко. Над 50.000 посетители секоја година ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учество земаат повеќе од 400 домашни и странски изложувачи.
Меѓународниот саем МЕБЕЛ, стана препознатлив бренд во оваа индустрија и со текот на годините прерасна во еден од најдобрите и најпосетени саеми во регионот.
МЕБЕЛ како една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко е запаметен и со нетрпение очекуван заради своите оригинални декорирани изложбени простори, кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание.
Оваа специјализирана комерцијално изложбена манифестација стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко.
Листата на фирми кои ќе имаат свои штандови на саемот може да се види на веб-страната на Саем.
Дел од компаниите, како што е ЛеснинаМи, веќе започнаа со саемските попусти, како клиентите би имале доволно време да се одлучат и да купат она што им треба.
Дополнителната понуда може да се најде на нивната веб-страна. Доколку знаете за некои други попусти кои се веќе започнати, слободно наведете ги.
Исто така, ќе одите ли? Ќе купувате ли нешто?