jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
http://www.mkd.mk/svet/vesti/frankfurt-vo-plamen-shto-e-dvizhenjeto-blokjupaj-fotovideo#1
Меѓународното движење Блокјупај (Blockupy), чии активисти денес, на денот на отворањето на новото седиште на Европската централна банка (ЕЦБ) во Франкфурт организираа демонстрации на кои веќе има голем број повредени и уапсени, е сојуз на лево ориентирани противници на капитализмот во рамки на кои има 90 организации, пишуваат денес германските медиуми.
Ова меѓународно движење бара откажување од строгото штедње и бара, меѓу другото, земјите во криза, како Грција, во иднина да добиваат повеќе пари.
Подгрупа на Блокјупај е движењето Окупирај го Волстрит (Occupy Wall Street), кое во 2011 и 2012 година беше прилично активно во протестите против банките и финансиските организации.
Блокјупај сега формира фронт против ЕЦБ затоа што таа банка ја смета за продолжена рака на меѓународните кредитни доверители.
ЕЦБ, заедно со Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд е дел од таканаречената „тројка“ која го надгледува почитувањето на условите за добивање кредити во финансики проблематичните земји.