Никако не можам да разберам зошто батката упорно лично оди на сите тие средби со западните политичари. Тие што ги влечат конците на западот, одамна покажаа дека не се либат од никакви методи. Сега кога влоговите се оволку големи, повеќе од извесно е дека е можно да му се случи нешто. Има подоста примери, посебно кај разните латино-јужно-американски претседатели и премиери, кои „спонтано„ заболеа (и починаа) од разни канцери.
Го ставаш Владимир Путин во ист кош со покојниот Хуго Чавез и со Кристина Фернандез де Киршнер ?
Не ти држи вода споредбата, бидејќи Чавез и Киршнер се одлични примери за најобични неспособници, бидејќи покојниот Чавез беше претседател, а Киршнер сеуште е претседателка, на држави со одлични потенцијали за успешен развој, но кои за жал, денес тонат во сиромаштија.
Венецуела и Аргентина ги имаат истите природни богатства кои ги има и Македонија, со разликата што имаат многу повеќе природни богатства во споредба со Македонија, но истовремено имаат и некои работи кои Македонија ги нема - излез на море, кој им овозможува поморска врска со целиот свет, и нафта, која им овозможува енергетска независност.
Но, неспособноста и лакомоста на венецуелските и аргентинските политичари низ децениите, придонесоа за шарлатани од типот на Чавез и Киршнев да дојдат на власт во Венецуела и Аргентина, исто како што и неспособноста и лакомоста на македонските политичари, придонесоа за ѓубриња од типот на пвеводбениците да дојдат на власт во 2006 година.
Резултатот е ист во сите 3 држави - Венецуела, Аргентина и Македонија - задолжени до грло, народот тоне во сиромаштија, но затоа за власта се е супер, недостига само уште да ни дојдат Спок и вулканците и да ни посакаат да живееме долго и да просперираме.
Путин од друга страна, сака да биде светски лидер, а не уште еден локален автократ и крвопиец како овие во Венецуела, Аргентина и Македонија, па затоа присуствува на сите тие средби со западњаците - за да не можат да кажат дека ја оддалечува Русија од остатокот од светот.
А за неговото здравје ич да не се секираш. Каде и да оди, Путин си носи своја храна и вода, токму за да не се случи нешто непосакувано.