Надворешни односи на Македонија

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.635
Поени од реакции
30.245
Гасовод преку Турциjа е пораз за сите учесници со исклучок на самата Турциjа. Неjкем да сум енергетски зависен от турците.
турците инсистираат да се купувачи и продавачи на гас со Turkish Stream, нема тразит тука.
Ако нема пари за транзит, тогаш нема да има ни транзит. Сето тоа сигурно ќе биде покриено со меѓународни договори.

Иначе сега си енергетски „независен„ па не сакаш да станеш „зависен„?
Австрија, Унгарија, сите други каде ќе проаѓа гасоводот се заинтересирани за самопоразување, според тебе. Ти мора да знаеш нешто што сите други не го знаат. Или не знаеш ништо. Едно од двете е сигурно точно! ;)
 
Член од
17 декември 2012
Мислења
262
Поени од реакции
173
Ќе добиеш поефтин гас или во најлош случај како сега,која ти е таа зависност? Ако решат другите земји да проаѓа ќе пројде и тука,за што не се продале нашиве за ова проблем ќе е.
Како ке биде поефтин гасот? Наместо Русиjа -> транзитни држави -> купувач ке имаш и Турциjа за посредник. Сакаат турците - ке ти продадат гас, не сакаат - нема гас.

Иначе сега си енергетски „независен„ па не сакаш да станеш „зависен„?
Австрија, Унгарија, сите други каде ќе проаѓа гасоводот се заинтересирани за самопоразување, според тебе. Ти мора да знаеш нешто што сите други не го знаат. Или не знаеш ништо. Едно од двете е сигурно точно! ;)
Очигледно мислам дека зависен од русите е подобре од зависен од турците.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.843
Поени од реакции
17.647
Како ке биде поефтин гасот? Наместо Русиjа -> транзитни држави -> купувач ке имаш и Турциjа за посредник. Сакаат турците - ке ти продадат гас, не сакаат - нема гас.


Очигледно мислам дека зависен од русите е подобре од зависен од турците.
Моментално не сме зависни од никој,до Македонија нема гасовод. И Русија и Турција сите може да ни го јадат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.635
Поени од реакции
30.245
Енергијата што не доаѓа по гасовод, не не прави „зависни„, ама таа што иде по гасовод не прави зависни... :rolleyes:

Цената на гасот е однапред одредена преку меѓународни договори. Сигурен сум дека во договорот меѓу Русија и Турција, нема клаузула со која Турците можат самостојно по кеиф да го исклучуваат гасот или да менуваат цени како им е кеиф.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
Не бе пријател, ги мешаш малку лончињата.
Гасоводот не е можност, туку гасоводот е дефакто ЕВТИН ЕНЕРГЕНС. Нешто што е императив за секоја економија. Понатаму грешиш што гасоводот го ставаш како пречка за членство на ЕУ. Пак ќе ги спомнам Германија, Франција, Белгија, Холандија, дури и Британија, и цела западна Европа... Зарем за нив с’ркањето евтин гас од Северниот Поток е пречка за нивното членство во ЕУ??
Остај ти реториката на ЕУ, ако имаат интерес да не примат ќе не повикаат - без разлика дали мене тоа не ми се допаѓа, или на тебе ти се допаѓа.

Единствен реален проблем е примерот со Украина што го посочуваш и потенцијалот за војна со кој мафтаат Америте и нивниве локални сојузници - немој да сметаш дека пријателов Пуно не го зборува тоа што Албанците генерално го мислат.
Не ни помислувам дека е можно Македонците да се судрат меѓу себе, ама втората опција - етничките судири, тоа секогаш виси во воздух. И ќе виси - како можост за дестабилизација дури и да сме членки на НАТО (скраја да е), се додека не се одземе нелегалното оружје - нешто што очигледно на сите Албанци им смета, а ете тоа можеш да го заклучиш и според ставовите на Пуно.

Но во оваа очајна економска состојба во која сме сега, зарем ќе дозволиме да испуштиме ваква монументално голема шанса... заради нешто што најверојатно е само блефирање (дури и газолижачката ЕУ нема да дозволи војна во сред Европа).
Абе пријател,ти или не го читаш тоа што го цитираш,или со сила се правиш улав.Врска нема тоа што го цитираш и го вадиш од контекст,со тоа што го одговараш..Зошто го правиш тоа,незнам,ама свесно го правиш,со намера,не си толку глуп за да не ја разбереш поентата на тоа што го пишував.

Не те мислев за ваков..
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.635
Поени од реакции
30.245
Абе пријател,ти или не го читаш тоа што го цитираш,или со сила се правиш улав.Врска нема тоа што го цитираш и го вадиш од контекст,со тоа што го одговараш..Зошто го правиш тоа,незнам,ама свесно го правиш,со намера,не си толку глуп за да не ја разбереш поентата на тоа што го пишував.

Не те мислев за ваков..
Не знам зошто мислиш дека ги вадам работите од контекст.
Ти го споредуваше гасоводот и членството во ЕУ, како можности за развој. Јас со тоа не се согласувам затоа што гасоводот не го гледам како можност туку како дефакто извор на евтин енергенс. Понатаму ти објаснив дека гасоводот и членството во ЕУ не ги гледам како работи кои се исклучуваат една со друга. Цела Европа е на руски гас, па истовремено се и членки на ЕУ. Сулудо и непродуктивно е ние што не сме ни членка на ЕУ да идеме против сопствените интереси.

Не знам каде ти во сето тоа гледаш вадење од контекст, тоа што не ти го цитирав целиот пост за да го нагласам делот со кој не се согласувам. Ама ако сметаш дека навистина не сум те разбрал, па ете пробај некако поедноставно изрази се...
А ако во делот за Украина бев конфузен, еве да се дообјаснам: Твојата теза е дека Украина имаше евтин гас, ама ете не е држава со добар стандард за живот. Се што јас реков е дека, во Украина тоа што имаа евтин гас, можеби не ги направи држава со добра економија, но не дека евтиниот гас им ги направи работите полоши. Тоа што апла им ги влоши работите, е фактот дека денес таму има војна. Е, а војната им ја направија Америте, кога насилно ја сменија демократски избраната власт. Така да, мене ако ме прашаш - токму твојот пример не е фер. Имплицира дека и кај нас може некој да ни направи војна, ако не „слушаме„.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
Еве го првиот пост,се е кажано во него
Не гасовод,10 гасоводи да изградат,не ЕУ,во САД да не примат,ако продолжиме со вакво раководење на државата,нема да се управиме.

Примерот со Хрватска ти беше одличен,не протече мед и млеко кај нив кога станаа членка на ЕУ,ама од друга страна,во Украина има гасоводи од памтивек,па ни кај нив никогаш не протекло мед и млеко.

Инаку,тезата за дестабилизација на Македонија поради најавениот гасовод ми е ептен танка.Па нашиве се толку болни за власт,што да им речат,објавете и војна на Русија,ќе ви помогнеме да останете на власт до кога сакате,уште утре ќе го направат тоа.
Ајде,еве и ќе дообјаснам.
Така да, мене ако ме прашаш - токму твојот пример не е фер. Имплицира дека и кај нас може некој да ни направи војна, ако не „слушаме„.
Каква војна,какви бакрачи,ако не сакаат Американците да мине тој гасовод низ Македонија,ќе му го кажат тоа на Грујо&фамилија,и нема да мине.Не само што нема да се спротистави фамилијата,туку ако треба и ќе се напупат сите,да им го бапнат по еднаш,а после ќе прашаат да не треба и војна да и објават на Русија.


Сеа се разбираме ли?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.635
Поени од реакции
30.245
Веќе анализирав можност за ваква варијанта на настаните. Да не пишувам пак, еве ќе се цитирам:
Епа за тоа сме тука ние, гласачите, да ги казниме на следните (сеедно дали вонредни, или редовни) избори, ако не ја спроведат нашата јасно изразена волја: изградбата на гасоводот.
Мора да се освести народот, дека (барем донекаде) гласовите се моќ. Треба паметно да се употребат... а не навивачки, изборите не се фудбалски натревар.

Одлука за одбивање да се изгради гасоводот, може да ги прогања и во иднината, во повеќе изборни циклуси (како сегашнава ФИРОМ кованица/акроним што до ден денес ја плаќа - и ќе ја плаќа, одредена партија). Тоа е можеби пострашно и од заканите на америте.
Кој и да дојде/остане на власт, сметам дека поверојатно е дека во најмала рака ќе оди на спроведување на референдум (со цел потоа истиот да се намести, слично како што беше за територијалната поделба на општините).
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.686
Поени од реакции
26.208
Еве Руски аналитичар:
http://makfax.com.mk/analizi/a-korbiko-makedonija-pobedi-vo-napadot-na-stranska-spionaza-i-se-bori-za-svojata-ekonomska-idnina-so-balkanskiot-gasovod

Без да се навлегува во деталите, аналитичарот накратко кажува дека на Русија(а со тоа и на Турција) не и одговара она што го прави опозицијата, тоест политичката дестабилизација.

Еве ја цела статија:
А.Корбико: ’Македонија победи во нападот на странска шпионажа и се бори за својата економска иднина со балканскиот гасовод’

„Македонија е клучната земја во поврзувањето на остатокот од Балканот со предложениот гасовод на Русија и економскиот коридор на Кина од Грција спрема Унгарија. Груевски е доволно прагматичен да работи и со двете големи сили на актуализирање на овие проекти, додека Заев целосно би ги отфрлил овие планови само за да ја задоволи волјата на своите надворешни поддржувачи.“изјави Андреј Корбико, руски аналитичар за програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце.

Во продолжение аналитичарот додава дека „Ова е суштината на прашањето“, вели Корибко. „Проектите на Русија и Кина имаат потенцијал економски да ја трансформираат Македонија и повторно да ја откријат земјата како мост меѓу Истокот и Западот, Северна Европа и Јужна Европа.“ Тој продолжува со забелешката дека „Визијата на Груевски за земјата е таа да се вклучи во мултиполарноста и рамнотежата меѓу сите страни во полза на Македонија, додека Заев сака надворешната политика на земјата да им ја подреди на надворешните актери и да ја приватизира економијата во нивна корист“, истакнува тој.

Осврнувајќи се на интересите на Заев, Корибко забележува „Самиот Заев е ништо, оној и она што стои зад него е сè.“

Токму сега, вели Корибко, Македонија е во средината на осмислена „обоена револуција“, при што Заев неуспешно се обидува да ги изведе Македонците на улица за да го претвори Скопје во Киев.

„Што мислите, зошто тој го испланирал својот прв голем протест на 22-ри февруари, на годишнината од украинскиот државен удар?“ прашува Корибко. „Тој испраќа порака дека ако премиерот Груевски на капитулира пред шпионската уцена, тој ќе ја претвори Македонија во Украина, со сите импликации на граѓанска војна што ги повлекува тоа“, заклучи рускиот аналитичар

Познатиот руски аналитичар, кој работи за американксото радио Спутник, во интервјуто за „Гласот на народот“ натаму појаснува„Всушност, неодамнешните откритија докажаа дека Верушевски и неговите заговорници конкретно разговарале за можноста нивните планови за државен удар да ја втурнат земјата во граѓанска војна, пa, сепак, одлучиле во секој случај да продолжат со нив. Корибко вели дека без оглед на тоа како ќе се реши кризата, Заев веќе им нанесе сериозна штета на економијата и угледот на Македонија. Со дестабилизација на состојбата во земјата, Заев ги одбива многу потребните странски инвестиции. Непознавачите, кои не ја разбираат ситуацијата целосно, сега имаат впечаток дека Македонија е земја на работ на политички колапс, а кога мислат дека е во очајна ситуација, тие ќе ја третираат со помалку достоинство и почит“.истакнува,Корбико. Во врска аферата „Пуч“, рускиот аналитичар ,дискутираше за причините што стојат зад обидот за државен удар во земјата. Корибко верува дека CIA и NSA имаат алтернативни членови на опозицијата и поранешни припадници на разузнавачките служби за креирање на „обоена револуција“ во насока на соборување на премиерот Груевски.Но, во тоа нема да успеат бидејќи е јасно дека македонскиот народ верува во премиерот Груевски како и неговите заложби за македонската перспектива..оценува Корбико.

Околу, новата афера и тајната средба на лидерот на СДСМ Заев со Претседателот на ДИК, Рилковски и со судиката Виолета Дума кои се составен дел на ДИК и делигирани преставници на СДСМ во ДИК, аналитичарот коментираше де во моментов Заев „го ескалираше обидот за ’обоена револуција’ со тоа што тајно се состана со членовите на изборната комисија. Тој притиска да се поништат резултатите од последните избори и покрај фактот што тие се меѓународно признати. Тој се обидува да создаде вештачка изборна криза“, вели Корибко и додава дека тоа „би можело да доведе до предвремени избори кои тој и неговите приврзаници може да ги лажираат. Ако не можат да ги украдат гласовите, за својот пораз ќе ја обвинат владата за ’местење’ и тоа ќе го искористат како сигнал за покренување на „обоена револуција“ со полна сила“ Конечно, заклучува Корибко, Заев и силите зад него сакаат да ѝ го променат уставното име на Македонија, што потоа целосно би го променило нејзиниот идентитет.

„Исто како што Турчинов, Јаценјук и Порошенко радикално го променија идентитетот на Украина во кусото време во кое беа на власт, така и Заев и неговите партнери ќе ѝ го направат истото на Македонија, доколку успеат со државниот удар. Никој веќе не ја препознава старата Украина, таа неповратно е претворена во сосема поинаков ентитет денес. Ваква иста судбина на хипер-приватизација, економски колапс, и граѓанска војна ја чека Македонија ако Заев ја преземе власта, и тоа ќе биде крај на земјата што светот ја познава во моментов, со еден збор: Македонија победи во нападот на странска шпионажа се бори за својата економска иднина со балканскиот гасовод...“, изјави Андреј Корбико, руски аналитичар за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ на ТВ Сонце.
 
Последно уредено:
?

..........

Гостин
Нели смета модератотот дека треба да ја избрише и оваа наводната анализа на рускиот аналитичар во која се говори за внатрешната политика партии лидери на партии судии и државни комисии, се коси со правилата на форумот..

Зошто ако земаме да ја анализираме ке треба да разправаме за внатрешната политика, која е забранета на форумов..
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Нели смета модератотот дека треба да ја избрише и оваа наводната анализа на рускиот аналитичар во која се говори за внатрешната политика партии лидери на партии судии и државни комисии, се коси со правилата на форумот..
Зошто ако земаме да ја анализираме ке треба да разправаме за внатрешната политика, која е забранета на форумов..
Надворешните странски оценки на внатрешно-политичката сцена се дозволени и ја отсликуваат позицијата на Македонија во меѓународните односи и интересите на големите сили кои овде се судруваат.

Во анализата никаде не се бара ваша расправа за внатрешната политика, затоа не гледам причина да се избрише, а вие треба да си знаете 'до каде ви е чергата' и да не се испробувате во пронаоѓање можности злоупотреба на моментот.
Жалам за вашите постови, но нема потреба од пазарење околу темите кои сами добро знаете дека нема да бидат дел од дискусиите.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.843
Поени од реакции
17.647
Обрнете внимание на овие делови:pos:Класика мора и името да ни го сменат Американците,каков гасовод името е клучната точка за натегање меѓу Русија и Америка. Добро озбилно верувате на ваква ефтина пропаганда, Американците ќе ја бутаат власта преку Заев а не преку нивните војничиња Албанци?

Никој веќе не ја препознава старата Украина, таа неповратно е претворена во сосема поинаков ентитет денес. Ваква иста судбина на хипер-приватизација, економски колапс, и граѓанска војна ја чека Македонија ако Заев ја преземе власта, и тоа ќе биде крај на земјата што светот ја познава во моментов, со еден збор: Македонија победи во нападот на странска шпионажа се бори за својата економска иднина со балканскиот гасовод...“, изјави Андреј Корбико. (Изглеа гасоводот ќе се телепортира преку Бугарија и Грција па ние сме клучната земја)
Конечно, заклучува Корибко, Заев и силите зад него сакаат да ѝ го променат уставното име на Македонија, што потоа целосно би го променило нејзиниот идентитет.
Корибко верува дека CIA и NSA имаат алтернативни членови на опозицијата и поранешни припадници на разузнавачките служби за креирање на „обоена револуција“ во насока на соборување на премиерот Груевски.Но, во тоа нема да успеат бидејќи е јасно дека македонскиот народ верува во премиерот Груевски како и неговите заложби за македонската перспектива..оценува Корбико. (Парите што се перат во Белизе се дел од таа преспектива)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.635
Поени од реакции
30.245
(Изглеа гасоводот ќе се телепортира преку Бугарија и Грција па ние сме клучната земја)
Што ти е поентата со гасоводот?
Бугарија испадна од проектот кога им ја сменија владата и се откажа проектот Јужен Поток. Грција, исто како и Македонија е дел од трасата на новиот проект за гасоводот (Турски Поток). Грција, исто како и Македонија (и Србија, Унгарија, Австрија) сите ќе бидат подложени на поголеми или помали притисоци за откажување на од изградбата на новиот гасовод.

Ако авторот на текстот заради публицитет се одлучил да не нарече „клучна земја„, во што си па ти подобар со твојава шпекулација дека гасоводот нема да се гради во Грција? Или можеби знаеш нешто што ние не го знаеме?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.843
Поени од реакции
17.647
Што ти е поентата со гасоводот?
Бугарија испадна од проектот кога им ја сменија владата и се откажа проектот Јужен Поток. Грција, исто како и Македонија е дел од трасата на новиот проект за гасоводот (Турски Поток). Грција, исто како и Македонија (и Србија, Унгарија, Австрија) сите ќе бидат подложени на поголеми или помали притисоци за откажување на од изградбата на новиот гасовод.

Ако авторот на текстот заради публицитет се одлучил да не нарече „клучна земја„, во што си па ти подобар со твојава шпекулација дека гасоводот нема да се гради во Грција? Или можеби знаеш нешто што ние не го знаеме?
Зашто сме пренебитна земја што лесно ќе се стави под контрола за разлика од Грција (од каде што првично треба да пројде) и Србија(најголем нивни сојузник). Тешко ви е да признаете дека сме сојузник на Америка,и тоа нема врска дали Вмро или Сдсм е на власт. Ако Америка притисне нема да се гради и тоа е тоа, Груевски попушташе за далеку попопулистички работи како амнестијата за учк така да ако го притиснат и од внатре(Албанците) и од надвор ќе попушти без Заев или кој било да се меша.

Иначе зашто се фати за таа реченица,од цел мој пост. Анализирај го целиот текст и кажи ми дека не е кооперациска глупост,кој е интересот на Америка да бута влада за Заев името да го смени?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.635
Поени од реакции
30.245
Тежок дефетизам шириш @Dimitar171. Можеби кај мене буди само нагон за дефецирање ама претпоставувам дека некои и озбилно ве разбираат - пошто многу ве има што вака зборувате.

Па и за јужен тек потпишавме договор за соработка иако се правеа притисоци на сите нивоа - Македонија да се откаже од својот крак. Иако бевме само слеп продолжеток и никаква важност немаше нашата одлука, дали ќе се гради или нема да се гради гасоводот.
Ниту војна се случи, ниту небото падна.

Мене во нашава ситуација не ме интересира ни САД ни Русија, ме интересира економија и стандард на живеење.

И за крај - дај бе остави ги на страна тие партиски бљувотини од реторика.
Повеќе пати повторувам: кој кажа дека на следниве избори мора да гласаме за било која поголема партија, посебно зошто мора да гласаме за двете најголеми партии - ако не нудат програма која вклучува изградба на гасоводот. Ако народот е свесен што е потребно за подобра економија и подобар стандард, други ќе бидат работите. Треба да се бараат конкретни работи од кандидатите за вашиот глас. Така се прави здрава држава. Не со фудбалско навивање. Изборите не се фудбалски натревар, и наместо ступидно навивање пред гласањето треба да се бараат конкретни работи во програмата - па потоа да се гласа.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.843
Поени од реакции
17.647
Самиот текст погоре е партиска бувљотина,ако ти по толку исчитани анализи на други сајтови не можеш да ја видиш пропагандата само зашто е напишана од Рус тогаш нема што да збориме понатака.

Ти навиваш другар а не глеаш реално на работите.Ја можам 10 причини да ти набројам зашто мислам дека Македонија е под глема контрола на Америка и ЕУ,колку можеш ти за Русија? Сам си одговори за Јужниот тек,небитна била нашата одлука.Не знаеш колкав бил притисокот ни вака,а ниту колкав ќе биде ако одлуката имала важност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom