Надворешни односи на Македонија

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.096
Инвестицијата во градењето на амбасадата... Дај уозбили се @Samurai_Sk :)
Овде зборуваме за многу поголеми работи од една амбасада. Милион поголеми работи се наведоа погоре, ти за чинењето на амбасадата ни раскажуваш приказни. Чинењето само на нашиот дел од гасоводот Турски Тек ќе чини милиони пати повеќе од таа амбасада, а замисли колку кошта целиот гасовод од Азија до централна Европа.

Колку чинела америчката амбасада бе... со кој правиме ние тука муабет. :rolleyes:
 
Последно уредено:
S

Samurai_Sk

Гостин
Муабетот ми беше дека не случајно е изградено таква амбасада ако воопшто фунцикјата на тој објект е само амбасада, зошто во другите балкански земји немаат тавки амбасади? Тие сигурно знаат многу повеќе од нас што ке биде како ке биде за во иднина, кој нормален би се решил да изгради ако местото не ветува сигурност,стабилност за во иднина.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.096
Многу си наивен пријателе. Еден мал отварач за очи: погледај колкави инвестиции влегоа од САД во Украина, пред цивилната војна која сега ја води марионетската влада поставена од САД.
Невидени пари и инвестиции се тоа, спрема кои парите што амбасадата во Скопје се ништо, но цивилна војна во Украина сепак ИМА веќе подоста време. Иди прашај ги сега зошто вложувале толку пари а сепак направија и цивилна војна... за да ја спречат Украина да се приклучи кон ЕвроАзискиот Економски Сојуз.

Имаа они амбасади и во Југославија, Либија, Ирак, итн... па пак ги бомбардираа кога требаше. Не биди смешен. :)
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Добро, можеби не ја разбирам политиката толку,ти така претпоставуваш но не значи дека си право, јас не треба да бидам наивен но и ти не треба да бидеш тврдоглав на крај на краиштата ни мене ни тебе никој не не прашува
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.096
Затоа сме во вакво дереџе дојдени во државава... пошто народен слоган ни е: „Трпи Трпе - ни мене ни тебе никој не не прашува„.
Епа со ваков став, тоа е тоа - трпи и ќути. Или па еј, можеби и не мораш да клечиш и да трпиш а? Зошто гласно да не го бараш го тоа што сметаш дека и треба на оваа држава?
Во случајов тоа е изградбата на гасоводот - кој не само што ќе донесе многу поевтин гас и наплаќање такси за траснфер на гас кон Европа... туку ќе донесе и многу работни места, посебно во процесот на изградба кој секако ќе потрае и ќе ангажира многу градежни фирми и цела една локална логистика и инфраструктура.

Тоа што ти го кажувам е дека нема таква власт која ќе смее да игнорира барање од целата популација во Македонија - да се изгради гасоводот. Ама ако луѓето се такви мулиња со „ни мене ни тебе никој не не прашува„ став, тогаш тоа е тоа - ги заслужуваме сите страња што ни се случуваат. Замарајте се со позиција-опозиција играта, додека иднината ни проаѓа пред очи. (и си оди во п.м.)
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Сега ти испаѓаш наивен, мислиш дека народот има авторитет,моќ да смени нешто?Земјите секогаш биле предводени под хиерархиски систем, група на луѓе кои биле рангирани на највисока посиција тие одлучиле како ке биде што ке биде,никогаш не ги прашуват тие од подолните посиции за нивните мислења, тие само треба да си ја вршат работата и да не прашуват многу, всушност се така функционира.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.096
Ако јас сум наивен, тогаш што те прави тебе ова? Дефетист?

Нема потреба да го објаснуваш хиерархискиот систем, разбери дека овде зборуваме за општество кое е дојдено до долната економска граница на едно нормално живеење. Во ситуација кога се работи за нешто што драматично ќе го подигне стандардот на живеење - потребно е национално надпартиско единство и јавен став кој јасно и недвојбено ќе каже дека народот бара да се изгради гасоводот. Тотално ми е сеедно кој ќе биде на власт утре во државава, се додека обезбедат изградба на гасоводот - и со тоа значително подобар стандард за живеење. Подобар живот за сите, а не само за паразитите на (и окулу) власта.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.590
Поени од реакции
5.188
Муабетов овде што се прави... Сите знаеме кој стоеше позади војната во Македонија. Но сега муабетот е „ДА АМА МОЖЕБИ ОВОЈПАТ РУСИЈА САКА НЕСТАБИЛНОСТ„.

Ај малку риалити чек. Кој ја бомбардираше Југославија, Русија ли ја бомбардираше Југославија... или можеби НАТО (каде знаеме кој ги влече конците). Кој ја бомбардираше Либија? Кој направи инвазија во Ирак, Авганистан, итн? Кој постави марионетска власт во Украина - власт која беше нелегитимно избрана и власт која носеше такви одлуки со кои не се согласуваше целото население (и затоа сега се бунтува/отцепува)? Кој поттикнува цивилна војна во Сирија, кој прави обоени револуции низ цел свет, Русија?

Русија има други методи. Русија има природни ресурси, гас, нафта, метали, минерали, технологија... Тие влијанието го спроведуваат преку економска зависност, ако можеме така да го наречеме тоа. Ама зависноста има два краја - како што другите економски се зависни од Русија, така и Русија еконмски е зависна од другите. Ете ви го примерот со ЕУ, сегашниве санкции против Русија се штетни барем исто толку и за ЕУ.

Поентата е дека методите за влијание на Русија, вклучуваат просперитет на тие со кои се соработува. За разлика од нив, САД се служат со воени и разузнавчки методи... затоа што немаат ресурси. Имаат само една алатка: најсилните воени средства во светот. Знаете, кога од алатките имаат само чекан, се им изгледа како шајки.


Колеги форумџии освестете се малку, барем денес со интернетов ги имате сите информации достапни. Се разбира ако гледате подалеку од разните CNN, NBC, BBC и сличните медиуми. Погледнете колку војни, или воени интервенции, или прикриени акции на службата за разузнавање, имаат САД. Се работи за стотици и стотици одделни случаи, каде секогаш како резултат се добива нестабилност.
Зошто сметате дека овде во Македонија е поразлично? Сметате дека материјалите за бомбите од небо паднаа во дворот на опозицијата? Токму сега, 4-5 години после датумите на снимањата?

Како и да е... Барем мило ми е што не гледам некој да е против изградбата на гасоводот.
Размислете малку повеќе, зарем би му одговарала нестабилност на некој кој сака низ државава да се изведува така голем и важен проект како градење гасовод? Или нестабилност целосно им одговара на тие што сакаат да се спречи изградбата на гасоводот?

CUI BONO?
CUI BONO колку ли селектирано го употребуваш.

Што е разликата помеѓу Северна Кореја и Јужна?
Што беше разликата помеѓу Источна и Западна Германија?
Што е разликата помеѓу Албанија на Енвер со денешната?

Како што можеме да видиме текот кој поминува низ Македонија не е главен, туку спореден, највероватно е слепо. Зошто?
Дали е исплатливо за Русија да се занимава со ваков мал пазар?
Ние можеби ќе добиеме поевтин гас (кое е без гаранција дека нема да се покачи), но што ако економијата е само маска. Што ако утре ќе им текне на русите да исценираат инцидент и да доаѓаат со војска за да заштитат свои инвестиции?

И што викаш ти? Да ги игнорираме преслушувањава, и да ја оставаме власта да изгради гасовод...
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Зборите со личност на кој лажна еквиваленција и донесување заклучоци од неповрзани настани му се единствен начин на дискусија.

Америте направиле војна во Ирак итн итн, логично било и во Македонија да сакаат војна.
Во слично време искачаат бомбиве со актуелизирање на јужниот тек, автоматски значи дека се директно поврзани.

Логика и еквиваленција на 12 годишно дете.

Он ти е како детектив што веќе однапред донел заклучок за тоа кој го извршил убиството, па само гледа начин доказите да го поврзе со неговиот заклучок игнорирајќи се друго поврзано со случајот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.096
И што викаш ти? Да ги игнорираме преслушувањава, и да ја оставаме власта да изгради гасовод...
Мојот (националниот всушност) интерес, не се снимките, туку стандардот на живеење што ќе се подобри со изградба на гасоводот.
Тоа треба да го интересира народот. Нека каже опозицијата, ама јасно и гласно, нека го запише тоа во програмата како ударна точка - ДЕКА СЕ ЗАЛАГА И ЌЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБАТА НА ГАСОВОДОТ - и целиот народ треба да биде свесен и да ги остави партиско-навивачките заглупувања, и во тој случај ДА ГЛАСА ЗА ОПОЗИЦИЈАТА.

Но ако опозицијата не го направи тоа, ако ПОЗИЦИЈАТА Е ТАА ШТО ЌЕ СЕ ДЕКЛАРИРА ДЕКА СЕ ЗАЛАГА И ЌЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБАТА НА ГАСОВОДОТ - и во тој случа целиот народ треба да ги остави партиско-навивачките глупости, и во тој случај ДА ГЛАСА ЗА ПОЗИЦИЈАТА.

Значи не е муабетот позиција - опозиција, муабетот е подигање на животниот стандард и ГРАДЕЊЕ НА ГАСОВОДОТ.

Е ако двете страни се декларираат ЗА градење на гасоводот, тогаш може да гласа кој за што сака и навивачки да пристапува на изборот.


Што е разликата помеѓу Северна Кореја и Јужна?
Што беше разликата помеѓу Источна и Западна Германија?
Што е разликата помеѓу Албанија на Енвер со денешната?
Ова на оваа тема е дигресија и разводнување на дискусијата, тие наведените се политички ситуации настанати непосредно по Втората Светска Војна, а јас цело време зборувам денес и сега, и за тоа дека во нашиот случај економијата МОРА да дојде ПРЕД политиката.

Постави (копирај) ги истиве прашања на некоја друга тема и таму може да го дискутираме и ова, без да дигресираме.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.590
Поени од реакции
5.188
Мојот (националниот всушност) интерес, не се снимките, туку стандардот на живеење што ќе се подобри со изградба на гасоводот.
Тоа треба да го интересира народот. Нека каже опозицијата, ама јасно и гласно, нека го запише тоа во програмата како ударна точка - ДЕКА СЕ ЗАЛАГА И ЌЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБАТА НА ГАСОВОДОТ - и целиот народ треба да биде свесен и да ги остави партиско-навивачките заглупувања и во тој случај ДА ГЛАСА ЗА ОПОЗИЦИЈАТА.

Но ако опозицијата не го направи тоа, ако ПОЗИЦИЈАТА Е ТАА ШТО ЌЕ СЕ ДЕКЛАРИРА ДЕКА СЕ ЗАЛАГА И ЌЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБАТА НА ГАСОВОДОТ - и во тој случа целиот народ треба да биде свесен и да ги остави партиско-навивачките заглупувања и во тој случај ДА ГЛАСА ЗА ПОЗИЦИЈАТА.

Значи не е муабетот позиција - опозиција, муабетот е подигање на животниот стандард и ГРАДЕЊЕ НА ГАСОВОДОТ.

Е ако двете страни се декларираат ЗА градење на гасоводот, тогаш може да гласа кој за што сака.



Ова на оваа тема е дигресија и разводнување на дискусијата, тоа се политички ситуации а јас цело време зборувам за тоа дека во нашиот случај економијата МОРА да дојде ПРЕД политиката.

Постави (копирај) ги прашањава на некоја друга тема и таму може да го дискутираме ова без да дигресираме.
Друже стандардот ќе ни се подигне ако се зачлениме, така само под нивна обзервација имаме можност да градеме институции кои нема да бидат коруптивни. Џабе, 100 гасовода да се градат пак ќе талкаме во место, ќе ги крадат тие пари, како што испокрадоа се фабрики и државен имот. А знаеме каков е стандардот во запад и исток. Знаеме какви прироритети има западот и истокот во однос на стандардот на живеење.
Примерите ти се наместо, се одговор на твоето тврдење каде викаш дека каде Русите имаат влијание таму тече мед и млеко. Ако не сакаш дигресии не спомнувај Либии, Ирак или Сирии.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Тоа и приметив кај него, типот е убеден дека Русија нуди рај, и се ке биде одлично само гасоводот треба да се изгради.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
CUI BONO колку ли селектирано го употребуваш.

Што е разликата помеѓу Северна Кореја и Јужна?
Што беше разликата помеѓу Источна и Западна Германија?
Што е разликата помеѓу Албанија на Енвер со денешната?

Како што можеме да видиме текот кој поминува низ Македонија не е главен, туку спореден, највероватно е слепо. Зошто?
Дали е исплатливо за Русија да се занимава со ваков мал пазар?
Ние можеби ќе добиеме поевтин гас (кое е без гаранција дека нема да се покачи), но што ако економијата е само маска. Што ако утре ќе им текне на русите да исценираат инцидент и да доаѓаат со војска за да заштитат свои инвестиции?

И што викаш ти? Да ги игнорираме преслушувањава, и да ја оставаме власта да изгради гасовод...
Дали тоа ти рече "да ја оставиме"???? Во смисла "треба/пожелно е/ ќе сториме се за да ја спречиме"??
Ако е така, едно ми стана јасно, дека ти не си застапник на македонските националните интереси. Не може бе, да се противиш твојата земја да добие на значење, да добие енергетско поврзување така како што е тоа норма во современиот свет.
Друго, "слепо" може да биде само твоето гледање на работите (поради етно-егоистични причини), бидејќи текот кој нагаѓаме дека има можност да поминува низ Македонија не е спореден, и неговата основна цел не е снабдувањето на Македонија туку на централна Европа.
А што ако Америка и НАТО инстукторите (со помош на албанските милитанти) не "заштитуваа" 2001 година и без постоење на руски гасовод? Каков ќар ние видовме од тоа?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.849
Поени од реакции
34.096
Јас не се согласувам со тебе Пуно.
Не велам дека овде кој и да биде на власт нема да краде, туку дека ова со гасоводот фундаментално ќе ги смени работите. Крадат и сега ама енергенсите се скапи, ќе крадат и тогаш после изградбата на гасоводот, ама тогаш ќе имаме многу поевтин енергенс и за индустријата и за обичните корисници.
Разликата е евтин наспроти скап енергенс. Да не правиме сега разводнување на темата со дигресии кон други аспекти на ситуацијата.

Впрочем зошто Германија и Западна Европа не го затворат својот гасовод - Северниот Поток, ете заради „спречување на руските интереси„ и во знак на солидарност со нас во Јужна и Источна Европа?
Можеш ли искрено да ми одговориш на ова @puno ?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.452
Поени од реакции
17.896
Зошто многу едноставно, Русија веќе нема никакво влијание врз Балканот дури и Србија и сврти грб, само замисли пред 25 години скоро целиот Балкан беше проруско, за само 25 години ти да изгубиш такво влијание врз таков важен регион е премногу,гневот е голем и нормално дестабилизација му одговара на оној што изгубил.Но дека некој ке има упсех да создаде дестабилизација овде не верувам,јасно е дека во Балканот ке нема војни,тензи подолг период можеби после 50 години нешто ке се смени во тој поглед со промена на демографија,глобалната политика,економија,интересите на големите сили.
Кардинален превид е ставот дека Русија го изгубила своето влијание на Балканот, а уште помалку своите интереси за истиот. Можеби влијанието на Русија е значително опаднато од времето на распуштањето на Советскиот Сојуз, но Русија никогаш не се и не би се откажала од едно волку значајно стратешко подрачје како Балканскиот Полуостров, преку кој бара излез на т.н. топли мориња. Со најавата за изградба на Турскиот тек, Русија, овојпат заедно со Турција, најавува враќање на голема врата на Балканот во контекст на нивните интереси овде.

Во моментов на Русија најмалку и одговара дестабилизација на регионот и евентуално загрозување на овој голем проект, вреден неколку милијарди евра, кој доколку се оствари, а прашање на време е кога ќе се случи тоа, уште повеќе ќе ги зацврсти нејзините позиции и нејзиното влијание. Тоа на одредени структури секако дека не им одговара и е нивниот голем кошмар, затоа што не помина долго време од нивното шурување со ѓаволот и авантурата наречена албански романтизам-националшовинизам, сон кој не издржа ни 20 години. А секој сон има цена, дури и тој неостварениот. И разбирлива е твојата нервоза и твојата мантра овде, која ни ја презентираш на форумов. Сето ова што се случува е само продолжение на заострување на односите помеѓу Русија и Западот, предимно САД, а ќе видиме дали ќе успее Европа конечно да се тргне од сенката на политиката на својот поголем брат и почне да води самостојна политика водејќи се пред се од своите интереси. И за ова има некои најави, иако е рано сеуште да говориме за ова. Ако во нешто сум сигурен во однос на политиката, поточно геополитиката, тоа е дека таму не постојат случајности.

Ја спомена Србија, веројатно немаш претстава за силната проруска ориентираност на народот кој е згрозен од полтронистичката политика на своите водачи. Србија и свртела грб на Русија:)[DOUBLEPOST=1426162843][/DOUBLEPOST]
Муабетот ми беше дека не случајно е изградено таква амбасада ако воопшто фунцикјата на тој објект е само амбасада, зошто во другите балкански земји немаат тавки амбасади? Тие сигурно знаат многу повеќе од нас што ке биде како ке биде за во иднина, кој нормален би се решил да изгради ако местото не ветува сигурност,стабилност за во иднина.
Да, имам чуено дека под амбасадата чуваат нуклеарно оружје:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom