?
..........
Гостин
Добро значи јас ја разбирам твојата теза, дека ако овие другиве држави се договорат америте ке ја притиснат Македонија или ќе ја дестабилизират за да го оневозможат градењето на тој гасовод..Интересни анегдоти раскажуваш. Ама актуелниве настани ги демантираат сите што до сега кажуваа „абе на кој му е важна Македонија бе, мали сме ние„. Не дека не беа делумно во право. Но ете излезе дека големите сили навистина се СЕКАДЕ инволвирани, ако за ништо друго тогаш затоа што никогаш не се знае што и кога може да затреба за нешто.
Тука грешиш, кога кажуваш дека „Грција Турција Србија Австрија Унгарија Италија„ ако решат дека гасовод ќе градат ... тогаш Македонија нема збор во изградбата. Има, на жалост (само за овој случај зборам) право да одбие... и тогаш другите ќе мора да бараат како гасоводот да ја заобиколи Македонија.
Ланецот е силен колку што е силна наслабата алка. Една земја ако се откаже, цел гасовод паѓа. Ова веќе се случи, кога Бугарија се откажа (откако по „обоени„ протести, падна владата и новата влада експресно брзо се откажа од учество во Јужен Тек).
П.С. Не спомнувај имиња на политичари, пошто муабетов ќе отиде во политичко прекпукување а знаеш дека домашна политика е забранета: ќе ни ги избришат коментарите, а можеби и темата ќе ја заклучат времено.
П.П.С Добро прашање, кое и други погоре го повторија: Зошто сега пукаат „бомбите„? Во 2010та, 2011та се снимани... ама тек сега излагаат во јавност снимените материјали. Зошто токму сега, а?[DOUBLEPOST=1426103630][/DOUBLEPOST]
^^
Ова!
Со тоа што би додал дека иако целта не е смена на власта, дека тоа не е примарна цел... Ни тоа не е исклучено, ако е потребно за да се оствари целта: стопирање на гасоводот.
Како што вели и пријателот Пуно, и крв може да падне ако затреба (да се заштити демократијата и западните вредности). Претпоставувам знае за што зборува.
прво: Зошто америте им е потребно да падне ваква тоталитарна власт која контролира се во државата ако сакат да го постигнат тоа? америте можат власта да ја фатат за јајца односно да му пуштат морковче и да си ја контролират како сакат, па дури и да ја натерат да не одобри изградба на тој гасовод низ државава...... јас да сум на место на америте оваа ситуација би ми била најлогична и најповолна 100% сигурна варијата за нив..
второ: Ако веќе прават дестабилизација, зошто америте не играт на веќе проверената карта “борба за човекови права“?
трето: на кој начин објавување на доказни материјали за корупција, криминал, злосторничко здружување, кршење на човекови права, местење избори, озурпирање на институции, озурпирање на медиуми притисок и заплашување на јавноста од страна на една група луге кои владеат е лошо за државата и народот во неа?
четврто: како сте вие сигурни дека прислушкувањето го вршеле надворешни служби, а не земате во обзир дека тоа го правела власта, и дека сега материјалите им се испаднати од заштитната кутија....
Одговори ми на овие прашања, зошто јас навистина незнам на кој начин објавување на криминални дела и активности од страна на власта и злоупотреба на сопствениот народ е штетна за топј истиот народ и држава..