Штета е што вака паметни моми имаат ваков начин на размислување, освен ако не се спрдаат на темава

Додуша и не е некое изненадување, ретки се оние што мечтаат сеуште по принцот не бел коњ, сега принцовите во белото ферари, со белата јахта и белата компанија на неговиот татко се во мода

На темава имам некакво мислење како и повеќето од машките во темава, кои за жал се окарактеризирани како гревови без мозок и пари

Јебига, не секој имал среќа да му падне лажичката во медот кога се родил...
Ниту на прв состанок, ниту на втор, ниту на било кој состанок не сум се замарал со тоа да ја платам цела сметка. Си го плаќам мојот дел, и не чувствувам никаква обврска да му платам нешто на некого освен ако не станува збор за ситуација во која тој што е со мене нема многу средства да си го плати својот дел, или пак дошол во кафаната/кафичот/кај и да е по мое инсистирање.
Во врска често сум знаел да купам нешто што сметам дека ќе го израдува партнерот без разлика дали има повод за тоа, да купам јадење и за двајцата, ама никогаш не сум чувствувал обврска да го правам тоа, туку сум го правел од мерак затоа што сум сакал да ја израдувам партнерката.
И не сум очекувал никакви повратни услуги, ниту пак некогаш сум префрлал дека треба да добијам нешто плус, затоа што сум се сетил да спремам некое изненадување или да почастам од време на време.
Си ја знам длабочината на џебот, затоа и кога не сум бил во можност, никогаш не сум се согласувал да одам на бадијалџиски седења преку ден во кафичи, кога ако ми е дојдено до муабет, можам истиот да го направам и седејќи во некое паркче.
Читам дека има и префрлања за некои што не сакале да ја делат сметката при одење во кафана. Ако не сум јадел нешто, нема што да плаќам, затоа пред да нарачаш нешто, прашуваш кој би сакал да дели салата, вино, ракија итн, барем така оди во наше друштво, ама веројатно ние не сме од овој свет

Секогаш знам да додадам пари ако му фалат на некој, да оставам некој денар бакшиш, ама не чувствувам потреба да плаќам заедничка сметка, ако јас сум изел пет ќебапи, сум пиел вода, а другите на масата иждрале пола кило месо со салати и пиеле ракија.
Што е тоа потсмевање дека некои ги броеле парите пред да одат некаде?
Нормално дека ќе ги бројат, заборавате во која држаа се живее, дури и ако си вработен не знаеш дали ќе земеш плата, или дали утре ќе леташ од работа. Ќе броиш пари, ако не изброиш доволно ќе си седиш во паркчиња или на игралишта и ќе пиеш вода од фонтана
Не им замерувам на девојките што бараат финансиска стабилност во животот, па затоа мажите ги ценат според парите, а не според други мерила. Како и повеќето момци, така и повеќето девојки во државава не се родиле во розов свет, па уште откако ќе дојдат при крај на средното образование си го препознаваат примарниот фактор за некој да им биде дечко. Ги гледаат секојдневните проблеми во кои се наоѓаат нивните родители и се решаваат да ги избегнат таквите проблеми на подруг начин. Ако во Македонија за работно место примарен услов е партиска книшка, тогаш за да дојдеш до срцето на поголемиот дел од девојките условот е да им гарантираш (финансиски) дека ќе ги извадиш од гомната во кои живееле дотогаш.
Имаш девојки кои се родиле богати и уште од мали се научени дека треба да се дружат со луѓе од нивната класа. Тие се оние кои се сликаат каде стигнат, го шетаат светот секоја година, учат во приватни школи и на приватни универзитети...
Вторите се девојките кои ги опишав погоре, кои во текот на животот сакаат да ги достигнат првите и би се омажиле и за најгрдото и најискомплексирано машко суштество само за да бидат како првите.
Има и девојки кои си работат одлична работа и земаат одлична плата, иако немале добро ситуиран живот од претходно, а за жал и овие што треба да ја знаат маката на еден просечен граѓанин, не ги сфаќаат останатите, се креваат во облаци и они ги напаѓаат богатите момци.
Просечен момак има шанса да фати некоја типка што има длабок џеб и родители кои не летаат во облаци (за жал ретки се ваквите богаташи, затоа и имаат такви снобови од ќерки и синови), па и им контраат на татините принцези кои ги ставив во првата категорија.
За жал и момците се доста искомплексирани, знаат дека со малце подлабок џеб можат да ја легнат секоја, па бидејќи мислат само со курот, некогаш ги разочаруваат и оние искрените девојки.
Јас би рекол ебате светот во кој не постојат фантазери

Ебате животот ако не сум видел мака за да стигнам до нешто, а сум го постигнал со тоа што богатиот партнер ми го купил/подарил само заради длабокиот џеб.
Да бев женско, ќе бев разочаран да живеам живот во кој секој ден дремам на кафиња, шетам низ Европските метрополи за да купувам гардероба, и не сум постигнал ништо друго во животот.
Лесно е да направиш добро тело и истото да му го "продадеш" на некој слепец, и после да уживаш во животот, тешко е да се образуваш, да напредуваш на работни места без ничија помош туку поради твојата посветеност, и да се земеш со некој кој стварно ќе те почитува, па заедно ќе минувате и низ добро и низ лошо.
Ебате животот во кој се ти е достапно и за ништо не треба да се помачиш

Плус врската со некој кој ќе те почитува и е на иста бранова должина со тебе си носи некои свои убавини кои сигурно нема да ги добиете во врските кои ги гледате како ИНВЕСТИЦИЈА.
Штета голема што ваквите размислувања понатаму се пренесуваат на идните генерации и сме дошле до светот во каков што живееме сега...
Попрво би одбрал да живеам од ден за ден со некој кој ме сака каков што сум, отколку да го поминам цел живот во мед и млеко со некој на кого сум му факинг спонзор.